Фан Клуб: Челзи

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.350
Ај малце за со Јуве мечот.
Реално прв пат после лани мечот со Ливерпул последните кола не ме интересира нешто посебно некој меч.
Незнам зошто ама некако како да сум заситен од успеси :icon_mrgr:
Не искрено групава ја сметам за лесна и мислам дека како така ќе завршиме први,па еве и втори да завршиме сепак без проблеми тоа ќе биде.
Играме дома и нормално мора да идеме на победа ако сакаме прво место во групава.
Очекувам цврст меч во кој што ние ќе доминираме.
Сепак на крај ваљда ќе победиме 1-0 ама не би ме изненадило и 0-0 да заврши мечов ако нападот не функционира како со КПР. Ама сега Мата се враќа така да не би требало да има проблеми.
Одбранава ако е на ниво како во ЕПЛ нема шанси да изгубиме. За утре се надевам дека конечно на РДМ му текна дека Рамирес не треба да игра десно крило. Ваљда ќе го стави Стариџ а не било лошо како замена некоја минутка да одигра и Марин.
Ако игра Рамирес би требало да игра на место на Лампард ама во моментов Лампард е каде каде подобар од Рамирес така да не мора да се прави таа замена.
Значи во моментов вака би требало да изгледа тимот:

Чех​
Кол-Тери-Луиз/Кејхил-Бане​
Микел-Лампард​
Стариџ-Мата-Хазард​
Торес​

Со ваков тим би очекувал победа.
Па ај со среќа нека ни е и ќе видиме што ќе бидне :)
 
В

Ваздух

Гостин
4-3-3 e формацијата моја омилена, која Челзи ја користи уназад 10 години. А 4-2-3-1 е исто така добра формација, која може уште подобро да функционира.


------------------Микел--------------------------
---------Рамче-----------Мата----------------

------Мосес---------------Хазард------

-----------------Торес---------------

или:


------------Mикел---------Рамирес------------


-------Мосес-------Мата--------------Хазард-----

----------------------Торес-------------------

Го добиваме Јувентус утре, оптимист сум.
 
H

HoT IcE

Гостин
Лампард и Рамирес надвор од секаква комбинација ако се јас прашувам, на едниот му пројде време и игра на стара слава, другиов е тотално вон форма, Оскар и Мозес во игра, а Стариџ како шпиц, плачконо Торес очи да не му видам прв тим.
 

UNKNOWN_ARTIST

Blue is the colour!!!
Член од
5 јануари 2008
Мислења
892
Поени од реакции
555
Единствено нешто што ме плаши моментално е тоа да РДМ излезе со истиот состав од викендот...тоа би било самоубиство.
 
H

HoT IcE

Гостин
Ќе видиш дека ќе излезе, се пресече човеков, таман почнавме да го фалиме и величиме дека влече мудри потези, со Атлетико, со КПР се испосра за цела година.
Многу грешки од негова страна, ептен касни со замени и многу други работи, мора да се среди и консолидира, и да не ми дава изјави ко АВБ дека е горд на неговите момци кои одиграле нерешено со КПР и пружиле спетакл, мислам, мудата цитрони ми се од АВБ од такви изјави а ништо не беше добро, сега и овај.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.350
хаха нема шанса со истиот тим да излезе РДМ вечер пошто прво и прво Мата се враќа :)
 
H

HoT IcE

Гостин
хаха нема шанса со истиот тим да излезе РДМ вечер пошто прво и прво Мата се враќа :)
Буквалисто, ако се фаќаме до толку во ситници сега па и ти. Алудирам на тоа дека Лампард, Рамирес и Торес никако во прв тим.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.350
Буквалисто, ако се фаќаме до толку во ситници сега па и ти. Алудирам на тоа дека Лампард, Рамирес и Торес никако во прв тим.
Се зезам бе :D
Се надевам дека му текнало дека Рамирес не треба да игра десно крило. Сепак мислам дека РДМ е паметен и дека ќе постави добра постава вечер без разлика кој ќе игра.
И да не заборавиме дека Торес за 10 мин даде гол и асистенција против репрезентацијата на Јувентус...овај Италија де
 

UNKNOWN_ARTIST

Blue is the colour!!!
Член од
5 јануари 2008
Мислења
892
Поени од реакции
555
Ама сепак ако игра Мата од прва минута заедно со Хазард, тогаш очекувајте го сигурно Рамирес или пак Бертранд во тројката позади Торес.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.728
Поени од реакции
52.668
Ама сепак ако игра Мата од прва минута заедно со Хазард, тогаш очекувајте го сигурно Рамирес или пак Бертранд во тројката позади Торес.
Има логика, ама па затоа имаме двајца позади тројката кои имаат по дефанзивни задачи. Може и по офанзивно да се излезе. Рамирес се враќа назад, помага ама па напред не го бива освен кога треба да го претрча цел терен при контри.
 

AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Рамирес,Лампард на клупа....Стариџ шпиц. Толку.
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Абе срцки колку ќе ве има на плоштад ? 293 Јувентини are atending on Плоштад Македонија....
 

8_88

888
Член од
7 мај 2009
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.610
Член од
20 мај 2008
Мислења
357
Поени од реакции
99
Chelsea are expected to line up in the following 4-2-3-1 formation:
1 Petr Cech
2 Branislav Ivanovic
4 David Luiz
26 John Terry (c)
3 Ashley Cole
12 John Mikel Obi
8 Frank Lampard
7 Ramires
17 Eden Hazard
11 Oscar
9 Fernando Torres
Substitutes: 22 Ross Turnbull, 28 Cesar Aspilicueta, 24 Gary Cahill, 34 Ryan Bertrand, 6 Oriol Romeu, 10 Juan Mata, 13 Victor Moses

Го нема Стариџ :tapp:
А Рамирес упорно го форсира ... Не му доаѓа памет .
 

Kajgana Shop

На врв Bottom