Кои се Божјите закони?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ipsissimus
  • Време на започнување Време на започнување
„комуњарите„ го истераа Бога од училиштата...
Господ да ги благослови за таквата постапка. Најпаметниот потег што го направиле. :D

Се лажеш: софтверот кој го користам, сиот е легален...:D
Да да и лажам и крадам и по тавани спијам оти ето.... јас сум гнасен Атеист :pos:
 
Треба да наведувам примери, ајде уште овој. Верник со толкав (ц.ц.а. 10 цм) златен крст околу вратот, кој кој ги љуби блиските и си ги почитува заповедите, посебно 10тата. Се полакомил на функцијата на колега (за која патем нема доволни квалификации) и е скаран со целиот колектив. Лицемерие Мики...... Лицемерие. Ништо друго не е „духовноста и нематеријалноста“ кај верниците.

Денешните богослови посочуваат дека нагласеното носење крст околу вратот, може да биде чисто лицемерие...Не гледај толку на златниот крст, туку гледај на однесувањето на носителот на крстот.
--- надополнето: 18 септември 2012 во 14:00 ---
Да на тој и неколку други како него, кои својот капитал го изнесоа од државава. Видиш како си знаел и такви. Прави ти гревови на секој чекор и после искупувај се. Аферим.А другар ти Маркс ти да си го прашаш, бил составен дел на твоето некогашно убедување. Мој не бил никогаш..

Ај не ми се вади од небрано, небаре не си читал и учел марксизам, по педагошка принуда е не по лична желба...:P
--- надополнето: 18 септември 2012 во 14:02 ---
Господ да ги благослови за таквата постапка. Најпаметниот потег што го направиле. :D

Шо убо така, кажи, а? :D Нема Бог, и сега ај некој нека ми каже шо да мислам и шо да праам...
--- надополнето: 18 септември 2012 во 14:03 ---
Да да и лажам и крадам и по тавани спијам оти ето.... јас сум гнасен Атеист :pos:

Хе-хе...
Лошите луѓе, секогаш ја афирмираат својата лошотија...:P
 
Лошите луѓе, секогаш ја афирмираат својата лошотија...:P
Не се плаши од лошите кои се афирмираат како такви. Бог да те сочува од лицемерите како примерот.

Ај не ми се вади од небрано, небаре не си читал и учел марксизам, по педагошка принуда е не по лична желба...:P
Сите учеле па и најголемите верници. Ама некои од денешниве ѓоамити големи верници биле најголеми комуништи.
За мене тоа било илузија, и демагогија еднаква со „православље“.
Шо убо така, кажи, а? :D Нема Бог, и сега ај некој нека ми каже шо да мислам и шо да праам...
Ето мене нема кој да ми кажува ни што да мислам ни шо да праам, затоа си лутам по сокаци си убивам кој ми се ќефне, крадам кај стигнам, не си ги почитувам родителите, посакувам се што е туѓо, си ја мамам партнерката со која стигнам и тако даље..... абе атеист.... ме опседнала сатаната, шо ќе праиш.
 
Алал да Ти е, без текст ме остаи...:D
 
Очигледно е дека не правиш разлика помеѓу законите кои Творецот и‘ ги дал на материјалната природа и Законот кој Творецот му го дал на човечкиот род. Под поимот „Закон„ се подразбираат 10-те Божји Заповеди, кои се однесуваат исклучиво на човечката духовна, етичко-морална природа и кој (Закон) го регулира човековиот однос кон Бога, кон другите луѓе и кон себе си. Така, духовните закони не подлежат на физичките закони од материјалниот Свет, а важи и обратната ситуација. На пример, гравитацијата не е морален закон и не влијае на мојата одлука за чинеле добро или лошо, исто како што забраната за крадење не е физички закон и не влијае на мојата „прилепеност„ за Земјината површина.

Законите од физичкиот Свет се неменливи, очигледно и искуствено, и кај нив нема „сакам-нејќам„, додека кај Законот Божји, Бог ја претпочита личната слободна волја за практикување на Законот.
--- надополнето: 18 септември 2012 во 10:10 ---

Да, се апсурдни, доколу целосно ја исклучиш човековата духовност и сите нешта ги сведеш на проста физика, во која повеќе владее принудата, т.е. силата, без етика, а не слободната волја.

Денешниот начин на живеење е сведен на просто материјално-телесно живеење, каде духовноста е речиси целосно исклучена па за „модерните„ луѓе, вистината и етичноста станаа релативна категорија.
Очигледно дека не си ја сватил поентата. А тоа е дека совршен закон самиот по себе е доволен, очигледен и неизбежен. Гравитацијата има импликации врз тебе без разлика дали веруваш или не, ако не ми веруваш пробај да скокнеш од некоја зграда. За да функционираат не им треба заплашување со казни за огнени езера.
Духовноста каква што ти ја замислуваш неможе да биде духовност за сите. Патишта има бесконечно многу, колку што има и луѓе. Да се тврди дека само твојот светоглед е вистинскиот е глупост.
Еден морал, етика или духовност можат да бидат вистински за сите, само доколку сите се исти, што очигледно не е случај.
Е сега ти обично во овој момент ја нагласуваш несовршеноста на луѓето и кривицата за тоа што сите не размислуваат како тебе ја префрлаш на луѓето и нивната наводна "огревовеност", но тој "аргумент" безброј пати ти е побиен, од проста причина што веруваш дека креаторот е семоќен и сезнаен.
Ако јас купам производ кој не функционира како што производителот предвидел, кривицата не ја барам во производот туку во неговиот производител.
 
А тоа е дека совршен закон самиот по себе е доволен, очигледен и неизбежен.
.

Материјалниот и нежив Свет, нема слободна волја и како таков, функционира онака како што му се заповедано, притоа немајќи слобода на избор.

Се‘ додека ја имаш предрасудата дека Бог Творецот, бидејќи Е совршен, „мора„ да створи и совршени творенија, се‘ до тогаш ќе бидеш убеден дека Твоите мненија се беспоговорно точни.

Миљон пати имам напишано дека Ада и Ева беа створени како телесно совршени, а духовно допрва требаше да се усовршуваат и уподобуваат...
--- надополнето: 18 септември 2012 во 15:08 ---
Духовноста каква што ти ја замислуваш неможе да биде духовност за сите. Патишта има бесконечно многу, колку што има и луѓе. Да се тврди дека само твојот светоглед е вистинскиот е глупост.
Еден морал, етика или духовност можат да бидат вистински за сите, само доколку сите се исти, што очигледно не е случај.

Не праам муабет за од човек измислени и од човек наметнати модели на духовност, туку за од Бога дадени вистини, кои сакам или не сакам да ги прифатам.
--- надополнето: 18 септември 2012 во 15:10 ---
Е сега ти обично во овој момент ја нагласуваш несовршеноста на луѓето и кривицата за тоа што сите не размислуваат како тебе ја префрлаш на луѓето и нивната наводна "огревовеност", но тој "аргумент" безброј пати ти е побиен, од проста причина што веруваш дека креаторот е семоќен и сезнаен.

Ако сметаш дека со збор можеш да побиеш мој став или дека со збор можеш да побиеш објективно постоечки предмет, појава, настан или особина, тогаш, во ред, во право си. Се предавам...
--- надополнето: 18 септември 2012 во 15:11 ---
Ако јас купам производ кој не функционира како што производителот предвидел, кривицата не ја барам во производот туку во неговиот производител.

..или поинаку кажано, Бог Е крив што творенијата ја оплескаа работата...
 
Материјалниот и нежив Свет, нема слободна волја и како таков, функционира онака како што му се заповедано, притоа немајќи слобода на избор.

Се‘ додека ја имаш предрасудата дека Бог Творецот, бидејќи Е совршен, „мора„ да створи и совршени творенија, се‘ до тогаш ќе бидеш убеден дека Твоите мненија се беспоговорно точни.

Миљон пати имам напишано дека Ада и Ева беа створени како телесно совршени, а духовно допрва требаше да се усовршуваат и уподобуваат...
Немам јас никаква предрасуда, нормално дека совршен ентитет немора да создаде совршени творенија, но тогаш нема ни оправдание да им суди! Бидејќи ТОЈ самиот ги создал такви, им дал одредени особини и карактеристики и знаел што ќе направат со истите, притоа имал моќ да го смени било кој можен исход доколку сакал. Токму поради тоа судот, казните и се што следи со тоа се апсурдни и премногу човечки.
 
Извини, ама никако да го разбереш судов.:(
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: alf
Според мене пример за вистински божји закони не се оние кој несмееме да ги смениме, туку оние кој колку и да сакаме неможеме! Зошто би му биле потребни пророци и пратеници кој би ги објавиле тие закони преку усен и пишан начин од генерација на генарација (нешто како расипан телефон)?
Кој пишан закон и кажува на пчелата како да прави мед? Кој закон им кажува на мравките да изградат мравјалник? Очигледно дека тие имаат "вградени" упатства како да функционираат, упатства кој ги препознаваме како инстинкти! Тогаш дали е така и со самиот универзум? Дали и тој има закони кој се вградени во него? Закони детерминирани и вградени од самиот креатор? Ако има тогаш тие се вистинските божји закони и според мене тоа се физичките закони, законите на природата: гравитацијата, брзината на светлината, њутновите закони, ентропијата, термодинамиката, апсолутната нула.....и сл.
Бидејќи овие закони дури и да сакаме да ги смениме или одстраниме неможеме, за разлика од останатите таканаречени божји закони!
Да не имаш помешано телесен закон со духовен?
Тоа што ти го пишуваш се телесни закони,ако не веруваш фрли го духот од десети спрат,па види самиот каде ќе падне.:D
 
Извини, ама никако да го разбереш судов.:(
Не е поентата како јас го разбирам, така го рабираат над 90% од христијаните, и свештениците и верниците. Тоа што ти си имаш некоја гностичка престава, тоа незначи дека е став на сите христијани.
Да не имаш помешано телесен закон со духовен?
Тоа што ти го пишуваш се телесни закони,ако не веруваш фрли го духот од десети спрат,па види самиот каде ќе падне.:D
Немам ништо помешано, едноставна е поентата - дека се функционира според еден едноставен закон: акција - реакција, причина - последица, As above so below.
 
Немам ништо помешано, едноставна е поентата - дека се функционира според еден едноставен закон: акција - реакција, причина - последица, As above so below.
Е...и?
Според тебе тоа е закон кој не е променлив?
 
Барем засега - Не.

Сега го живееш времето,а не си во вечноста.
Во времето постои причина и последица,а но во вечноста не постои тоа,нема акција и реакција.

Затоа и твојот одговор е со временски карактер "засага";)
Барем засега..тој закон за тебе важи.:D
 
Нормално, за мојот "универзум" (перцепција) која во себе ги вклучува и универзумите на останатите.

Во сферата јас сум насекаде центар, како што таа, обемот, никаде не се наоѓа. Liber Al II:3
 
Нормално, за мојот "универзум" (перцепција) која во себе ги вклучува и универзумите на останатите.

Во сферата јас сум насекаде центар, како што таа, обемот, никаде не се наоѓа. Liber Al II:3
IlAko toa go raschistivme,koj bi bil odgovorot na tvoeto prashanje ,koj se bozjite zakoni dadeni na onie koj ziveat vo vremenska ramka kade postoi akcija i reakcija.
ZNACHI ONOJ KOJ E VO VECHNOSTA,KAKVI PRAVILA I ZAKONI BI IM DAL NA ONIE VO VREMETO, ZA DA GO NADMINAT ISTOTO I STIGNAT DO VECHNOSTA KADE NEMA PRAVILA?

kako primer zemi si gi mravkite koj gi spomna.
Postoi li za niv univerzum ili moja i tvoja percepcija,razlichni dozivuvanja i patishta.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom