Одржан втор конгрес на магија во Скопје + писмо до јавноста

Статус
Затворена за нови мислења.

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
На ден 01.09.12 беше одржан регионален балкански магионичарски конгрес во City hall, Скопје.

Македонската асоцијација на магионичари, НМАМ тимот, домаќинот и организатор на овој настан со ова изразува благодарност до www.cooltura.mk и Сител ТВ, единствените медиуми кои возвратија со внимание на нашите покани упатени до сите познати и помалку познати медиуми, и при тоа посветија соодветен простор за промоција на овој битен настан одржан на наше македонско тло.

Меѓутоа, десетина дена потоа, не стивнува разочарувањето во редовите на организаторот на балканскиот магионичарски Конгрес 2012, произлезено од типичното игнорирање на медиумите во врска со неговото одржување. Имено, доколку функцијата на медиумите е да пренесуваат информации до јавноста и на тој начин да го градат јавното мислење, ова е само доказ за нивниот селективен пристап за пренесување на информациите. Оттука и парадоксалните состојби кои произлегуваат од несоодветното информирање на граѓаните или другите соседни медиуми повеќе да информираат за настани одржани на НАШЕ ТЛО. На пример бугарската национална ТВ најде за потребно да одвои 15 минутен простор на својата телевизија во врска со овој настан, заради присуството на своите бугарски магионичари со што ни даде на значење претставувајќи го настанот како НЕВИДЕН ЕВРОПСКИ СПЕКТАКЛ, а наспроти ваквите карактеристики, нашите македонски медиуми ни ја изразија почитта преку нивното колективно МОЛЧЕЊЕ, со чест на исклучоците, Сител ТВ и интернет порталот www.cooltura.mk.


Ова е само уште една потврда дека селективниот пристап при објавувањето на информациите, е штетен по ентузијазмот на луѓето кои како дел од тимот на организаторот кои посветија несебична енергија и време при креирањето на целокупната манифестација, оставени и заборавени од сите државни органи, медиуми, пишани и непишани, раководејќи се само и единствено од сопствената визија и креација.

Заради голема резигнираност на НМАМ тимот од молкот на медиумите за балканскиот Конгрес 2012, со ова им изјавуваме голема благодарност на ретките визионери и подржувачи на овој голем спектакл кој со својот придонес направија истиот да биде можен, а тоа се: Пивница Стар Град, Фотокопир Тони, Модно студио Црнокрак, Котиледон Продукција, City hall, Солопром, Avers, Хотел Ani.

Голем поздрав до целата македонска јавност и сите наши фанови, кои и понатаму можат да не следат единствено на нашите интернет портали, знaчи само виртуелно! Магично...

NMAM TEAM - Филип Петрески, PR.
 

TheGeneral

Арогантно копиле
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
583
Интересна тема за дискусија! :)
 

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Нема политичари , нема турски серии , нема телевизии .. ко да не знаат како функционират МК телевизиите
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
794
Поени од реакции
633

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
Се слагам, кај нас тешко се разграничува трик,магија,бајачка,гатачка исцелител...
Исто и јас... Право помислив дека се собрале некои вуду магови, шамани...
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
790
Конгрес на магија или трикови? Огромна е разликата, едното не постои.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.445
Све супер ова, али треба да престанат да го користат зборот магија.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Братучед ми присуствуваше. Медиумска поддршка нула, да не ми кажеше детето дека ќе оди на ете магионичарскиот конгрес каде ќе имало магионичари од разни држави, никогаш немаше ни да дознаам.
Си купило детето новчаник што гори и едно шамивче кое се претвара во стапче, кефови е :)
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Имаше dealers show, за илузионисти стриктно, добри реквизити имаа донесено. Дојдени беа еминентни имиња од балканска сцена, плус долгогодишни иселеници во Италија кои имаа баш што да покажат. Навистина штета што никој не го цени ова.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Штета, што не разбрав за ова благовремено - сигурно дека су заитересиран
@ Fantom Fantom
Би препорачал да одржите една представа. До следното Скопско лето е далеку, меѓутоа може за некој празник, на пример за13 Ноември или слично со подршка на Градот
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom