Ајдеееее честитооо Мареј.
Веќе Мареј е зрел за титули и за конкуренција , му ги уништи колената на противникот , навистина ме импресионираше со играта , на моменти изведуваше супер поени , фановите на Џоковиќ би рекле : што све не стигна Ноле .... а јас би рекол : Што све не погоди Мареј.
Кога направи 2:0 во сетови , знаев дека има уште меч , пошто џокович играше добро , а и тие два сета беа изедначени , и ај реков да видам и третиот сет потоа ќе легнам ... третиот иако не беше којзнае каква разлика во играта заврши катастрофално , потоа ме фати нервоза , дал да спијам дал да продолжам да гледам до крај , и одлучив одиме до крај , на се или ништо ... и на крај на петиот сет , ме изненади со два брејка на почеток, иако знаев дека нема да биде стабилен , знаев дека полошо ќе минува на свој сервис него на противникот ... се деси што се деси , вредеше што го пратив мечот до крај.
Само што сеуште е несреќен играч , можеби така му е пишано од Бога , нема што да се прави тука.
Многу ги прокоцкува шансите , 40:0 , три брејк шанси си има , а не ги искористува.
Потоа има две брејк шанси не ги искористува , а одма потоа го губи својот сервис.
Но, се подобрува.
Му посакувам успех , и добро е што и тој се приклучува во “елитата“ за да има повеќе атракција.
Ни недостасува само и Надал , се надевам што поскоро и тој ќе се приклучи со топ форма.