Горан Пандев

  • Креатор на темата Креатор на темата pinky**
  • Време на започнување Време на започнување
сеа Јонуз на Сител кажа дека Пандев денес ќе потпишел договор со некоја голем клуб.

Нотингем Форест или Лидс Јунајтед? -.-

Сериозно голем клуб може да испадне кој било клуб од Западна Европа (ако потпише вистина)
 
Нотингем Форест или Лидс Јунајтед? -.-

Сериозно голем клуб може да испадне кој било клуб од Западна Европа (ако потпише вистина)

Не било кој клуб, ама било кој клуб од прва половина на табела. Не мора да е некој од гигантите како Челзи, Манчестер Јунајтед, Арсенал, Ливрпул, Баерн Минхен, Интер... Може да е Штутгарт, Фиорентина, Тотенхем, Астон Вила, Севиља, Виљареал...
 
Супер да е клуб од тој ранг. Но сепак не би ме изненадило тоа да е клуб како Расинг Сантандер, Виган, Осасуна или Бохум...

Јонуз: Пандев денеска потпишува со голем европски клуб и растеретен од проблемите ќе пристигне на подготовките

Мала експедиција на најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија денеска точно во 11 часот се собра пред зградата на ФФМ во Скопје и со автобус замина за Охрид, каде до заминувањето за Глазгов, в четврток попладне, ќе се одржат подготовките за претстојните квалификациски дуели со Шкотска и Норвешка.
Покрај домашните репрезентативци, Мојсов и Алими на првата прозивка пристигнаа уште и Грозданоски, Васоски и Петров.
Селекторот Јонуз очекува на утрешниот тренинг во 17 часот експедицијата да биде комплетна со исклучок на Величе Шумоликоски кој има проблем со патната исправа.
Од играчите единствено на повреда се жали Николче Новевски кој денеска ќе направи дополнителни прегледи и ќе го информира селекторот за состојбата.
"Поволен момент за нас е што Пандев ме информира дека денеска потпишува со голем европски клуб и во Охрид ќе пристигне растеретен од проблемите што ги имаше со Лацио. Се надевам дека играчите сега се многу подобро физички подготвени откако пред средбата со Шпанија бидејќи тука не можеме многу да поправиме. Во овие неколку дена ќе се подготвиме тактички за средбата со Шкотска и наша примарна цел ќе биде да постигнеме погодок. Без оглед на пласманот на крајот од квалификациите ќе играме на резултат, иако секој бод во оваа тешка и неизвесна група е добредојден" - изјави пред заминувањето за Охрид селекторот Јонуз кој во Глазгов ќе дебитира со националниот тим на гостински терен.

Нетпрес
 
Пандев ќе потпише со Фиорентина ако се излезе како што треба.Замена за Муту кој би требало некоја дисквалификација да добие.
 
Пандев ќе потпише со Фиорентина ако се излезе како што треба.Замена за Муту кој би требало некоја дисквалификација да добие.

Ова има логика. Муту може да добие дисквалификација зошто треба да му исплати големи пари на Челзи а нема намера (веројатно нема ни толку пари). Згора на тоа, Фиорентина нуди можност да го трампа и Кузманович со доплата, па можно е.

Ова би било фантастично = Лига на Шампиони!!
 
Пандев ќе потпише со Фиорентина ако се излезе како што треба.Замена за Муту кој би требало некоја дисквалификација да добие.
Муту нема право на никаква замена, колку што читав 17 мил мора да ги искешира на Романчо иначе отидна во пензија :wink:

Наисплатливата опција за Лацио според мене е на Вест Хем,5 мил плус 50% од наредниот трансфер на Пандев, со надеж дека ќе потпише за некоја од екипите од големата четворка во Англија за мрсна сума... :toe:

За Пандев, најисплатливо би му било да прифати 2 милиони по сезона нов договор колку што сигурно е спремен да му даде Лотито и да не изиграва курназ или агентот негов што се прави заебан нека му најде клуб кога веќе му ги дигна толку акциите а не да го остави да дреме на клупа, па макар тоа било и до јануари :wink:
 
Лотито не е спремен да му даде ни 1.5 милиони, а камоли 2 :pos:
Се надевам денес ќе потпише Пандев за некој друг клуб и ептен ќе ми е мило што ќе го напушти овој лузерски тим.
 
Ситуацијата со Муту малце е напумпана.Не е така како што се пишува.И да биде суспендиран од Фифа нема да биде одма туку за 2 до 3 месеци изјави неговиот адвокат.Плус ќе има тужба до СУДОТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА.

Иначе Пандев во Фиорентина би се уклопил одлично познавајки го Прандели ќе го стави на позиција која највеќе му лежи и ќе го направи уште поголем играч од што е сега.Уште ако игра со Муту и Џила во први 11 ќе се истакне тродуло и ќе дојде до израз цел негов кавалитет за многу кратко време.Јас типувам за Пандев за клуб како Фиорентна,Атлетико М,Виљареал,Арсенал....не тим од елитата.Само во ваков клуб ќе може да биде стандарден и да напредува,а плус и во Европа би играл константно!!!
 
"Goran Pandev mi se sviđa ali sam trenutno veoma zadovoljan svojim napadom koji je fantastičan", istakao je Murinjo.
Pandev je već bio u Interu od 2001. do 2004. godine, a u Lacio je otišao kada je iz suprotnog smera u Milano došao Dejan Stanković.

али мислам дека е фиорентина клубот кај што ке потпише пандев
 
Лотито не е спремен да му даде ни 1.5 милиони, а камоли 2 :pos:
Се надевам денес ќе потпише Пандев за некој друг клуб и ептен ќе ми е мило што ќе го напушти овој лузерски тим.
Мајсторе доста читаш македонски спорт, те лажат таму уште ли не научи?
П.С. Немој ни да помислиш дека сум заборавил дека ме убедуваше Горан Мазнов дека е бољи од Томасо Роки, тоа најдобро ја отсликува твојата фудбалска експертиза :pos::pos:
 
Повеќе те боли Лацио, од Пандев... Сеуште мислам дека Роки не е „врвен играч“ иако не сум го споредувал со Мазнов. Инаку за твоите „фамозни“ два милиони, Пандев има преговарано со Лацио милион пати за продолжување на договорот и ќе беше задоволен и со 1.5 милиони, ама не бе, сакаат да игра добро, а не сакаат да го плаќаат. Пандев за Лацио има направено повеќе од целиот моментален ростер на клубот, а тие му враќаат на овој начин, играше за мизерна плата, беше најдобар во клубот, поради него оваа сезона ќе играат во Европа... Епа доста му се понижувања, време е да си најде клуб кај што ќе го ценат :)
 
Да отиде во Фиорентина ќе биде топ,ќе игра прва постава башка Фиорентина е многу поквалитетна екипа од Лацио кој веќе редовно ќе игра во ЛШ.
 
Повеќе те боли Лацио, од Пандев... Сеуште мислам дека Роки не е „врвен играч“ иако не сум го споредувал со Мазнов. Инаку за твоите „фамозни“ два милиони, Пандев има преговарано со Лацио милион пати за продолжување на договорот и ќе беше задоволен и со 1.5 милиони, ама не бе, сакаат да игра добро, а не сакаат да го плаќаат. Пандев за Лацио има направено повеќе од целиот моментален ростер на клубот, а тие му враќаат на овој начин, играше за мизерна плата, беше најдобар во клубот, поради него оваа сезона ќе играат во Европа... Епа доста му се понижувања, време е да си најде клуб кај што ќе го ценат :)
Фала богу дека ме боли повеќе за Лацио, ја за Лацио навивам не за Пандев, играчите доаѓаат и си одат, заминале од Лацио играчи што биле 200 пати поквалитетни и поталентирани од Пандев па не дигнале олку прашина ко него, затоа сум изиритиран од неговата постапка. Тој сака да го понижи тимот од кај што еден Неста, Недвед, Верон, Клаудио Лопез, Стам итн. си заминале со почит према клубот, и тоа што тој го направил за нив, а овој сака да го достигне тоа пи**ата Бехрами со најку*винско бегање. Како што реков, да беше Пандев звезда од размери како горенаведените уште во првиот момент кога изјавил дека сака да замине ќе беше дебело платен од Реал или Барса или клуб сличен на нив без ценкање и калкулации.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom