Раст на невработеноста

jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.156
Поени од реакции
2.755
Секоја западна држава си има свој механизам на бришење на невработени, не може некој одбил 3 работи по ред и пак да се води како невработен, или еднаш гледам една рамковна искача од мерцедес најнова класа иде во завод за вработување, или познавам луге што работат на црно или нивните мама и тато работат на црно а под завод се водат за невработени и одбиваат работа што им се нуди 100% ја подржувам оваа мерка.
П.с Невработен бил одбил неколку работи за неколку години што му ги понудиле а секој викенд шета во град по кафичи и кафани и таков да го жалам што го избришале не ме забеавај. Мора Македониај да бори против сивата економија не може успешните компании да се на товар на луге што работат на црно и што не плакаат ни даноци ни придонеси ни ништо и им ја зимаат работата на компаниите и лугето кој работат законски!
Ма каков Запад какви бакрачи па во Македонија има за секој невработен по 3 работни места само што македончето е пребирливо и ни една не одбира па затоа имаме толкава невработеност.. :facepalm:
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.459
Поени од реакции
5.873
ЗА ДА ИМ СЕ ПОНУДИ KАKВА БИЛО РАБОТА НА НЕВРАБОТЕНИТЕ
Недостигаат најмалку 180.000 слободни работни места
Во Агенцијата за вработување се водат вкупно 272.392 невработени од кои 178.776 повеќе од две години „чекаат“ работа и на кои Агенцијата може да им понуди каква било работа
За да им понуди каква било работа на невработените, државата итно треба да најде околу 180.000 слободни работни места. Податоците на Агенцијата за вработување покажуваат дека на списокот со невработени има вкупно 272.392 од кои 178.776 повеќе од две години „чекаат“ работа. На овие лица, според измените на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, кои се во собраниска процедура, Агенцијата може да им понуди каква било работа, а ако ја одбијат, веќе нема да бидат невработени. На другите околу 100.000 треба да им најде работа според струката или вработување со еден степен пониско образование. Измените на Законот „нудат“ и казна од 200 евра за тој што ќе биде фатен дека работи на црно, како и низа мерки за чистење на списокот со невработени, што крена голема врева во јавноста. Покрај опозициските партии, вчера реагира и невладината организација „Ленка“, според која бришењето на невработените е противуставно. Синдикалците с` уште чекаат да ги свика претседателот на ССМ, Живко Митревски, за да одлучат како и дали ќе реагираат на законските измени за кои не ни знаеле дека се подготвуваат.

„Дневник“ ги анализираше податоците од Агенцијата за вработување и пребројуваше колку невработени ќе „настрадаат“ со законските измени и колку работни места треба да се отворат за да се „затвори“ или намали списокот со невработени.

Анализата покажа дека во земјава во април годинава имало дури 80.836 лица, кои повеќе од 8 години чекаат работа и 34.708 лица кои се невработени од 5 до 7 години. Статистиката покажува дека други 14.604 лица чекаат вработување 4 години, 21.014 три години и 27.615 две години. Сиве овие влегуваат во категоријата на лица на кои државата може да им понуди каква било работа, а ако два пати ја одбијат, ќе бидат избришани од регистарот на невработени што бараат работа. Притоа, работата може да биде оддалечена на два часа пат со јавен превоз од местото на живеење. Другите помалку од 100.000 лица чекаат работа до две години и ним државата може да им понуди или соодветно вработување според струка (ако се на евиденција до 12 месеци) или погодно вработување со еден степен пониско образование. Податоците покажуваат дека околу 35.000 лица може да добијат работа со еден степен пониско образование, а на околу 65.000 лица ќе мора да им се бара работа според нивното образование.
„Ленка“: Бришењето на невработените е противуставно
Движењето за социјална правда „Ленка“ вчера реагира дека додека не се смени Уставот, бришењето на невработените лица е противуставно.

- Последниот обид за измени на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност (1997) со кој се предвидуваше статистичко бришење на невработените од евиденцијата на Агенцијата за вработување во случај тие да одбијат несоодветна работа е противуставен и во директна спротивност со чл. 32 од Уставот, кој, покрај правото на работа, го гарантира и „слободниот избор на вработување“, како и со член 10, кој изрично забранува „присилна работа“ - велат од „Ленка“.

Од таму потенцираат дека пред точно една година, пред Уставниот суд тие веќе соборија слична одредба од истиот закон.

- Јавно порачуваме дека и оваа противуставна одредба ќе ја оспориме пред Уставниот суд веднаш по нејзиното влегување во сила и врз основа на веќе создадениот „преседан“ во судската практика на судот, ќе бараме нејзино укинување по итна постапка - велат од „Ленка“.
Меѓу невработените и 593 магистри и 24 доктори на науки
Бројките покажуваат и тоа дека Македонија има 593 невработени магистри и 24 доктори на науки, на кои во зависност од тоа колку време се невработени, може исто така да им се понуди каква било работа. Покрај нив, 21.303 невработени лица се со високо образование и 4.427 со вишо образование. На списокот има рекордни 124.038 лица или нешто помалку од половина од вкупниот број невработени во земјава, кои се нискоквалификувани или лица што имаат само основно образование или се и без него.
Александра Филиповска

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=A2AFFC71B97A0E4D8707A57B9D8E7EF6

:tapp:

Поштовани Доктор на науки , ве известуваме дека ви најдовме работа , од понеделник ве вработуваме во чистота и зеленило , собирање на комунален смет во Шуто Оризари.
Кај ќе најдат 180.000 работни места баш да видиме. Ама ќе најдат едно 10.000 непрофитабилни работни места , колку да ја преминеме баксузната над 30% невработени.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Ќе им понуди било каква работа :icon_lol:. Првиот ќе ги носи куклите на мочање, другиот страшило за на бостан, третиот ќе ја гаси ламбата пред легнување со дување, четвртиот ќе биде сообрајќаен знак жив подвижен, петтиот ќе биде мерач на сообрајќаен метеж односно ќе ги брои колите по улица, шестиот :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:.....

Ај до стоосумдесиљади има функции :icon_lol:.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.459
Поени од реакции
5.873
Македонија и се е можно! - Во време на рецесија расте бројот на вработени




Во време која 9 месеци БДП-то паѓа , бројот на вработени расте.

Вработени

2квартал 2011 : 642.809

1квартал 2012 : 643.668

2квартал 2012 : 648.200

Невработени

2квартал 2011 : 293.448

1квартал 2012 : 297.351

2квартал 2012 : 294.220

=

Во вториот квартал 2012 , во споредба со истиот период лани , во Македонија се вработени +5.400 лица , додека бројот на невработени е зголемен за +772 лица.

Да видиме по сектори , колкава е разлика меѓу лани и оваа година во втор квартал.

Земјоделие : - 3.000 ..... (значи годинава имаме 3000 земјоделци помалку)

Преработувачка индустрија : +5.800 .... (во време кога индустриското производство забележува страшен пад , 11 месеци по ред , сепак бројот на вработени е зголемен , доста чудно).

Градежништво : - 400 .... (ништо страшно, добро се држеле , можеби тек во наредниот квартал ќе имаме сериозен пад)

Трговија на мало и големо : + 2.100

Транспорт и складирање : - 2.700

Информации и комуникации: +4.400 ....( 7.000 вработени пред една година , а во 2012та стигнале до 11.400 , голем раст а)

Административни и помошни услужни дејности : + 4.000 ...... ( 6000 беа во 2011 , а сега 10.000)

Јавна администрација и одбрана ; задолжително соц. осиг. : - 1.500

Образование : + 4.000

Дејности на здравствена и социјална заштита : - 500

податоците се од државен завод за статистика

=

Ме изненади Преработувачката индустрија , во време кога падот на индустријата е доста голем ... а сепак бројот на вработени да расте.
Очигледно и во образование има доста вработувања , како и во административни дејонсти ; информации и комуникации.

Имаме и нов рекорд

42.696 невработени лица со високо образование

Што е за + 4.000 во споредба со лани.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Имаме и нов рекорд

42.696 невработени лица со високо образование

Што е за + 4.000 во споредба со лани.
Илјадници правници и економисти излегуваат секоја година што очекувате.

На Металуршки,Машински и Електро вкупно има 1000 запишано студенти секоја година од кои 60-70% завршуваат.

Нека кажат колку од тие невработени се од технички факултети па да видиме каква е ситуацијата.



.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Македонија и се е можно! - Во време на рецесија расте бројот на вработени

Во време која 9 месеци БДП-то паѓа , бројот на вработени расте.

Вработени

2квартал 2011 : 642.809

1квартал 2012 : 643.668

2квартал 2012 : 648.200

Невработени

2квартал 2011 : 293.448

1квартал 2012 : 297.351

2квартал 2012 : 294.220


Преработувачка индустрија : +5.800 .... (во време кога индустриското производство забележува страшен пад , 11 месеци по ред , сепак бројот на вработени е зголемен , доста чудно).

Трговија на мало и големо : + 2.100

Транспорт и складирање : - 2.700

Информации и комуникации: +4.400 ....( 7.000 вработени пред една година , а во 2012та стигнале до 11.400 , голем раст а)

Административни и помошни услужни дејности : + 4.000 ...... ( 6000 беа во 2011 , а сега 10.000)

Јавна администрација и одбрана ; задолжително соц. осиг. : - 1.500

Образование : + 4.000
Дејности на здравствена и социјална заштита : - 500

податоците се од државен завод за статистика

=

Ме изненади Преработувачката индустрија , во време кога падот на индустријата е доста голем ... а сепак бројот на вработени да расте.
Очигледно и во образование има доста вработувања , како и во административни дејонсти ; информации и комуникации.
Со евтини кредити до нови работни места
Вторник, 10 Јули 2012 12:48


Кредитната линија е обезбедена од Европската инвестициска банка, а денес договор поптишаа вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, директорот на Европската инвестициска банка Доминик Корубин и директорот на Македонската банка за подршка на разворот Драган Мартиновски.
Се со цел да се подобри ликвидноста на фирмите и да се зголеми производтвото, на малите и средни претпријатија, кои што како резултат на кризата во Европската унија се најмногу погодени, од денес ќе им бидат достапни кредитите кои што се со поволна фиксна каматна стапка од 5,5 отсто.
Останатиот дел од каматата ќе ја субвенционира Владата од Буџетот.
Министерот за финансии Ставрески посочи дека претхотните две кредитни линии дале позитивни резултати и се очекува таква да биде ситуацијата и со оваа кредитна линија.
-Со првите две транши кои што беа во висина од 150 милиони евра, се реализираа 712 проекти и се отворија околу 3150 работни места. Исто така значително се подобри и ликвидноста на компаниите кои што беа од преку 25 општини, со што беше запазен и рамномерниот регионален развој. Целта на новата кредитна линија е исто така да се подобри ликвидноста и производтвото на компаниите како и да се стимулира извозот во странство. Бројот на отворањето на работни места ќе зависи од случувањата во Европската унија и од странските нарачки, истакна Ставрески.
Тој додаде дека 70 отсто од новата кредитна линија е наменета за мали и средни претпријатија, а останатите 30 отсто ќе можат да бидат искористени и од страна на големите компании за приоритени проекти.Ставрески ги повика компаниите да ги подготват бизнис плановите кои што се неопходни за подигнување на кредит од третата кредитна линија, а рокот за враќање е осум години, со две години грејс период.
http://grid.mk/read/news/f942af9a-9ea7-4666-a012-0f2f397db7e5/714908/so-evtini-krediti-do-novi-rabotni-mesta
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.459
Поени од реакции
5.873
Ако во вториот квартал , вака или така успеале да се вработат 5.800 лица :

Третиот квартал го започнавме лошо , во месец јули бројот на вработени во Преработувачката индустрија во споредба со истиот месец лани , е помал за 3,1%

Многу неверојатно ми е како успеавме да имаме зголемување на вработените кога сите показатели укажуваат дека сите сектори ги има зафатено криза.

Ако во секторот Производство на облека во вториот квартал имаме 3.000 ново вработени (тоа се пола од ново вработените во Преработувачка индустрија) , веќе во јули месец (прв месец од третиот квартал) , бројот на вработени е намален за 2,7%

Поправка и инсталирање на машини и опрема , во јули 2012 бројот на вработени е за 54,2% помал во споредба со јули 2011

Кај најмалку 90% од индустриските групи имаме намалување на број на вработени во јули.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Курир: Значително се подобри ликвидноста:ROFLMAO:
Стварно не се нормални овие курир и шител, ама стварно.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.459
Поени од реакции
5.873
Субвенции , борба против сивата економија , борба против вработените на црно , давање пари за компаниите кои ќе примат нови работници , инвестициски БУУУМ , ниски камати ... итн итн

Но ако гледате внимателно , споредбено со неколку години пред тоа , во главните сектори бројот на вработени е приближно истиот.

Еве ќе го споредам бројот на вработени во 2006та и 2012та.

2кв 2006-та - 2кв 2012-та

Земјоделство: 128.066 - 119.591 (вработени)

Преработувачка индустрија : 120.339 - 129.428

Градежништво : 50.181 - 41.240

Транспорт и складирање : 27.852 - 28.134

Е сега од кај се зголеми вработеноста ?

Трговија на големо и трговија на мало;
поправка на моторни возила и мотоцикли : 65.456 - 92.799 (Ви текнува кога нашиот пријател *LION* се фалеше дека многу е раздвижен пазарот на поправка на моторни возила , имал право човекот)

И се знае , државните институции , од 2007-2011та , во нив се вработени нови 43.000 лица.


Невработени : 319.316 - 294.220


6 години се и сешто , и невработеноста намалена за само 25.000
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Па кај си бе Лионче, од како влеговме во рецесија те нема некако на форумов.
Лионче уште пред 3 месеци се изјасни и точно предвиде за тоа што кајгана експертите се здробивте од коментирање овие денови откако државниот завод за статистика објави дека и во вториот квартал Македонската економија е во минус. Инаку после битка сите се генерали. Така да немам што да влегувам во дебата за нешто што пред 3 месеци го предвидев а за кајгана економските експерти , претставува вистинска еуерка дека и вториот квартал сме во минус, мало потсетување лионче што напишал пред 3 месеци:
Како прво Македонската економија имаше многу висок праг на раст на бдп во првите два квартали од 2011година кога во првата половина од годината растот на бдп изнесуваше околу 5%, стапката на раст во првиот квартал во 2011 беше околу 5% исто како и во вториот квартал околу 5%, и сега нашата економија требаше во првиот квартал ,оваа година да има стапки на раст од над 5% за да не нема пад на бдп во првиот квартал, а во услови кога европската должничка криза кулмининира а со тоа голем дел од економиите во еу се во рецесија или имаат падови на нивните бдп, се намлува нивната потреба за увоз со што дикрекнто се намалува нашиот извоз зошто над 60% од нашата економија извезува во Еу. И во такви услови неможете да очекувате дека ке направите стапки на раст од над 5%. Така да не треба само сувопарно да се гледаат бројките без да се разбира високиот праг од првиот и вториот квартал од 2011 година. Зошто стапката на раст на бдп на Македонија во првите два квартала во 2011 година со стапка на раст од околу 5% беа едни од највисоките стапку во европа па и на балканот. И не знам зошто дигате паника кога секој подобар економист знаеше дека заради високите стапки на раст во првата половина од 2011 година и неповолните состојби во еу денес , дека стапкирте на раст во првите два квартали во 2012 година ке бидат во минус за првиот квартал тоа се потврди а за вториот квартал или ке има благ минус или скромна позитива тоа е тоа. Да имавте познавања од економија немаше да ве изненади падот на бдп во првиот квартал, а ке знаевте и кои се причините за него.​

*LION*, 15 јуни 2012
http://www.forum.kajgana.com/threads/БДП-то-ни-отиде-во-минус-1-4.61434/page-2#post-5095579
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Илјадници правници и економисти излегуваат секоја година што очекувате.

На Металуршки,Машински и Електро вкупно има 1000 запишано студенти секоја година од кои 60-70% завршуваат.

Нека кажат колку од тие невработени се од технички факултети па да видиме каква е ситуацијата.



.
Имам еден роднина се запишал на технолошки имало само 3ца а примале 5 во смерот и веднаш без барање му дале стипендија самите од Цементарница 7000 денари месечно плус секоја година 2 месеци платен стаж во фирмата. На секој студент некоја фирма му дава пари и го му организира стажови и чуда. Најверојатно рачунаат после да ги земат кај нив да работат. Партиципација е смешни 200 евра. А студенти нема :confused: Плус ти е многу лесно во МК работа и странство да отидеш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom