Ја па си помислив дека се согласуваш со моето мислење...
Чисто сумњам филмот да е признат од сите како зверска акција. Можеш да наидеш на доста асални критичари и гледачи кои нема да се согласат, зошто филмот, реално гледано е со сомнителен квалитет. Едно е јасно, за вкусови стварно не се дискутира.
Со Арни си ме извадил од контекст...Арни е тапа глумец - факт, ама пак во Терминатор глумата негова не ни ја приметив(додуша не ме ни интересираше колку е лош).

Зошто е тоа така? Дека филмот е Тип Топ!
Е за ова со споредбиве ама стварно си у грешка. Предатор како филм не е сам за себе универзум па да не се споредува со ништо. Нормално е да се направи компарација со други акциони филмови (сигурно нема да го споредам со Гордост и Предрасуди или Титаник

) за да видиш што е тоа што ми се свиѓало и фунционирало у другите, а во овој не. Како и за све друго така и кај филмовиве постојат правила и закони што мора да се почитуваат и извршуваат од режисерите, пошо секој од секого позајмува и не постои режисер кој со секој нареден филм ќе измисли топла вода (нешто оригинално и невидено до тогаш).Абе во еден цртан како Incredibles имам уживано, превозбудлив филм, е тоа ти е права акција.
И за крај, не ми се верува дека си хејтер на Black Swan.