Вакво нешто ниту најголемите оптимисти не предвидуваа, по само 4 кола да имаме 8 бода предност!
Ако го прокоцкат овој подарок нека се убијат сите, задоволни бевме до Ел Класико да имаме 5 бода предност а видете сега што се случува.
Оваа година играме шампионски, победуваме тогаш кога е најпотребно, Осасуна, Валенсија, сега и Гетафе, тоа е тоа што ни треба. Секоја чест за Тито, пред натпреварот рече дека знае точно како треба да се одигра против Гетафе. Уште и кај Севиља да победиме и се ќе оди како подмачкано после.
Што се однесува до играчите, најзадоволен сум од Тиаго, само колку е атрактивен, мешавина на Чави и Иниеста. Виља, осеќам дека годинава ќе растури, гладен е, освен тоа го има оној голгетерски инстикт, знае да погоди и од полушанса.
А Монтоја е најдобрата замена за Дани, како да игра 10 години во првиот тим, воопшто без трема. Само нека продолжи вака!