P
PewDiePie
Гостин
Ќе има и такви што одат да бидат видени само,ама да не беа тие немаше ни да се сними филмов а идејата за негова реализација ќе останеше во некоја фиока како последниве 10 години така да прво нив треба фала да им се каже.Премиерата на Трето полувреме во Битола е на отворањето на фестивалот Браќа Манаки и тоа со две проекции веднаш по отворањето во 20:00 и уште една истиот ден во 23:00 кога ке се тргнат гужвите и камерите. Добро што им текнало вака и ние "обичните" луѓе да можи да го гледаме, освен наконтените политичари и слични створења што ке продефилираат пред камери на црвениот тепих колку за да бидат видени дека дошле на отворање во 20:00.
Овде ја имате официјалната програма http://www.manaki.com.mk/web PROGRAMA manaki 210x240_150 dpi koregiran.pdf
Карти за филмов ни за леб а ? Ај ќе чекаме да ги отворат 9-те сали во Сити мол во СК па тогаш друго ќе е.

исто резервираните од претходно можеа да се подигнат, но до утре најверојатно нема да има повеќе, ако не ги докупиле и денес.

се убаво спакувано (само тој дијалектот некако многу модерно ми звучеше, на моменти исто како да слушам муабет направен денес). Но настрана од филмот и вистинските настани по кој е правен мислам дека сите беа свесни за тоа што се случувало во тоа време, дозата на хумор за момент оттргаше од неправдите и ѕверствата, но на одредени сцени неколку пати и морници осетив, а на крајот се прашуваа луѓето еден со друг дали плачеле. Не е до толку дека е тажен филмот туку до фактот дека сцените кои ги видовме, одведувањето на евреите или стрелање до ѕид, за жал биле реалност за многу луѓе.