Горан Пандев

  • Креатор на темата Креатор на темата pinky**
  • Време на започнување Време на започнување
Јас многу сакам да појди во Ливерпул, и покрај многуте шпекулации дека не му одговара англискиот стил јас мислам деја добро ќе се снајди.Одма набавувам дрес ако има трансфер.
 
jas mislam deka pandev vo drugite golemi klubovi nema da igra mnogu ,tuku ke ja izgubi i taa slava so ja ima sega vo lacio.
 
Нека седи во лацио и така е навикнат само да паѓа по терен како што научил во италија:baeh:
 
Мислам дека Пандев треба да ја смени средината, зашто воопшто не му одговара статусот на „ѕвезда“. Сметам дека последнава сезона во Лацио му беше полоша од претходната, не поради тоа што даде помалку голови, туку поради тоа што многу често се наоѓаше во ситуации да даде зицери, а ги промашуваше. Голем број од головите што ги даде не беа некои ремек-дела, како во претходните сезони. Јасно, не може да се занемари и доаѓањето на Зарате, кој веднаш го превзеде приматот на најдобар стрелец во Лацио, но мислам дека Пандев може само да изгуби ако остане таму.

Треба да се пресели во друга лига, каде никој нема да го ферма и каде ќе мора да дава 150% од своите можности, за да биде забележан и успешен. А никаде не е подобра таква средината отколку во Англија. Мислам дека таму Пандев ќе го стават под најстрог режим и или ќе се избори со тоа што ќе стане класа играч, или ќе падне веднаш во заборав.

Некој некаде рече: „Shoot for the moon. Even if you miss, you'll land among the stars.“ Со други зборови, не е успех ако остане на ова што е. Успех е ако направи еден чекор подалеку, не знаејќи дали тој чекор ќе биде правилен или не. Зашто не се работи за тоа дали Пандев ќе успее во Англија, туку дека воопшто ќе се *пресели* во Англија. Самото тоа ќе биде успех за него. Макар и греел клупа, тоа ќе го мотивира што повеќе да работи, за да се избори за првотимскиот статус. Не верувам дека нема воопшто да игра никакви натпревари, зашто сите клубови таму имаат и втори, па и трети постави, кои играат некакви регионални натпревари. Пандев најверојатно ќе треба да помине низ такви сита и решета за да ги убеди менаџерите на тамошните клубови дека заслужува место прво во резервите, потоа на клупата на првите тимови, па дури после тоа место во првите единаесет.

Значи, ако Пандев отиде во Англија, не треба да очекуваме *веднаш* дека ќе го стават во игра. Ќе мора да помине некое време, можеби цела сезона, играјќи споредни натпревари со споредни тимови, за менаџерите да сфатат точно колкави се неговите потенцијали. А убеден сум дека таму ќе го оценат правилно, зашто тоа се цели екипи од луѓе кои работат со фудбалерите.



Значи, јас лично би сакал Пандев да замине во Англија. Ако Ливерпул го земе, тоа ќе биде супер. Исто така, се шушка и дека Арсенал ќе се ослободува од Адебајор, што значи дека таму од напаѓачите ќе им останат само Бендтнер, Аршавин и Едуардо, што сметам дека е премалку за тим како Арсенал. Јасно, ако Венгер сака да унапреди некого од нивната младинска школа, тоа е веќе друг муабет.

Во секој случај, се надевам дека Пандев ќе се избори за првотимски статус, каде и да оди. Зашто во секој случај го заслужува тоа.
 
Kој сака да се обложи со мене дека Пандев на следниот натпревар шо ке го игра за репрезентацијата ке постигне гол?????
 
Kој сака да се обложи со мене дека Пандев на следниот натпревар шо ке го игра за репрезентацијата ке постигне гол?????

Сигурно и Пандев се има обложено со некој дека ќе даде гол, па затоа наместо да подава на слободни играчи, гледа како сам да заврши.
 
Сигурно и Пандев се има обложено со некој дека ќе даде гол, па затоа наместо да подава на слободни играчи, гледа како сам да заврши.

:pos2: Тука се согласувам хахаа... за жал така е... :helou:
 
Читам денес наслов, „Јуве се откажа од Пандев(?), но сега Наполи „загриза“
(линк: http://www.sportskoradio903.com.mk/...com_content&task=blogcategory&id=13&Itemid=26)

Во друг медиум читам наслов „"РОСОНЕРИТЕ" И БОСАНЕЦОТ СЕ ДОГОВОРИЈА
Џеко потпиша со Милан“
(линк: http://www.idividi.com.mk/sport/fudbal/533952/index.html)

Ехх Горанчо наш напатен. Вака се прави трансфер. Најмалку 6 месеци кај нас само тоа беше на насловни страници. Каде ќе одел Пандев, кој се „тепал“ за да го земе Пандев итн. И сега? Каде? „Најзагреаниот“ Баерн веќе купи 2 напаѓачи, Јуве не го сака баш. Кој ќе биде сега? Ливерпул? Арсенал? пффффф. Тешка работа.
Наполи, Сиена, Аталанта ... таму можеби.
Претераа весниците наши со вештачко подигање на интересот за Пандев. Ако не отиде Пандев во многу јак клуб, тоа ќе биде пораз и за нашата нација.
Само да споредам со Един Џеко, кој е пред вратата на Милан. Пред 2-3 месеци ретко кој имаше слушнато за него. Само тие што следат Бундес лига. Ете до каде ќе стигне дечкото. И тоа нема да оди во Милан затоа што Сараевски спорт или босна-online пишувале статии секој ден за него, туку затоа што за Волфзбург даваше голови скоро секое коло, а за Босна играше уште подобро.
 
Наполи прават добра екипа за следната сезона.Не ги продаваат Лавеци и Хамшик (иако има уште време не се знае може ќе си заминат) имаат и други солидни играчи како Денис и Маџо башка го земаа Кваљарела кој беше најдобар поединец во Удинезе така да има конкуренција.Доколку го продадат Лавеци можеби ќе го земат Пандев но не верувам според мене најдобро би се снашол во Арсенал или друг тим каде што ќе добива шанса за игра безразлика дали е послаб тим или појак.
 
Nisto od Real,Juventus,Arsenal itn, ovaj na krajot izgleda vo Bari ke se preseli:nesvest::nesvest::nesvest:
 
Nisto od Real,Juventus,Arsenal itn, ovaj na krajot izgleda vo Bari ke se preseli:nesvest::nesvest::nesvest:

Ете и Наполи се откажа од купување на Горанчо наш ... хе хе хе ... иначе ако појди во Бари и нема да е толку лошо за него , туку да не се случи да го земи некој тим од типот на Албино Лефе или Про патриа :))
 
Се ми мириса дека најблиску е до Фиорентина :toe: за мене солиден клуб кој секого може да изненади...нема да му биде лошо таму :vozbud:
 
Пандев не го бива за во друг тим .. лацио му е супер пошо не треба да се замара да трча... интаљанската лига е спора.. а англиската лига е мнг брза и пандев нема да може да се снајде таму :tapp:
 
Пандев не го бива за во друг тим .. лацио му е супер пошо не треба да се замара да трча... интаљанската лига е спора.. а англиската лига е мнг брза и пандев нема да може да се снајде таму :tapp:


А Бербатов повеќе трча од Пандев..Така мислиш??
 
Ако е вистина дека Фиорентина е заинтересирана тогаш тоа му е најдобра опција. Лацио нема тим.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom