- Член од
- 7 јануари 2008
- Мислења
- 5.366
- Поени од реакции
- 804
Забраната за возење мотори во периодот од 23 часот навечер до 5 часот наутро ќе се однесува само на моторџиите од категоријата возачи-почетници и за моторите со зафатнина поголема од 125 кубни сантиметри, објаснуваат од МВР.Овој закон важи ли за М категорија (велосипед со помошен мотор)?
Поминаа 2 години откако положив и сега имам право да возам после 23 часот или не ?
Моторџиите-почетници покрај забраната за возење во ноќните часови нема да смеат да возат мотори со јачина поголема од 25 киловати.
- Возачите-почетници не смеат да возат мотор во периодот од 23 часот до 5 часот изутрина. Не смеат ниту да возат возило чија сила на моторот е поголема од 25 киловати, што е околу 33 коњски сили. Се смета дека возачот е почетник во периодот од две години од издавањето на возачката дозвола. Казната за непочитување на овие ограничувања изнесува 400 евра во денарска противвредност.