Горан Пандев

  • Креатор на темата Креатор на темата pinky**
  • Време на започнување Време на започнување
Се е ОК ќе го респектираме секој негов избор, се си има предности и недостатоци. На пример во Јувентус би играл повеќе ама ЛШ си е ЛШ, желба на секој фудбалер и тоа може да биде пресудно.

Она за Меаца или Сан Сиро, тоа Бранко Илиевски од Телма го имаше објавено на Facebook, незнам колку е точно. Во секој случај мислам дека борбата ќе биде помеѓу Милан и Интер.

Не мора да значи дека ке биде сигурно во Италија.

Затоа шо ја никаде неам видено изјава или слушнато дека ке бира клуб само од Италија.

Мора да бидеме реални дека тој е интересен и за клубови надвор од Италија.:toe:
 
Би сакал да иде у тим каде што ќе може да игра прв тим, мислим дека Рома би било најдобро решение. Рома игра добар фудбал и би требало добро да се вклопи, таму има највише шанса да игра, ќе си игра и во ЛШ, и ем ќе биде многу јако коа ќе игра против Лацио, башка гол ако им даде :icon_lol:

У Интер има мн добри играчи тешко дека ќе фати место у прв тим, во Милан неможем да зборим, моментално ако е би можел да игра ама понатаму ако почне некој да игра од Хунтелар или Бориело ќе го изгураат од прв тим, а во Јуве би требало да добива повеќе минутажа..

пс: Осеќам Берлускони ќе напне дека е слободен, немора да дава пари...
 
Далеку од тоа е дека се разбираш од фудбал... Зошто Шевченко не успеа во Челзи...е сега ќе ти каже батко ти...Многу голема е разликата меѓу фудбалот во италија и фудбалот во англија , се игра сосем на различен начин англичаните играат повеќе по земја а италјанците само со нафрлени топки... А имаш доказ дека англиската лига е појака од италјанската е тоа што Англиската е најдоббра лига во светот а италјанската 4-5

Извини што упаѓам у муабет ама дан си утнал нешто? Знаеш која е типична островска/англиска игра?
 
маааалце да има у тоа црпката ќе размисли уште еднаш... нема бел ден да види нит во Милан нит Интер нит Јуве... најдобра опција би било или Виола или да ја напушти Италија... ај да се надеваме дека ќе напреднува во следниот тим и ќе игра стандардно
Во Интер сум сигурен дека ќе успее. Ќе игра да се докаже додека Ето е во африка а потоа ако е паметен Мурињо ќе игра 4-3-1-2 и ќе го види господ со таа формација. :)))
 
Веднаш по обајувавањето на слободата на Пандев, англиските таблоиди со свои фаворити за потписот на струмичанецот кој ќе биде хит во овај зимски преоден период.

pandev%20the%20sun_01.JPG

Според англискиот “The Sun“ , Тотенхем и Челси се интересираат за Пандев чија вредност во летото изнесувала 10 милиони фунти. “The Sun“ пишува дека интерес за македонецот има кај водечките клубови во Италија, Милан, Јувентус и Интер.
 
Далеку од тоа е дека се разбираш од фудбал... Зошто Шевченко не успеа во Челзи...е сега ќе ти каже батко ти...Многу голема е разликата меѓу фудбалот во италија и фудбалот во англија , се игра сосем на различен начин англичаните играат повеќе по земја а италјанците само со нафрлени топки... А имаш доказ дека англиската лига е појака од италјанската е тоа што Англиската е најдоббра лига во светот а италјанската 4-5
Btw: Кажи ми еден играч што бил избран за најдобар играч на светот од италјанската лига, бидејки викаш таму успеале само најдобрите фудбалери

Абе братче италијанската лига не е за Парис Хилтон да ја гледа нејзе ја гледаат вистински лубители на фудбалот.
4-5 лига по бројки е 2 малку по Англиската.
За најдобри фудбалери во последните 10 години ќе ти кажам Роналдо,Недвед,Шефченко,Кака,Канаваро.
Што таа англиска лига запнала по Италијански тренери.Италијанците играле на нафрлање јас мислам е обратно.
 
Абе братче италијанската лига не е за Парис Хилтон да ја гледа нејзе ја гледаат вистински лубители на фудбалот.

Што таа англиска лига запнала по Италијански тренери.

А ние што ја следиме ЕПЛ или Ла Лига, не сме љубители на фудбалот а?
Дај не се докажувајте аман која е подобра лига, нема потреба од тоа. Муабетот ќе отиде у ептена погрешна насока која нема врска со Пандев.
Не е битно кај ќе иде, битно е кај и да иде да може да им дава голови на Реина, Касиљас (океј не мора на Реина)... :tv:
 
Скам да кажам дека некој што малку следи фудбал или прв пат седнува не може да гледа Италијанска лига тука нема многу атрактивнос.Италијанска лига си следи тој што си е заљубеник во неа односно си ја следи повеќе години.
 
Би сакал да иде у тим каде што ќе може да игра прв тим, мислим дека Рома би било најдобро решение. Рома игра добар фудбал и би требало добро да се вклопи, таму има највише шанса да игра, ќе си игра и во ЛШ, и ем ќе биде многу јако коа ќе игра против Лацио, башка гол ако им даде :icon_lol:

У Интер има мн добри играчи тешко дека ќе фати место у прв тим, во Милан неможем да зборим, моментално ако е би можел да игра ама понатаму ако почне некој да игра од Хунтелар или Бориело ќе го изгураат од прв тим, а во Јуве би требало да добива повеќе минутажа..

пс: Осеќам Берлускони ќе напне дека е слободен, немора да дава пари...

Лацио оваа година иде 2ра лига :)
 
Добро е што случајов конечно заврши со пресуда во корист на Пандев,иако се чини дека неговата голгота во Лацио предолго траеше.
Се надевам дека сега ќе падне психолошкиот притисок врз него,ќе работи на физичката форма,и со ладна глава ќе избере која е најдобрата
средина за него.Мислам оти најдобро е да остане во Италија,со оглед на тоа дека веќе се навикнал на тамошниот живот и фудбал,а и во ваков сензитивен период зе него,не би било добро да ја напушти.
Мене ми е небитно кој клуб ќе го избере,мислам дека со неговиот квалитет и стил на игра,секаде би можел да се наметне.
Е сега сите од поголемите тимови во Италија,поседуваат квалитетни напаѓачки линии,но Пандев секако има сили и квалитет да игра константно во најдобрите италијански клубови.
 
за Лотито војната со Гоко не била завршена хахахаха лудак!!! и него вилицата кршење како на Берлускони,друго чаре нема за тие изветреани глави! ако продолжи со ваквата политика само ќе го доупропасти Лацио,веќе двата најдобри фудбалери го напуштаат клубот без обештетување(Ледесма и Пандев)
 
Калчото одсекогаш било досадно првенство:toe:...Јувентус е единствена екипа која одскокнува од тој досаден италијански фудбал!Знам дека сум надвор од тема ама кога веќе некој спомна,јас да си потврдам
 
би сакал да го видам у премиер лига
еден добар тандем Попов Пандев во СИТИ
:toe:
 
Калчото одсекогаш било досадно првенство:toe:...Јувентус е единствена екипа која одскокнува од тој досаден италијански фудбал!Знам дека сум надвор од тема ама кога веќе некој спомна,јас да си потврдам
Сериозен со ова? ВО што одскокнува Јувентус? Интер, Милан и Фиорентина играат лига на шампиони а Јувентус лига европа, па да одскокнува...

Ако мислиш на стилот на игра тоа е калчото и начинот на кој играат италијанските екипи е тој, на кој му се допаѓа следи сериа а на кој не нема да следи...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom