Гледам почнавте да чекате да излезат сини и незнам какви карти, за да си отидете од Македонија. Всушност, кога ќе размислам подобро, одете си, мислите некој ќе плаче по вас? Песимисти, само да се мрчело нешто.
Не ја напуштам Македонија, па и месечна плата 44.000 евра да ми се нуди. Тоа е тоа.
Едноставно премногу си ја сакам државата и сум благодарна што сум се родила овде, за вака да и враќам. Ако во времето на Филип Втори, Александар Македонски, Гоце Делчев итн вака се откажувале, што ќе бевме сега? НИШТО. Тие ги дале нивните животи за нас, за подобро УТРЕ, ама ова да го видат, ќе се превртуваат во гроб. Срамота.
Што ви фали бе во Македонија?