Кои се Божјите закони?

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Според мене пример за вистински божји закони не се оние кој несмееме да ги смениме, туку оние кој колку и да сакаме неможеме! Зошто би му биле потребни пророци и пратеници кој би ги објавиле тие закони преку усен и пишан начин од генерација на генарација (нешто како расипан телефон)?
Кој пишан закон и кажува на пчелата како да прави мед? Кој закон им кажува на мравките да изградат мравјалник? Очигледно дека тие имаат "вградени" упатства како да функционираат, упатства кој ги препознаваме како инстинкти! Тогаш дали е така и со самиот универзум? Дали и тој има закони кој се вградени во него? Закони детерминирани и вградени од самиот креатор? Ако има тогаш тие се вистинските божји закони и според мене тоа се физичките закони, законите на природата: гравитацијата, брзината на светлината, њутновите закони, ентропијата, термодинамиката, апсолутната нула.....и сл.
Бидејќи овие закони дури и да сакаме да ги смениме или одстраниме неможеме, за разлика од останатите таканаречени божји закони!
Божјите закони се дадени како помагало, подадена Божја рака, предлог за заеднички живот на Бог и Човекот.
Законите на физиката, универзумот, материјата..., ако се перцепираат како предмет на потчинување и клањање, тогаш човекот самиот се затвора во ропство.
Напротив Бог го поставува човекот како господар, бог да управува со универзумот и целата материја, творба, да ја култивира, негува, да се служи со неа..., и да ја соединува со Бог во вечноста.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949

Во тој случај, неизбежен е заклучокот дека гревот, казната и наградата како религиски концепти се апсурдни.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Според мене пример за вистински божји закони не се оние кој несмееме да ги смениме, туку оние кој колку и да сакаме неможеме! Зошто би му биле потребни пророци и пратеници кој би ги објавиле тие закони преку усен и пишан начин од генерација на генарација (нешто како расипан телефон)?
Кој пишан закон и кажува на пчелата како да прави мед? Кој закон им кажува на мравките да изградат мравјалник? Очигледно дека тие имаат "вградени" упатства како да функционираат, упатства кој ги препознаваме како инстинкти! Тогаш дали е така и со самиот универзум? Дали и тој има закони кој се вградени во него? Закони детерминирани и вградени од самиот креатор? Ако има тогаш тие се вистинските божји закони и според мене тоа се физичките закони, законите на природата: гравитацијата, брзината на светлината, њутновите закони, ентропијата, термодинамиката, апсолутната нула.....и сл.
Бидејќи овие закони дури и да сакаме да ги смениме или одстраниме неможеме, за разлика од останатите таканаречени божји закони!
Очигледно е дека не правиш разлика помеѓу законите кои Творецот и‘ ги дал на материјалната природа и Законот кој Творецот му го дал на човечкиот род. Под поимот „Закон„ се подразбираат 10-те Божји Заповеди, кои се однесуваат исклучиво на човечката духовна, етичко-морална природа и кој (Закон) го регулира човековиот однос кон Бога, кон другите луѓе и кон себе си. Така, духовните закони не подлежат на физичките закони од материјалниот Свет, а важи и обратната ситуација. На пример, гравитацијата не е морален закон и не влијае на мојата одлука за чинеле добро или лошо, исто како што забраната за крадење не е физички закон и не влијае на мојата „прилепеност„ за Земјината површина.

Законите од физичкиот Свет се неменливи, очигледно и искуствено, и кај нив нема „сакам-нејќам„, додека кај Законот Божји, Бог ја претпочита личната слободна волја за практикување на Законот.
--- надополнето: 18 септември 2012 во 10:10 ---
Во тој случај, неизбежен е заклучокот дека гревот, казната и наградата како религиски концепти се апсурдни.
Да, се апсурдни, доколу целосно ја исклучиш човековата духовност и сите нешта ги сведеш на проста физика, во која повеќе владее принудата, т.е. силата, без етика, а не слободната волја.

Денешниот начин на живеење е сведен на просто материјално-телесно живеење, каде духовноста е речиси целосно исклучена па за „модерните„ луѓе, вистината и етичноста станаа релативна категорија.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Денешниот начин на живеење е сведен на просто материјално-телесно живеење, каде духовноста е речиси целосно исклучена па за „модерните„ луѓе, вистината и етичноста станаа релативна категорија.
И шо сакаш да кажеш? Дека е тоа поради недостаток на „верување“ во бога или нешто друго е во прашање?
 
liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Во тој случај, неизбежен е заклучокот дека гревот, казната и наградата како религиски концепти се апсурдни.
Како религиско, етички концепти, точно така, апсурдни се.(y)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
И шо сакаш да кажеш? Дека е тоа поради недостаток на „верување“ во бога или нешто друго е во прашање?
Не е „нешто друго„ во прашање, туку е недостаток од верување. Откако веронауката е исфрлена и до образовниот систем, од медиумите па и од секојдневниот живот, во „недостаток„ од духовност, човековото битисување може да се сведе само на материјално-телесно-сетилно битисување, со чат-пат сомнителна душевност.

Ама не и духовност...

Науките, уметностите и философиите, како се‘уште душевни категории, не се траен супститут за духовните човекови потребни. Ако духот, како дел од човековото битие, не ја најде својата храна, духот ќе трага по истата, често барајќи нејзина замена или во материјалноста или во душевноста, но и тогаш духот останува празен...
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Не е „нешто друго„ во прашање, туку е недостаток од верување. Откако веронауката е исфрлена и до образовниот систем, од медиумите па и од секојдневниот живот, во „недостаток„ од духовност, човековото битисување може да се сведе само на материјално-телесно-сетилно битисување, со чат-пат сомнителна душевност.

Ама не и духовност...

Науките, уметностите и философиите, како се‘уште душевни категории, не се траен супститут за духовните човекови потребни. Ако духот, како дел од човековото битие, не ја најде својата храна, духот ќе трага по истата, често барајќи нејзина замена или во материјалноста или во душевноста, но и тогаш духот останува празен...
Која материјалност бе Мики? Таа што верник троши 30 долари (па и повеќе)за оригинално цд од Форплеј а јас за 10 денари симнато од торент? За тоа што јас како материјалист возам кола стара 15 год. а нематеријалисти (читај верници) секоја година купуваат џипови? За нематеријалисти кои не знаат колкаво богатство имаат и кој знае како го стекнале па градат цркви и манастири? За таква ли нематеријалност зборуваме?

П.С. Вероучение (не веро-наука, пошто ништо од наука нема) местото не и е во школите. Никој не им брани на црквите и џамиите во своите простории да организираат вероучение па кој сака нека посетува.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Која материјалност бе Мики?
Глеааааш, разликата во светогледите, носи и разлика во начините на расудување!

Да бидам поконкретен.
--- надополнето: 18 септември 2012 во 12:42 ---
Таа што верник троши 30 долари (па и повеќе)за оригинално цд од Форплеј а јас за 10 денари симнато од торент?.
Да, јас плаќам во 15 Евра за оригинално ЦД и со тоа, плаќам за вкупниот (туѓ!) труд, кој е вложен за произведеното ЦД, а Ти симињаш музика од торенти и моренти и со то, практично, го крадеш туѓиот труд.
--- надополнето: 18 септември 2012 во 12:43 ---
За тоа што јас како материјалист возам кола стара 15 год. а нематеријалисти (читај верници) секоја година купуваат џипови? .
Ето, ја неам кола и таа не е стара 15 години...:icon_lol:

А кои се тие верници , кои, као, секоја година купувале џипови? Лично, не познавам ниту еден таков случај...Посочи ми, можеби Ти лично се знаеш со такви верници.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Глеааааш, разликата во светогледите, носи и ралзика во начините на расудување!
Да бидам поконкретен.
Замисли да се родеше како муслиман.....какво ќе беше твоето расудување?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
За нематеријалисти кои не знаат колкаво богатство имаат и кој знае како го стекнале па градат цркви и манастири?.
Алудираш на г-нот Крокодилов? Е ми, то ти е: секој ран капитализам се одликува со т.н „примарна акумулација на капиталот„ (читни го Маркс, он то најбоље го знае...:D) па ни жалосна Македонија не е никаков историски исклучок. Но, да оставиме Бог да им суди на таквите, кои сакаат барем малку да си ја смират совеста, со давање прилог за Црквата од она кое на „поштен„ начин го заработиле...
--- надополнето: 18 септември 2012 во 12:49 ---
П.С. Вероучение (не веро-наука, пошто ништо од наука нема) местото не и е во школите. Никој не им брани на црквите и џамиите во своите простории да организираат вероучение па кој сака нека посетува.
Ето, самиот се ставаш во кош со истите оние кои не допуштија веронаука во образовниот систем, а поставуваш прашања, демек, зашто е тоа такво и такво, ради немањето верување?...
--- надополнето: 18 септември 2012 во 12:52 ---
Замисли да се родеше како муслиман.....какво ќе беше твоето расудување?
Не можам да замислам такво нешто, оти сум крстен на бебешка возраст и раснат во православно опкружување. Фала Му на Се‘вишниот за тоа!

Сметам дека поставеново прашање би било пологично да е упатено кон верните во Исламот.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Не можам да замислам такво нешто, оти сум крстен на бебешка возраст и раснат во православно опкружување. Фала Му на Се‘вишниот за тоа!
Сметам дека поставеново прашање би било пологично да е упатено кон верните во Исламот.
Сваќаш ли кои импликации ги има ова што го пиша?
Фала што ми помогна на мене а за другите....не ми е гајле.
Пази на зборовите на Исус...и последниот ќе биде прв и првиот последен.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Алудираш на г-нот Крокодилов? Е ми, то ти е: секој ран капитализам се одликува со т.н „примарна акумулација на капиталот„ (читни го Маркс, он то најбоље го знае...:D) па ни жалосна Македонија не е никаков историски исклучок. Но, да оставиме Бог да им суди на таквите, кои сакаат барем малку да си ја смират совеста, со давање прилог за Црквата од она кое на „поштен„ начин го заработиле...

Ето, самиот се ставаш во кош со истите оние кои не допуштија веронаука во образовниот систем, а поставуваш прашања, демек, зашто е тоа такво и такво, ради немањето верување?...
Да на тој и неколку други како него, кои својот капитал го изнесоа од државава. Видиш како си знаел и такви. Прави ти гревови на секој чекор и после искупувај се. Аферим.А другар ти Маркс ти да си го прашаш, бил составен дел на твоето некогашно убедување. Мој не бил никогаш.
Треба да наведувам примери, ајде уште овој. Верник со толкав (ц.ц.а. 10 цм) златен крст околу вратот, кој кој ги љуби блиските и си ги почитува заповедите, посебно 10тата. Се полакомил на функцијата на колега (за која патем нема доволни квалификации) и е скаран со целиот колектив. Лицемерие Мики...... Лицемерие. Ништо друго не е „духовноста и нематеријалноста“ кај верниците.
Нема да ти ја коментирам пиратеријата која ја спомна погоре, оти и ти ја користиш. Примерот беше за нематеријалноста, разбираш.....

И повторно за веручението. Цркви има во секое населено место, во секоја населба. Местото и е таму, во црквите. Па кој му треба, изволте. Школите се за наука не за бабски народни прикаски.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
И повторно за веручението. Цркви има во секое населено место, во секоја населба. Местото и е таму, во црквите. Па кој му треба, изволте. Школите се за наука не за бабски народни прикаски.
Мојот сакан и покоен дено (лесна му земја, Бог нека му се смилува и нека му ги прости гревовите..) кој имаше 4 години школо во една од постарите Југославии, ја знаеше Господовата молитва токму од школска клупа а не од Црква...Према томе, јасно е и очигледно е, колку „напреднал„ нашиот образовен систем во однос на минатите времиња, исто колку што е јасно во која „комуњара„ живееме, оти токму „комуњарите„ го истераа Бога од училиштата...
--- надополнето: 18 септември 2012 во 13:57 ---
Нема да ти ја коментирам пиратеријата која ја спомна погоре, оти и ти ја користиш.
Се лажеш: софтверот кој го користам, сиот е легален...:D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom