Горан Пандев

  • Креатор на темата Креатор на темата pinky**
  • Време на започнување Време на започнување
Не ми е криво да оди, криво ми е што нашиве портали одма го направија како ваш играч:haha::tapp:

Па тоа е повеќе и од очигледно. :)

И самиот тоа го изјави.
 
Не ми е криво да оди, криво ми е што нашиве портали одма го направија како ваш играч:haha::tapp:

Не треба да ти е криво.Секој треба да се радува за Пандев.Јас и во Јуве и Милан да оди ќе се радувам.
Инаку Мурињо го сакал Пандев пред 6 за мечот со Киево.Во Италија велат медицински прегледи понеделник или вторник.Ќе заминел на мини подготовки со Интер во Саудиска Арабија.
 
ајдеее шо кажа сеа :wtf:
и за Роналдо сигурно Англија беше прејака па затоа не отиде
и Армандо веројатно беше тапа за Англија или пак Малдини за Шпанија...

не, ама у англија има јаки дефанзивци, таму би се изгубил ко париче:toe:
тоа е само мое мислење, да сум на негово место не би играл така
 
не, ама у англија има јаки дефанзивци, таму би се изгубил ко париче:toe:
тоа е само мое мислење, да сум на негово место не би играл така

Во право си Пандев е мноу слаб играч Крауч,Бербо,Едуардо они да дојдат во Италија по 50 гола ќе дават.Пандев да си дојде во Беласица што ќе бара во Интер тука е Суазо во Милан Бориело е 3 класи над него.
Еве да ги пофалам јаките дефанзифци на Виган 9-1 од Тотенхем.Во Италија нема како нив толку малку голови да примат.
И за на крај ќе кажам Пандев може секаде да успее и да не успее.Тоа е како лотарија колку играчи биле многу јаки или многу слаби па во другата еќипа или пропаѓале или биле многу појаки.
 
Ама поголема е веројатноста да успее во италија!
 
Секое првенство своја приказна. Кога Пандев во првенство како Серија А каде добро знаеме по колку погодоци паѓаат максимум во еден натпревар, успеваше да постигнува по 14-15 погодоци по сезона, не гледам никаква причина да не успее во некоја друга лига. Сега се зависи од прилагодувањето во новиот тим, ако успее да се пронајде во тимот и добро да се разбира со новите соиграчи, тогаш нема да има никаков проблем за него. Најдобро е за него да отиде во тимот каде реално би имало место за него во првиот тим.:smir:
 
Во Англија фудбалот е пофизички и побрз, нема многу време за размислување што да правиш со топката, мора многу брзо да го правиш тоа. Не мора да значи дека не би се снашол во Англија, ама реално е да му биде потешко.
Италија веќе му е многу добро позната, така да подобро е да остане тука. Сите информации сугерираат дека ќе игра во Интер, добро би било да се случи тоа. Сигурно ќе добие шанса, негово е колку ќе ја искористи. Ние ќе се надеваме дека ќе ја искористи најдобро.
 
Џабе праите муабет, Пандев е ИНТЕРИСТА.

ГО ГО ГО ПАНДЕВ
 
Ама поголема е веројатноста да успее во италија!
Поголема е веројатноста само поради фактот што пола кариера ја има играно во таа земја и е адаптиран како на теренот, така и на нивната култутра, стил на живот и остало.

Хипотетички да гледаме, пример, до овој момент да играл во Германија или Русија сеедно, и да има избор Англија и Италија, поголеми шанси за просперитет ке имаше во Англија.
Играчи како Берба, Крауч, Едуардо и остали во Италија би биле само еден просечен декор, факат. :wink: Глеј ги Хунтелар, Кварезма, Диего, незнаат у каква бариера влегле, изгубени се, а пред моментот Италија, поготово последните двајца, парче правеа во своите лиги, а и Хунтелар имаше добри партии во Реал Мадрид, па и Роналдињо лани, тиња, сезонава конечно почна да личи на '' оној стариот ''.
 
Тоа више зависи поединечно! Ако гледаш така, Шевченко во милан беше втор најдобар фудбалер после роналдињо, а во англија и тој се изгуби ко паричка
 
Пандев во Интер во наредните 4.5 години, број 16.....

Нека му е со срека многу........ да игра во животна форма:smir:
 
Не ми е јасно како само предвидовте дека Пандев освен во Италија не може да игра никаде.

Значи доколку му се погоди средината, соиграчите, тренерот и на Марс да игра ке успее.
Значи Лигата како фактор е безначаен, таа не го одредува успехот на еден играч.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom