- Член од
- 1 декември 2008
- Мислења
- 1.043
- Поени од реакции
- 182
Понудата беше неприфатлива за Пандев, околу 1.5 милиони по сезона се шпекулираше, и остана на тоа. Во суштина, воопшто не е важно. И да се 15 милини не е важно. Како што и не е важна причината зошто еден фудбалер сака да промени клуб или средина.
Важно е што ни еден играч, во ниеден клуб, не е казнет на ваков начин затоа што не сака да потпише нов договор. И тука не можам а да не му дадам 100% поддршка на Пандев.
Пристрасно или непристрасно, сите факти се на страната на Пандев. Ми се смачи да пишувам веќе за ова, темава е официјално исцрпена...
Сите му даваме поддршка на Пандев. Сите се слагаме дека не треба да биде казнет на ваков начин.
Мене ме интересира што е тоа што го натерало Лотито на ваков чекор???
Мафијашкиот карактер?
Затоа прашав погоре, дали некој знае за играч што бил битен за клубот, а си заминал без проблеми со Лотито. Зошто ова му се случува само на Пандев?


