Викам супер ! Нема никаков проблем. Некој порано, некој подоцна ќе ја најде правата особа за ,,таа работа,,. Воопшто нема потреба да се срами некој што на возраст од +20 ја нема изгубено невиноста. За срамење би било да потпаднеш под влијание за сите што зборат за секс и тие што знаат дека си невин те прашуваат леле па како можеш да издржиш, нешто ти фали итн итн. Не може да му фали нешто на некој што никогаш не го имал. Еднаш кога ќе почне, да. Јас верувам дека си човек кој што е растен со вредности, кој знае да цени и почитува. Ќе ја најдеш вистинската личност, таа што ќе ти чука срцето за неа, и ќе знаеш дека со неа треба да го направиш тоа, а ако е добра личност ќе знае и таа да го цени тоа, без разлика дали ќе продолжите и дали ќе трае врската. Комплименти за тебе, дај боже да има се повеќе вакви личности, а се помалку како Моника ...