За да ја рационализираме оваа ситуација би сугерирала на тоа да ја изведеме есенцијата од гореспоменатиот поим - "мување" и да дојдеме до прецизни спецификации околу тоа каква примена има во актуелниот контекст.
Досега познатата дефиниција на жаргонската глаголска именка која што е најблиску до контекстот гласи вака: размена на орални течности(saliva), при што двајца претставници од видот хомо сапиенс доживуваат одреден вид сатисфакција. Многу често при процесот во дејство влегува и единствениот мускул во усната празнина, но тоа , секако, зависи од желбите на субјектите.
Е сега, кога релевантна би била оваа дефиниција на поимот, "ултимативна интима" не влегува во истата, кога би анализирале подлабоко би воочиле дека всушност ултимативна интима е активноста што е последователна на "мувањето", но истата никако не може да се употреби како синонимска алтернатива.
Ова истражување не доведе до тоа, дека коренот на нашиот проблем во комуникација се наоѓа во дефинициите на поимите, односно дали "мување" се однесува или не на "ултимативна интима".
Не го знам одговорот додека не добијам прецизни насоки за тоа кон што беше алаудирано во првиот пост во кој бев цитирана на темава.
Еј да, и Мултиталент, се извинувам за ова, не сум јас крива, присилена сум, ќе ги пријавам дечкиве за мобинг.
Што се однесува на видеото, најмногу ми се допадна потенцираната сличност меѓу девојкава и дамата лист.Обожавам симболи, јебига.