Креационизам наспроти еволуционизам

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
А еволуцијата е далеку од патосирана. Истата се држи доста солидно и нема претендент на повидок кој би можел да ја замени.

Еххх, што ти се вели „сциентистички оптимизам„....

Но како што напишав пред некој ден до еден од форумџиите: се‘ додека во главата има(ш) само една вистина, која со ништо не е докажана, се‘ до тогаш ќе биде(ш) убеден дека нема подобра од неа...
 
Која иронија. Човек кој верува само во една вистина, кој смета дека догмата е единствениот пат да ти каже ваква работа.
 
Теоријата се менува за да се прилагоди на нашите моментални сознанија.

Ај, не заебавај...:icon_lol:

Ако си толку поклоник по науките, до сега ќе научеше дека, секоја доктрина, која ќе претрпи одредена суштинска промена, треба да го промени и своето име, а не „онака„, по инерција„ да го задржи името, ама да го промени и учењето...

Така, човекот веќе не настанал од мајмун, така, животот не настанал од нежива материја...И сеа, што е тука еволутивно? :confused:
--- надополнето: 13 септември 2012 во 15:55 ---
Да беше црквата волна да ги прифати своите грешки ќе и отстапеше место на науката во потрагата по вистините.

Црквата веќе ја има Вистината, така да недостатокот од вистина, ќе го бараш на некое друго место.
 
Па кој нема потреба од лек, кога е болен? И која е смислата на постоењето на медицина, ако не е лечењето болни?

Но, тоа не значи дека целата своја надеж во излекувањето , треба да ја потрошам на медицината, небаре таа ги има решенијата за сите можни здравствени проблеми!
Реплицирав на пост во кој се велеше дека немало потреба од напредокот и дека истиот ни бил вештачки наметнат, не на потребата да се лечи човек кога е болен, тоа беше само пример.

Ако не бев јасен - антибиотици кои лечат бронхитис = напредок. Доктори кои се способни да ја одредат правата болест= напредок. Медицинска сестра која знае да ти ја погоди вената = напредок.

Поп шо чита книга или пак бетер, слепа верба дека тоа е божја волја=/= напредок.

Во мојот случај напредок= живот.
немање напредок=смрт.
 
Креација вс Еволуција....Хмммм...интересен дуел, али прво треба да се реши прашањето кое е над ова..а то е дали воопшто постои Бог?
 
Ај, не заебавај...:icon_lol:

Ако си толку поклоник по науките, до сега ќе научеше дека, секоја доктрина, која ќе претрпи одредена суштинска промена, треба да го промени и своето име, а не „онака„, по инерција„ да го задржи името, ама да го промени и учењето...

Така, човекот веќе не настанал од мајмун, така, животот не настанал од нежива материја...И сеа, што е тука еволутивно? :confused:

Црквата веќе ја има Вистината, така да недостатокот од вистина, ќе го бараш на некое друго место.
Точно, затоа имаме православни, католици,протестанти,мормони..., се менува доктрината.
Науката не е доктрина, клучен дел од истата е способната сама да се преиспитува и да се исправа.

Инаку нешто слабо Теорија на Еволуција или расположен си за зезање денес:icon_lol:
 
Креација вс Еволуција....Хмммм...интересен дуел, али прво треба да се реши прашањето кое е над ова..а то е дали воопшто постои Бог?
Ти ова сериозно?
:pos::pos: лајкот оти ме изнасмеа.
Ај оди читни што е креационизам па ќе се смееме заедно.

Еве да читаш http://en.wikipedia.org/wiki/Creationism момче bobipp
 
Точно, затоа имаме православни, католици,протестанти,мормони..., се менува доктрината.
Науката не е доктрина, клучен дел од истата е способната сама да се преиспитува и да се исправа.

Е видиш. оваа забелешка Ти е на место: штом се менува доктрината, се појавуваат и проблеми, така? Несомнено е дека промената во доктрината во единствената Црква, доведе до нејзина поделба, а подоцна и под-под-под поделби.

Е сега, зашто не го примениш тој принцип и на науките, или сметаш дека сите истражувачи, во одредени науки, се унисони кога е во прашање нивната наука? Зарем не смеат да мислат слободоумно и да изнесат и поинакви ставови од оние кои се општо познати и „као„ прифатени?

Па тоа недопуштање не е ништо друго, туку модерен облик на инквизиција: ако мислиш поинаку од нас, ќе те отшутираме и од работа, но и од професијата!....:icon_lol:
 
Се е дозволено да се мисли, ама кога ќе дојде моментот да се тврди нешто, потребно е истото да е поткрепено со докази.
Едно типче, има тврдено дека ништо потешко од воздухот не може да лета. Истиот во свое време е сметан за авторитет од областа на физиката и е бил претседател на Кралското Друштво. признание има за работите за кои бил во право, а се учи од неговите грешки (субјективни)со цел да има напредок во науката.
--- надополнето: 13 септември 2012 во 16:23 ---
Не ја „копчам„ реченицава...
Не, дека ниту ТЕ се занимава со настанокот на живиот свет ниту смета дека човекот настанал од мајмун. Мислев дека се зезаш.
 
Ти ова сериозно?
:pos::pos: лајкот оти ме изнасмеа.
Ај оди читни што е креационизам па ќе се смееме заедно.

Еве да читаш http://en.wikipedia.org/wiki/Creationism момче bobipp
Па добро де го знаев ова. И шо е проблемот со моето прашање? Ти си окорили атеист (според никот) или тоа ти е само си саркастичен?
 
Ама мувите се пак муви:cautious:

1. Дали мувите ќе бидат муви после 4.000.000 генерации у кутија?

2. Дали кутиските муви, после 4М генерации, ќе можат да се парат со обични гомнарки?

Те молам, пробај да шпекулираш.
 
Па добро де го знаев ова. И шо е проблемот со моето прашање? Ти си окорили атеист (според никот) или тоа ти е само си саркастичен?
Јас сум пола атеист пола шаман. Две у едно разбираш..... ко нескафе...:D
Ако си го знаел нема логика во прашањето.
Бог или еволуција, ама поголемо е прашањето дали има бог?
Ти е логично тебе горново прашање?
 
Па кој нема потреба од лек, кога е болен? И која е смислата на постоењето на медицина, ако не е лечењето болни?

Создавањето на лековите се темели на постулатите на Теоријата на еволуција. Ниту еден антибиотик не би бил можен доколку не постои еволуцијата. Ти тоа го знаеш, ама одбираш да не го сфаќаш кога збориш за Јахве.

По форумов, а и шире, ја негираш еволуцијата, а ко ќе ти го бапнат антибиотикот у г'з викаш „фала богу“. Не мислиш дека е тоа сериозно хипокритско однесување?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom