Горан Пандев

  • Креатор на темата Креатор на темата pinky**
  • Време на започнување Време на започнување
Понудата беше неприфатлива за Пандев, околу 1.5 милиони по сезона се шпекулираше, и остана на тоа. Во суштина, воопшто не е важно. И да се 15 милини не е важно. Како што и не е важна причината зошто еден фудбалер сака да промени клуб или средина.

Важно е што ни еден играч, во ниеден клуб, не е казнет на ваков начин затоа што не сака да потпише нов договор. И тука не можам а да не му дадам 100% поддршка на Пандев.

Пристрасно или непристрасно, сите факти се на страната на Пандев. Ми се смачи да пишувам веќе за ова, темава е официјално исцрпена...

Сите му даваме поддршка на Пандев. Сите се слагаме дека не треба да биде казнет на ваков начин.
Мене ме интересира што е тоа што го натерало Лотито на ваков чекор???
Мафијашкиот карактер?
Затоа прашав погоре, дали некој знае за играч што бил битен за клубот, а си заминал без проблеми со Лотито. Зошто ова му се случува само на Пандев?
 
Подбро му е на Пандев да ја изработи уште оваа година и да ја издржи и потоа ќе може да оди каде сака и подобро да игра бидејќи ќе падне во форма па потоа никој нема ни да го сака.
 
Сите му даваме поддршка на Пандев. Сите се слагаме дека не треба да биде казнет на ваков начин.
Мене ме интересира што е тоа што го натерало Лотито на ваков чекор???
Мафијашкиот карактер?
Затоа прашав погоре, дали некој знае за играч што бил битен за клубот, а си заминал без проблеми со Лотито. Зошто ова му се случува само на Пандев?

Не можам да ти кажам бидејќи не ги пратам толку случувањата во Лацио, но ми се чини дека во последниве години клубот не ни имал некоја ѕвезда. Си замина Дејан Станковиќ во размена за Пандев со доплата, но не се сеќавам дали тогаш беше Лотито или не.

Колку што знам, Лацио заглави во долгови по онаа генерација на ѕвезди која освен една титула дома, на Европска сцена не направи ништо. Клубот беше пред банкрот но се договори со банките да го отплаќа долгот во некој период од 20 години. Лотито требаше да го извади од калта, со тим од слабо платени фудбалери кои нема да го чинат многу, и со заработка од продажба на истите.

Мислам дека работата запна затоа што Лотито се прецени. Пандев е првиот фудбалер од помладите кои дојдоа во клубот, кој прерасна во ѕвезда, и Лотито сакаше да го продаде за огромни пари. Но не може да го продадеш за огромни пари ако го плаќаш мизерно. Затоа, сега му е потребен нов договор, во кој ќе го плати повеќе, за да може да ги извлече оние 15-20 милиони од некоја екипа догодина. Ама сега Пандев не сака. Црц... Боли...

Тука некаде влегува на сцена суетата на Лотито и сега е тоа што е...
 
А можда и да.

Ја би за клуч на темава, срамота е играчов да има своја тема :tapp:
 
А можда и да.

Ја би за клуч на темава, срамота е играчов да има своја тема :tapp:

Шо е сеа, не го сакате у Интер? :pos:

Ако некој планира вакви шупачки коментари да пишуе, подобро нека седи дома.
Фантастично прво полувреме, второ као и увек се застана, Пандев ништо сам не може да одигра, не е магионичар. Плус нема утакмици, искочен од ритам... коментари од луѓе кои фудбал само на ТВ гледале се излишни.
 
А можда и да.

Ја би за клуч на темава, срамота е играчов да има своја тема :tapp:

Ти можеш да си ставиш клуч од темата. Очигледно си таков тип што само негативни страни гледа.
Сега сигурно ќе речеш дека си „реален“. хахаха
Има мнооогу луѓе што се јавуваат со коментар само кога некој ќе погреши. Специјалисти за јадење трици.
Вашите ѕвезди од типот на Ибра, Торес, Пато, Мато, Шато ... сигурно заслужуваат да имаат тема. Кога тие ќе погрешат се јавувате со вакви коментари за да им се затвори темата?:uvo:
 
Фантастично прво полувреме, второ као и увек се застана, Пандев ништо сам не може да одигра, не е магионичар.

Јас не сум знаел дека требало помош од соиграч да дадеш гол кога си во ситуација сам на сам со голман (да потенцирам на две утакмици од кои зависи пласманот за СП)
 
Јас не сум знаел дека требало помош од соиграч да дадеш гол кога си во ситуација сам на сам со голман (да потенцирам на две утакмици од кои зависи пласманот за СП)

А ја не познавам ниту еден играч кој дал сто од сто голови во таква ситуација. Секој греши, нормално е.
 
Шо е сеа, не го сакате у Интер? :pos:

Ако некој планира вакви шупачки коментари да пишуе, подобро нека седи дома.
Фантастично прво полувреме, второ као и увек се застана, Пандев ништо сам не може да одигра, не е магионичар. Плус нема утакмици, искочен од ритам... коментари од луѓе кои фудбал само на ТВ гледале се излишни.

Еве коментар за играта на Пандев да не се повторувам. Се разбира дека сеуште го сакаме во Интер. Во Интер кога ќе им сервира топка на Милито или Балотели, мрежа ќе скинат со неа. А не да гаѓаат гулаби.

Инаку ако мислеше на Marley, он е Миланез кој многу сака да се клади, затоа изгледа како наjголем навивач на Интер :pos:
 
Абе Пандев е крив, нема кој друг. Играч на мечот Седлоски, дефинитивно лидер на репрезентацијата и столб на одбраната.
 
Шо е сеа, не го сакате у Интер? :pos:

Ако некој планира вакви шупачки коментари да пишуе, подобро нека седи дома.
Фантастично прво полувреме, второ као и увек се застана, Пандев ништо сам не може да одигра, не е магионичар. Плус нема утакмици, искочен од ритам... коментари од луѓе кои фудбал само на ТВ гледале се излишни.


Ja не навијам за интер не вреѓај, ова аватаров глуп е кладба :pos2:

Иначе ја со радо срце би го видел пандев у Интер. Ако продолжи да биде шо би рекол Син "Звер" и да е у ваква голгетерска форма како во овие квалификации против норвершка, исланд, шкотска, холандија и тн
 
Абе Пандев е крив, нема кој друг. Играч на мечот Седлоски, дефинитивно лидер на репрезентацијата и столб на одбраната.

Два столба има Седло. Измеѓу нив си поминуваат топки без проблем.
Пандев таа еден на еден требаше да ја погоди во гол, а не во статичната нога на голманот. Многу квалитети има во играта на Пандев, можеби еден на еден со голман и не му е најјака страна.
 
Абе Пандев е крив, нема кој друг. Играч на мечот Седлоски, дефинитивно лидер на репрезентацијата и столб на одбраната.

Ти ова се зафркаваш со нас или озбилен си. Седло беше дупка невидена, заради него ги примивме двата гола и имаше уште два три кикса. Како не се пензионираше после исвиркувањата на Градски.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom