Фан Клуб: Вардар

jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.156
Поени од реакции
2.755
Како нема, Тица и брат му се алфа и омега во тимот :D
Клубот е нивни, мада се води дека Еуромилк им се газди (Јорданчо Сребренов) кој е многу близок со Брацо па затоа секаде каде што има удел Еуромилк, се знае дека таму е и Брацо (пример Тетекс и Славија во минатото).
Е сега незнам колку е точно дека овие не се веќе спонзори... Т.е. можно е само Брацо да си отишол, а Еуромилк да останале.
Го видов Брацо на Јужна седеше е сега дали им е уште спонзор незнам..Кој е овој Сребренов мислам дека син му игра фудбал ако е тој за кој мислам мм??
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.921
Поени од реакции
73.321
Го видов Брацо на Јужна седеше е сега дали им е уште спонзор незнам..Кој е овој Сребренов мислам дека син му игра фудбал ако е тој за кој мислам мм??
Сребренов е газда на фирмата Еуромилк, и автоматски им главен спонзор и на тимов. Инаку син му игра во тимот, 92-ра е годиште, а потекнува од школата на Работнички...
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Ни се може бе,затоа и првиот голман го пуштаме да игра како лево крило.:icon_lol:
Потег што не ми доликува на Вардар, па макар се работело за 90 минута! Боби Милевски нека не се понаша како да е на приватен термин со пријателите во некој балон, па да си допушта вакви егзибиции!
 
C

Creating.

Гостин
Мислам дека многу би се сложиле со мене. Без разлика што беше 90 минута, не требаше да влезе голманот. Клуб како Вардар не смее да си дозволува вакви ексцеси. Подобро да влезеше некое дете од младинците, него вака да се бламираме.
 

gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
Мислам дека многу би се сложиле со мене. Без разлика што беше 90 минута, не требаше да влезе голманот. Клуб како Вардар не смее да си дозволува вакви ексцеси. Подобро да влезеше некое дете од младинците, него вака да се бламираме.
Вака било многу по експлицитно, а и понижувачки за противникот.... :pos:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.921
Поени од реакции
73.321
Мислам дека многу би се сложиле со мене. Без разлика што беше 90 минута, не требаше да влезе голманот. Клуб како Вардар не смее да си дозволува вакви ексцеси. Подобро да влезеше некое дете од младинците, него вака да се бламираме.
Епа ги испозајмија сите подобри млади играчи, јас стварно незнам кој ќе ни играат ако ни се повредат не дај боже повеќе играчи. Тимот располага со 20-тина играчи во моментов, и нема никакви други замени.
 

Чичко Кумплунг

деца на транзицијата
Член од
3 декември 2011
Мислења
4.194
Поени од реакции
4.400
Потег што не ми доликува на Вардар, па макар се работело за 90 минута! Боби Милевски нека не се понаша како да е на приватен термин со пријателите во некој балон, па да си допушта вакви егзибиции!
Па немаше друг избор на клупа.Резерва беше уште Јове,незнам него зашто не го пушти,ама сигурно има некоја причина,може некоја ситна повреда.И тоа не е некое оправдување,требало да земе некој од младинци,или некој од Нелоски,или пак Ѓурчиновски.
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Епа ги испозајмија сите подобри млади играчи, јас стварно незнам кој ќе ни играат ако ни се повредат не дај боже повеќе играчи. Тимот располага со 20-тина играчи во моментов, и нема никакви други замени.
Јас ова го напоменав уште пред да заврши преодниот рок и дека Вардар се доведе во ситуација да остане со едвај 18 фудбалери. И сеа наместо вчера да одмораат Илиевски, Цикарски, Таневски, Остоја и ред други, тие непотребно се трошеа против Еуромилк. Која е таа страгетија на клубот, ич не можам да разберам?!
Па немаше друг избор на клупа.Резерва беше уште Јове,незнам него зашто не го пушти,ама сигурно има некоја причина,може некоја ситна повреда.И тоа не е некое оправдување,требало да земе некој од младинци,или некој од Нелоски,или пак Ѓурчиновски.
Не може да ги земе нив двајца зашто се веќе позајмени во други клубови со што губат право на настап за Вардар. Повеќе не е на сила на правилото за двојна регистрација.
Најсмешно ми е оправдувањето на Боби Милевски. Го ставил Захов зашто Ѓешоски побарал замена?! Па шефе, Захов едвај 30 секунди дал пројде на терен... демек прилепчанецот без нозе остана. Поаматерски амин!
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
Јас мислам дека мораше Цикарски да биде заменете, убаво се изнамачи по таа страна.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom