Законот за забрана за возење од 23 до 05 часот.

Член од
7 јануари 2008
Мислења
5.366
Поени од реакции
804
Овој закон важи ли за М категорија (велосипед со помошен мотор)?
Поминаа 2 години откако положив и сега имам право да возам после 23 часот или не ?
Забраната за возење мотори во периодот од 23 часот навечер до 5 часот наутро ќе се однесува само на моторџиите од категоријата возачи-почетници и за моторите со зафатнина поголема од 125 кубни сантиметри, објаснуваат од МВР.
Моторџиите-почетници покрај забраната за возење во ноќните часови нема да смеат да возат мотори со јачина поголема од 25 киловати.

- Возачите-почетници не смеат да возат мотор во периодот од 23 часот до 5 часот изутрина. Не смеат ниту да возат возило чија сила на моторот е поголема од 25 киловати, што е околу 33 коњски сили. Се смета дека возачот е почетник во периодот од две години од издавањето на возачката дозвола. Казната за непочитување на овие ограничувања изнесува 400 евра во денарска противвредност.
 
ice_cube

The SexX.
Член од
16 јули 2008
Мислења
2.240
Поени од реакции
309
Ебате законот глуп, полнолетни сме а ни го ограничуваат правото на движење !
Да се зимаше дозвола од 16 години, па од 16 до 18 да не смее тој период ок, ама овие нешо праат а ни сами не знаат шо сакаат да постигнат...
 
Член од
12 март 2008
Мислења
1.058
Поени од реакции
761

Таман си е законот, ај ти. Изгледа те тангира, па се наоѓаш увреден/а. Пола Скопје е неписмено за кола, а има дозвола. Поготово копиљаната од по осамнаес-деветнаес. Застани една вечер од 11 до 2 у центар на семафори, троа проанализирај што све проаѓа низ град, па ќе прајме муабет. Милион пути до сеа ке сум имал сообраќајка со такви новопечени деца позади волан. А ако контра аргумент ти е дека можно е да си подобар возач со 18 години возраст и пола година искуство отколу со 35 години возраст и со 15 години искуство, одма да ти кажам дека не ти држи. Статистиката не ти е во корист во овој случај.
 
Законот го ограничува правото на слободно движење на полнолетна личност. Тоа е мојот аргумент.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Законот го ограничува правото на слободно движење на полнолетна личност. Тоа е мојот аргумент.
Пешачи, вози точак, скирол, ролерки, вози се со јавен превоз... Кој ти го ограничва то?

Далеку си од ограничување на слободно движење.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.581
Според мене 2 години се многу, сосема доволно се 6 месеци за новиот возач кој активно ке вози автомобил за тој период, да се адаптира и да стекне некаква рутина и искуство во сообраќајот.
Според некоја моја логика, мислам дека е 2 години забраната за возење после 23h, ради пијанчењето навечер, и кога ке се спои пиење и неискуство со мала доза на лудост, желба за докажување на кој му е поголем и крв која врие позади воланот на некое бесно BMW, тогаш гадни работи се дешаваат.
Но за тоа постои закон за алкохолизирана состојба. Како и да е, не се добро стокмени законите за новите возачи.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
доволно се 6 месеци за новиот возач кој активно ке вози автомобил за тој период, да се адаптира и да стекне некаква рутина
Oна подвлеченото... е многу битен елемент. Ама никој незнае како да го покажи тоа АКТИВНО. Пошто идиме до моментот: голем дел од другарите мој положија заедно со мене (2005-та). Јас имав возило, тие немаа, па во првите 2 години поминаја 100 километри сосе авто школа, а јас поминав преку 40.000...

2 години забраната за возење после 23h
Да те испрам тро... 2 години забраната е за тие шо немат 2 години искуство и имат над 21 година... шо значи за тие шо положиле (или имаат намера да полагаат) на 18 години, забраната важи дури да наполнат 21 година, или 3 години искуство.

Според некоја моја логика, мислам дека е 2 години забраната за возење после 23h, ради пијанчењето навечер, и кога ке се спои пиење и неискуство со мала доза на лудост, желба за докажување на кој му е поголем и крв која врие позади воланот на некое бесно BMW, тогаш гадни работи се дешаваат.
Но за тоа постои закон за алкохолизирана состојба. Како и да е, не се добро стокмени законите за новите возачи.
Немора да си напиен за да имаш желба да се тркаш... А и казните сега се зголемија малку појќе за возење под алкохол. Кога се гласаше законот, сумите беа смешни.
 
ice_cube

The SexX.
Член од
16 јули 2008
Мислења
2.240
Поени од реакции
309
Пешачи, вози точак, скирол, ролерки, вози се со јавен превоз... Кој ти го ограничва то?

Далеку си од ограничување на слободно движење.
Друже дај не ме јеби, точак да возам, џабе ли сум дал толку пари за полагање, па ако заглавам у град (забављати, изјебати), да не можам да се вратам, да треба да чекам 5 сабајле ?

А за казниве, мислам дека се премногу големи за наш стандард, боље цела кола да им ја остаиш...
Според мене, треба да се намалат, да бидат опоменувачки, со пристојна цена. Јес да тогаш помалце ќе се пази народот, ама не бива 500 евра казна мајку му стара :D
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Друже дај не ме јеби, точак да возам, џабе ли сум дал толку пари за полагање, па ако заглавам у град (забављати, изјебати), да не можам да се вратам, да треба да чекам 5 сабајле ?
Тие така се намерно напраени... ако заглавуваш да заглавиш ко шо треба :)

А за казниве, мислам дека се премногу големи за наш стандард, боље цела кола да им ја остаиш...
Според мене, треба да се намалат, да бидат опоменувачки, со пристојна цена. Јес да тогаш помалце ќе се пази народот, ама не бива 500 евра казна мајку му стара :D
Казните за возење под дејство на алкохол и дрога се премали. Читни само колку сообраќајки се напраени годинава со смртни последици заради возење во таква состојба. Јас би одземал возачка на лице место за напиен шофер.

За останатите, се согласувам дека се превисоки.
 
ice_cube

The SexX.
Член од
16 јули 2008
Мислења
2.240
Поени од реакции
309
Џиш, ме интересира твоето мислење за ограничувањето на јачината на моторот на не посилен од 100 коњски сили.
Не сме америка па по 3 коли да имаме, и со која сакам да идам кај сакам... Беља се праи и со BMW и со Zastava 101. :/

А за ова со казниве за возење во пијана и наркотична состојба, во право си.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Џиш, ме интересира твоето мислење за ограничувањето на јачината на моторот на не посилен од 100 коњски сили.
Не сме америка па по 3 коли да имаме, и со која сакам да идам кај сакам... Беља се праи и со BMW и со Zastava 101. :/
Aбе... само ригорозни казни за тркачите, и то е.

Јас не би ограничувал кубикажа и кс, пошто има некој шо вози в6 машина примерено. Ама затоа би поставил многу повеќе патроли навечер и лепел по 80 казнени поени + парична казна од 100 евра за непочитување на правила ноќе. Па ако ти е убо, нека те фатат 2 пати (со 100-ка ојде возачката). Во прекршувањата спаѓаат: ноќно тркање низ град, возење во грешната лента, минување на црвено светло... од тоа последното за малку ќе настрадав пред некоја недела, па од тогаш си намалувам и на зелено, да не има некој залетан за секој случај...

За возење под дејство на алкохол: почетници толеранција 0 (баш како што е сега), искусни дозволено до 0,3 казна и 50 бодови измеѓу 0,3 и 0,8 промили и над 0,8 промили директно одземање на дозвола, забрана за полагање 1 година и 500 еврони казна. А ако напрајш сообраќајка во алкохолизирана состојба (над 0.3), 100 казнени поени, забрана за полагање 2 години и парична казна. За возење под дејство на дрога, нема ни да коментирам...

Па бујрум да ве видам, возете пијани/издрогирани.
 
Toneh

is a turtle
Член од
21 август 2005
Мислења
5.510
Поени од реакции
907
Јас да прашам, пошто немам поим, колку се 0.3 промили?
Од аспект на видови на пијалоци/чаши испиени.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Јас да прашам, пошто немам поим, колку се 0.3 промили?
Од аспект на видови на пијалоци/чаши испиени.
Многу зависи... колку имаш испиено, пред колку време - од тестирањето, шо имаш јадено, колкав си...

Него најдов дека алко тестери се продаваат низ државава по цена од 300 денари. Така да кој е мерак да си пивни, не е лошо да си има еден в кола.
 
Toneh

is a turtle
Член од
21 август 2005
Мислења
5.510
Поени од реакции
907
Многу зависи... колку имаш испиено, пред колку време - од тестирањето, шо имаш јадено, колкав си...

Него најдов дека алко тестери се продаваат низ државава по цена од 300 денари. Така да кој е мерак да си пивни, не е лошо да си има еден в кола.
Јас ни капка не ставам в уста кога возам, или кога знам дека ќе треба да возам, ама си прашав онака. Фала ти. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom