БДП-то ни отиде во минус (-1,4%)

  • Креатор на темата Креатор на темата Dardan-ia
  • Време на започнување Време на започнување
Q2 (Вториот квартал) на 2012 балканските икономики одат вака:

1. Турциja +3.2%
2. Романиja +1.7%
3. Бугариja +0,5%
4. Србиja -0.6%
5. Македониja -0.9%
6.Унгариja -1,0%
7. Хрватска -2.1%
8. Словениja -2.2%
9. Кипар -2,4%
10. Грциja -6,3%

Не наjдов податоци за Албаниja, Косово,Црна гора и БиХ ако некоj има - да постира.
 
Индексот на бројот на работниците во индустријата во јуни 2012 година, во однос на истиот месец лани бележи намалување од 2,4 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јуни бележи пораст од 0,6 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 2,9 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија,гас, пареа и климатизација пораст од 0,1 отсто.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јуни бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,8 отсто, Капитални производи за 8,2 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 7,0 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,0 отсто.
Во првото полугодие од годината, бројот на работниците во индустријата во периодот во однос на периодот јануари - јуни 2011 година, се намалил за 1,7 отсто.
http://kajgana.com/namalen-brojot-na-vraboteni-vo-industrijata

Дај некој нека ме потсети колку лопати се фрлија овие години и се најавија вработувања? Зошто вакви бројки? Зошто толку лаги и филмови?


Чекај сега LION да ти го викнам, ништо не си разбрала :icon_lol: Интересно, според него нови фирми никнаа ко печурки, а вработените се намалени....
 
Фми дај и првите квартали пиши ги?
 
Nasata ekonomija vestacki se odrzuva vo zivot , tolku nekonkurentna ekonomija nema nikoj . Kaj nas osnovnite temeli na ekonomski razvoj se tolku izmesteni sto ne znam dali vo dogledno vreme ke najdeme vistinski nacin za ekonomski rast. Vladata sega ne znam na koj pat ke trgne kon zgolemeni javni investicii ili stedenje (da ne propadneme uste poveke).
 
Фми дај и првите квартали пиши ги?
Има ги назад малце во темава,ама еве пак ке ги ставам.
Q1 за 2012
1. Турциja +3,2% / некаде пишува 2,3%
2. Романиja +0.8%
3. Бугариja +0,5%
4. Албаниja -0,2%
5. Словениja -0.8%
6. Хрватска -1,3%
7. Србиja -1,3%
8. Македониja -1,4%
9. Кипар -1,4%
10.Унгариja -1,5%
11. Грциja -6,2%
 
​​
Нема сомнение дека излезот е во зголемените државни инвестиции, вели Ивановски.

„Забрзување на економијата со навремена исплата на обврските, долговите на државата по сите основи и реков, зголемување на инвестициите во оние гранки кои се пропулзивни и кои значат поголемо ангажирање на домашната економија и кои генерално на долг рок ќе носат прилив“, вели Ивановски.

Македонската економија има проблеми, вели Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори

„Се разбира, ако влеземе во рецесија тоа негативно ќе се одрази на реалниот сектор, ќе се намалат инвестициите, ќе се отпуштаат работници итн.“

Надворешните влијанија секако имаат ефект врз македонската економија, вели Чекреџи.

„Тие се секако големи затоа што нашите главни трговски партнери, некои се во криза, некои се на граница на криза или се со многу мал раст и треба да се анализираат и внатрешните услови, тука пред сè сметам на мерки за подобрување на ликвидноста, на зголемување на домашната потрошувачка итн., кои би биле елементи кои може да ја пресретнат кризата.“

Во второто тримесечје од 2012 е забележан најголем пад во секторите Рударство и вадење на камен, Преработувачка индустрија и Снабдување со електрична енергија и тоа од 6.9 отсто. Падот во градежништвото се проценува на 5.1 проценти според податоците на Државниот завод за статистика. Рецесијата подразбира две последователни тримесечија на негативен раст на Бртуто домашниот производ.
http://www.makdenes.org/content/article/24708302.html


Да мислам тоа беше ептен успешна политика последниве 20 години што еве цветаме.Ај да пробаме еднаш со кратење даноци,кратење на буџет и отпуштање на државната администрација.



.
--- надополнето: 14 септември 2012 во 15:51 ---
Протести како во Грција или Шпанија само на телевизија. И се разбира контрапротест веднаш на другата страна од улицата.
А второ невработеност од 50% не е возможно, бидејќи тогаш државата би функционирала 1 месец, потоа би колабирала.
Искрено за овој народ само вака и никако поинаку. Чим ви е добро насмејте се да ве сликам.


Леандра не е сеуште создадена климата доволно за таков протест.Сеуште може некако да се врзе крај со крај.

Кога ќе почне да се руши целава кула од карти што е наречена Македонска економија тогаш ќе видиме дали нема да има протести по улици.

Во секој случај такви протести се контрапродуктивни се што ќе направат е да донесат некој комунисти на власт или диктатор.

.
 
Да мислам тоа беше ептен успешна политика последниве 20 години што еве цветаме.Ај да пробаме еднаш со кратење даноци,кратење на буџет и отпуштање на државната администрација
Ти убаво предлагаш,ама прашането е коj има муда да го направи.
 
Ти убаво предлагаш,ама прашането е коj има муда да го направи.

Пазарот има муда да го направи.Кога реалниот сектор ќе пропадне под тежината на паразитит,и буџетот ќе се намали и државната администрација ќе си оди дома.

Јас се надевам дека ќе бидам само тогаш нема повеќе да бидам тука зошто најголем дел од народот е или неписмен или горд што е неписмен дека работи како инфлација,акцизи и премногу државна администрација биле демагогии на капиталистите за да не збунат и злоупотребуваат ( ова искрено ми го кажа еден и тие околку него уште се согласуваа и климаа со глави ) и ќе донесат некој комунисти или диктатор па ќе си поминат убаво.

Тогаш сите ќе работат и сабајле ќе трчаат пред 9 да идат до продавница дека после нема ни леб ни млеко.Али важно сите ќе работат и ќе собираат 1 година пари да отидат надвор од Македонија да си купат фармерки или јакна и тоа за нив ќе биде успех во животот.


.
 
Q2 (Вториот квартал) на 2012 балканските икономики одат вака:

1. Турциja +3.2%
2. Романиja +1.7%
3. Бугариja +0,5%
4. Србиja -0.6%
5. Македониja -0.9%
6.Унгариja -1,0%
7. Хрватска -2.1%
8. Словениja -2.2%
9. Кипар -2,4%
10. Грциja -6,3%

Не наjдов податоци за Албаниja, Косово,Црна гора и БиХ ако некоj има - да постира.
Ќе не отепаат сега со изјави дека имаме еден од најмалите падови на БДП-то...:facepalm:
 
Ете им ги извршителите. Знаете колку компании се со блокирани сметки? Не може бе ваква килава економија да ја оптовариш и со извршители кои со пукање на прсти блокираат сметки. Неписмен до неписмен, ти се плукнам во лоповите.
 
Почекајте да излези со став *LION* (владин советник и експерт по економија), па тој ќе ви разјасни дека белото не е бело, а црното не е црно :tapp:

Ме интересира... недај боже ако заглавиме уште дали ќе почнат да кастрат од пензиите и платите како во Грција?
 
http://kurir.mk/makedonija/ekonomija/84541-Recesijata-ne-znaci-kraj-na-svetot

До пред десет саати не убедиваа дека нема шанси да ни се деси рецесија, сега од денес нова песна, рецесијата и не е толку страшна, за една година и за банкротот така ќе викаат.

Пробуваат да не месат како тесто, и што е жално има успева кај голем дел од луѓето, и викам на баба ми преѓеска онака уз муабет „чу дека сме во рецесија“, нема појма она, главна вест на нашите медуими е некојси кловн кој раскажува за некаков шверц пред 20 години.
 
Почекајте да излези со став *LION* (владин советник и експерт по економија), па тој ќе ви разјасни дека белото не е бело, а црното не е црно :tapp:

Ме интересира... недај боже ако заглавиме уште дали ќе почнат да кастрат од пензиите и платите како во Грција?

Со ова темпо како што се тргнати работите за 5 до 10 години сакале или нејќеле или ќе ја избркаат пола администрација и ќе ги намалат упола расходите или нема да имаат од каде да исплатат плати и пензии. Со кратење на плати и пензии ништо нема да им остане :)
Јас викам најтешко е сега да ја земеш власта, сега сите ќе бегаат од столот како од ѓавол.
 
Почекајте да излези со став *LION* (владин советник и експерт по економија), па тој ќе ви разјасни дека белото не е бело, а црното не е црно :tapp:

Ме интересира... недај боже ако заглавиме уште дали ќе почнат да кастрат од пензиите и платите како во Грција?

Треба да скастрат едно 100-140К државна администрација за воопшто да може да има надеж па ти види.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom