Денеска сум ја доживеал најголемата гужва во мојава историја на возење автобус. Навистина не знам што им беше, да не делеле нешто бесплатно, или пак мора да стигнат негде точно на време. Кога ќе ми текне, колку луѓе останаа некачени по станиците, само за пензионерите да можат да бидат на бит-пазар уште пред тој да отвори. А воедно, овие што се качуваат, дури и пробуваа да купат карти, а тоа нема простор рака да преместиш, а не да се поместиш некаде. Значи, сериозно, кај им доделија денови, па на тие од ЈСП, не им текнало дека БИ ТРЕБАЛО во овие денови да има повеќе автобуси, барем насабајле. Ама што е битно, ко божем некој се вози од нив во автобусите, па знаат со што се соочуваме во вторник/петок.