Проклето здравство - малтретирање на луѓе!

Член од
22 април 2005
Мислења
1.338
Поени од реакции
505
Nemam veke zborovi kakvi toa golgoti covek pominuva niz tie kliniki i so kakov sistem se zamara a se obiduva covek da spasi od smrt.
Tatko mi dobi mozocen udar minatiot mesec.Povikuvam brza pomos, i go odnesovme vo 8 septemvri gradskata bolnica. Pred toa morav jas lichno so uste 3 stanari da go zememe tatko mi da go sedneme na stolche i da go vlechkame po skali do ambulatna kola, da go kreneme kako nekoja stoka od stolcheto da go stavime vo ambulantnata kola(alo kade se toa tie vraboteni koi treba da se organizirani i da go napravat pobezbolno toj proces).Vo 8 septemvri go stavija vo nekoja ti tn.soba mu stavija infuzii i fino lepo mi vika jas ke ti go pratam doma na domasna nega.
Alo vikam jas sum sam so nego, kako ke mozam jas da se grizam vo vakva sostojba, nego mu treba medicinska pomos, pa otkako me vide deka ne moze da se zaebava so mene, mi vika ti si inteligenten decko jas bi ti preporacala vo gerijatriski dom da go odnese.I vikam jas na takvo mesto ne go nosam ili grizete se za nego ili kazete kade vo koja druga klinika da go nosam. Mi vika nema leglo! Ajde i toa go prtegoltav nekako i rekov dobro sredete bre vo druga klinika da najdeme mesto za covekov mi umira pred oci tuka. I pak na krajot najdov prijatel koj e bolnicar pa se javi vo drzavna klinika za da mu najdat mesto na nevrologija.
Ostanav so tatko mi taka elgnat pod infuzija da ja cekam brzata pomos za da go odnesat sega od 8 septemvri do drzavna, dodeka sestra mi so drugarka da zavrsat toa administrativni sranja vo drzavna.Cekaj cekaj cekaj ssaat i 40 minuti za brza pomos, tatko mi se zali an glavobolka ne moze da go fokusira pogledot, mu se fati celata leva strana ustata, nogata ,m rakata....a jas cekam onaka....ajde dojdoa brzata pomos, si vlegov so nego pozadi a edna debela plava svinja od sestra si se vozi so mene si gleda nakaj vozacot...tatko mi pocna da pluka zolto i da ne moze da frli sekret od usta, jas trcaj i vikam daj mi kesa, ona vika nemam zemi ova od melnite peleni pa vo nejze neka pluka, i normalno jas bev "sestrata" jas mu staviv kesa na usta a ona si sedese i zapisuvashe. Stignavme vo drzavna tuka normalno po sedmi pat mi vikaat a go premestuvame i tuka mi pukna filmot, mu vikam na toj od kolata daj coveku vikni od bolnica lugje ne mozam veke da go krevam po sedmi pat denes nemam sila, a on mi vika pa ti si mu sin, i tuka zbesnav mu vikam PA TEBE TI E RABOTA BE IDIOTU....zakjute go krena i go odnesoa....
Go stavija vo zenska soba so 7 zeni a toj dezurniot doktor bese poispanichen od malo dete, pochna da trcha niz klinika da kube kosi deka mora neshto da zapishe pa dali toa ke se poistoveti so ne znam kakvi dokumenti, pa sednaa da listaat sve zivo i divo.....
Izvinete vaka sto pisuvam no premnogu sum besen na celiot sistem, tatko mi pocina posle 9 dena,a nikoj od tn.sestri i doktori ne go tretiraa kako covek tuku kako brojka.
 
B

Black Guard

Гостин
Сега така те третираат а и не за џабе имаш ЕМБГ.

Ист пример и на мој роднина му се вслоши овие не се замараа.

Сега па уште и ќе ги бранат пази напад на медицинско лице ќе изедначат со напад на службено лице(полицаец или инспектор)...КОЈ ИДИОТИЗАМ:tapp:
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Жал ми е за татко ти прими го моето најдлабоко сочуство.

Слушај ме сега внимателно:
Земи ги своите најблиски и бегај од оваа земја час поскоро, нели гледаш дека овој систем си ги канибализира сопствените рожби, сопствените граѓани?
п.с
не ме гледај мене јас живеам тука затоа што сум луд.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Најпрво жал ми е за човекот, нека почива во мир :(

Второ, ми падна во очи ова што ти викал дечкото морал да запише, дали ќе се совпадне, што испаничил. Тоа е резултат на реформите на контролорот наш за министер кој на лекарите им нафрла 300 папирологии кои се поважн од здравјето на пациентите :tapp:

Трето, има премногу таму вработени што се деца на ојле и на дојле и знаат дека работното место им е сигурно па не се замараат. Други лица ги работат и нивните работи и обврски и не можат да стигнат после.
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.832
Поени од реакции
4.536
прими мое најискрено сочувство, да бев јас на твое место ќе се обратев по телевизии јавно да се резилат, ама тоа сум само јас
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Жал ми е за татко ти, нека почива во мир :(

После се жалат кога некој ќе ги истепа или ќе им се развика. Па кој нормален ќе ги трпи да си играт мајтап со животите на луѓето? И јас го изгубив дедо ми заради та „грижа“ на докторите кон луѓето.
Само ќотек за нив, ЌОТЕК !
 

macedon89

Провокатор по вокација
Член од
22 јули 2008
Мислења
783
Поени од реакции
582
Кај нас сега сите доктори мора да пополнуваат многу листи и на пациент да губат дневно минимум пола сат само за исписи преписи анамнези...
Во странство тоа го прават докторите специјализанти кои ги има во сите болници (кај нас ги има само во клинички центар Скопје и се во многу мал број). Треба да се вработат многу појке доктори за да се крени квалитетот на услугите во здравствениот сектор.
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Кај нас сега сите доктори мора да пополнуваат многу листи и на пациент да губат дневно минимум пола сат само за исписи преписи анамнези...
Во странство тоа го прават докторите специјализанти кои ги има во сите болници (кај нас ги има само во клинички центар Скопје и се во многу мал број). Треба да се вработат многу појке доктори за да се крени квалитетот на услугите во здравствениот сектор.
Да де, тие листи се поважни од животите на луѓето и неможи да се пополнат од ко ќе се стабилизира состојбата на пациентот.
 

AntiZionist

undergoing construction
Член од
31 март 2009
Мислења
305
Поени од реакции
144
Nemam veke zborovi kakvi toa golgoti covek pominuva niz tie kliniki i so kakov sistem se zamara a se obiduva covek da spasi od smrt.
Tatko mi dobi mozocen udar minatiot mesec.Povikuvam brza pomos, i go odnesovme vo 8 septemvri gradskata bolnica. Pred toa morav jas lichno so uste 3 stanari da go zememe tatko mi da go sedneme na stolche i da go vlechkame po skali do ambulatna kola, da go kreneme kako nekoja stoka od stolcheto da go stavime vo ambulantnata kola(alo kade se toa tie vraboteni koi treba da se organizirani i da go napravat pobezbolno toj proces).Vo 8 septemvri go stavija vo nekoja ti tn.soba mu stavija infuzii i fino lepo mi vika jas ke ti go pratam doma na domasna nega.
Alo vikam jas sum sam so nego, kako ke mozam jas da se grizam vo vakva sostojba, nego mu treba medicinska pomos, pa otkako me vide deka ne moze da se zaebava so mene, mi vika ti si inteligenten decko jas bi ti preporacala vo gerijatriski dom da go odnese.I vikam jas na takvo mesto ne go nosam ili grizete se za nego ili kazete kade vo koja druga klinika da go nosam. Mi vika nema leglo! Ajde i toa go prtegoltav nekako i rekov dobro sredete bre vo druga klinika da najdeme mesto za covekov mi umira pred oci tuka. I pak na krajot najdov prijatel koj e bolnicar pa se javi vo drzavna klinika za da mu najdat mesto na nevrologija.
Ostanav so tatko mi taka elgnat pod infuzija da ja cekam brzata pomos za da go odnesat sega od 8 septemvri do drzavna, dodeka sestra mi so drugarka da zavrsat toa administrativni sranja vo drzavna.Cekaj cekaj cekaj ssaat i 40 minuti za brza pomos, tatko mi se zali an glavobolka ne moze da go fokusira pogledot, mu se fati celata leva strana ustata, nogata ,m rakata....a jas cekam onaka....ajde dojdoa brzata pomos, si vlegov so nego pozadi a edna debela plava svinja od sestra si se vozi so mene si gleda nakaj vozacot...tatko mi pocna da pluka zolto i da ne moze da frli sekret od usta, jas trcaj i vikam daj mi kesa, ona vika nemam zemi ova od melnite peleni pa vo nejze neka pluka, i normalno jas bev "sestrata" jas mu staviv kesa na usta a ona si sedese i zapisuvashe. Stignavme vo drzavna tuka normalno po sedmi pat mi vikaat a go premestuvame i tuka mi pukna filmot, mu vikam na toj od kolata daj coveku vikni od bolnica lugje ne mozam veke da go krevam po sedmi pat denes nemam sila, a on mi vika pa ti si mu sin, i tuka zbesnav mu vikam PA TEBE TI E RABOTA BE IDIOTU....zakjute go krena i go odnesoa....
Go stavija vo zenska soba so 7 zeni a toj dezurniot doktor bese poispanichen od malo dete, pochna da trcha niz klinika da kube kosi deka mora neshto da zapishe pa dali toa ke se poistoveti so ne znam kakvi dokumenti, pa sednaa da listaat sve zivo i divo.....
Izvinete vaka sto pisuvam no premnogu sum besen na celiot sistem, tatko mi pocina posle 9 dena,a nikoj od tn.sestri i doktori ne go tretiraa kako covek tuku kako brojka.
Нека почива во мир, баш ми е криво за татко ти и верувај не си единствен со сличен проблем знам дека нема да ти направат некаква разика но еве ти само неколку примери на лошо третирање на пациенти:
- брза помош во Скопје, жена што доживеала срцев удар неспособните и дале дијагноза висок очен притисок и ја однесле на токсикологија
- човек со запушена вена не сакале да го примат на кардиологија (Скопје) дур не уплатил 2000 евра (чоеков чекал цел ден да го оперираат)
- другите градови не се ништо подобро во Велес дете си ја скршило раката и толку го тегнеле со месеци што кога го донесле во Скопје мораа да му ја ампутираат раката
- во Скопје даваат отпусна листа на човек кој наводно умрел, па на денот на погребот се разбудил
- жена која мислеле дека има тумор на желудник фатила да се пораѓа на операционата маса
- човек кој се мафтал со години по болници на крај умрел од негрижа на лекарите кои не се ни замарале да откријат што му е и кога умрел не навеле причина за неговата смрт во отпусната листа
- дедо ми исто така го мафтаа со тоа што му ја утнаа дијагнозата и касно го оперираа и човекот си умре на операционата маса
- жена чиј проблем го решавале со секакви рецепти и лекови при тоа не знаејќи што и е фатила жолтица од лекови (не знам како се вика)
Знам дека тие што работат како болничари во брза помош се неписмени и во некои од случаите тие се главниот проблем бидејќи речиси 70% од случаите првин ги носат на токсикологија без разлика што на човекот му истекува времето, а нив ич уво не им чуе. Не знам што друго да ти кажам бидејќи ништо нема да ти ја олесни болката ама се надевам дека барем ќе знаеш дека не си сам.
 

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
Прими сочуство.

Нашиве доктори се саксии.
Пред 3 години, почетокот на септември, почнав да добивам болки во увото, после 2 дена болките беа неподносливи (неможев да зборувам, да јадам, да одам) и отидов кај матичниот лекар.
Таа ме прегледа и ми рече дека не ми било ништо, само не ми се одело на школо...
По 10 минутна кавга ми даде упат на оториноларинголог. Кога ме прегледа оториноларингологот ми рече дека имам некоја внатрешна инфекција, и дека ако не сум отишол на доктор уште 1 недела, ке почнел да ми се губи слухот. Ми препиша лекарства, и кога се вратив кај матичниот лекар да ми ги завери лекарствата, типката ми рече дека специјалистот немал врска.
Која иронија.

еДИТ:
Бабами почна да плука крв, ја пратија во Гевгелија, каде што лежеше 5 дена. Таму и направија р-ген снимка на желудникот и ни рекоа дека крвта нема врска со желудникот, а добивме совет да и даваме само бела храна (млеко и пире). (незнам која е логиката). Од Гвг ја пратија назад без дијагноза и терапија и ни рекоа дека ја достигнала староста и да ја чекаме да почине. После 2 недели само со вода млеко и пире, таа почина.
Поголема иронија- Бела храна, нема терапија, нема проблем со желудник...
 
P

Princ

Гостин
Прими сочуство и од мене.
Што се однесува до темава, не знам што би зборувале... сите знаеме дека здравството ни е очајно лошо. Моли Бога да не стигнеш до тие врати, инаку си наеал.
 

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
Сочуство и од мене!

Страшно е какви се работи се прават за пари и за не пари и во чии раце се препушта здравјето наше.
Мене пред некое време докторите од Прилеп почнаа да ме лечат од рак , меѓутоа слушајќи од другите за разни мајмунлаци што се прават за што повеќе пациенти да има еден доктор решив да појдам во скопје и да се испитам уште еднаш. Во скопје ми беа направени најподробните испитувања и уствари излезе оти сум здрава ко дрен. Кога се вратив назад со резултатите да им покажам дека погрешиле докторката почна да ме разубедува дека испитувањата се грешни дека не мора да се секогаш точни и ми предложи да продолжам со терапијата и за некој месец повторно да направам испитувања ама не во скопје туку во нејзината амбуланта. А предходно истата ми направи преку 10 испитувања. Тогаш ми светна сијаличката и се налутив страшно мислам дека позеленев од лутина во тој момент ...па ко и се раздрав не знеше каде да се сврти побргу.
Значи ако не појдев јас во скопје на испитувања таја можи ќе ме вратеше уше десет пати и јас ќе потрошев уше не знам колку пари по лекови терапии доктори иако то не е ни најмалку важно кога станува збор за здравјето и второ од терапијата можеби и еден ден толку многу ќе ми се влошеше здравјето што на крајот стварно ќе боледував од нешто.
Башка нервози , напнатост ... цело лето ми се зафркна.
Ама ете за среќа се е в ред . Жива, здрава и весела.
 
Член од
9 март 2012
Мислења
175
Поени од реакции
249
I vo Kumanovo ne se podobri, pred mesec dena bremena zena odnesov vo bolnicata vo kumanovo ginekoloski oddel, i toj den bese praznik ne rabotese nieden ginekolog ni maticen, i ja odnesov zenata, i mi barat bolnicki upat, im rekov dali moze od kaj brza pomos zasto samo tie rabotea toj den ili od urgenten centar kumanovo, i znaete sto mi vika deka osven od maticen ginekolog nieden drug lekar nema pravo da ni dade upat, rekoa deka treba da ostavam kaucija okolu 1500 denari, i koga gi prasav kolku e sigurno tie pari da mi se vratat koga ke go odnesam upatot, samo se nasmea i rece deka nema da gi dobijam parite:facepalm:, ja prasav koj ke bide odgovoren ako slucajno dojde do abortiranje vika deka nema nikoj da e odogovoren, i posle ova da se pravni doktori, lopovi mozda ama doktori nikogas.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Да де, тие листи се поважни од животите на луѓето и неможи да се пополнат од ко ќе се стабилизира состојбата на пациентот.
За тоа не се криви докторите, реформаторот,т.е. инспекторот е крив.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom