Очигледно е дека не правиш разлика помеѓу законите кои Творецот и‘ ги дал на материјалната природа и Законот кој Творецот му го дал на човечкиот род. Под поимот „Закон„ се подразбираат 10-те Божји Заповеди, кои се однесуваат исклучиво на човечката духовна, етичко-морална природа и кој (Закон) го регулира човековиот однос кон Бога, кон другите луѓе и кон себе си. Така, духовните закони не подлежат на физичките закони од материјалниот Свет, а важи и обратната ситуација. На пример, гравитацијата не е морален закон и не влијае на мојата одлука за чинеле добро или лошо, исто како што забраната за крадење не е физички закон и не влијае на мојата „прилепеност„ за Земјината површина.
Законите од физичкиот Свет се неменливи, очигледно и искуствено, и кај нив нема „сакам-нејќам„, додека кај Законот Божји, Бог ја претпочита личната слободна волја за практикување на Законот.
--- надополнето: 18 септември 2012 во 10:10 ---
Да, се апсурдни, доколу целосно ја исклучиш човековата духовност и сите нешта ги сведеш на проста физика, во која повеќе владее принудата, т.е. силата, без етика, а не слободната волја.
Денешниот начин на живеење е сведен на просто материјално-телесно живеење, каде духовноста е речиси целосно исклучена па за „модерните„ луѓе, вистината и етичноста станаа релативна категорија.