Конгрес на магија или трикови? Огромна е разликата, едното не постои.
Популарното име за илузионизам е "магија". Магионичарите прават "магија". Секако во еден дел од историјата првиве го правеле истото што и вештерките тоест вештерките правеле трикови.
http://en.wikipedia.org/wiki/Discoverie_of_Witchcraft
Со текот на времето, магијата станува "официјална" и тие што ја практикуваат уште се наречени илузионисти и магионичари. Некои од нив своите трикови уште ги препишуваат на супер природните појави кои истите треба да ги претставуваат. Тие уште се наречени и преваранти. Секако останатиот процент од луѓето кои тврдат дека практикуваат магија веруваат во натприродните фактори позади нивните практикувања и не се запознаени со sleight of hand уметноста.
Оригинално, зборот магија во денешниот контекст, потекнува од практикувањата кои ги правеле зороастрианските свештеници.
--- надополнето: Sep 13, 2012 4:51 AM ---
Можда не ви обрнуваат внимание зашто магионичарски трикови се актуелни колку Мајами Вајс. А јас порадо би гледал Мајами Вајс него ова.
Постои шанса да си во право и причината за тоа да биде неактуелноста на магионичарството во Македонија. Твојот избор дали ќе гледаш Мајами Вајс наместо магионичарски трикови е нерелевантен на тоа дали магионичарските трикови се забавни за другите луѓе.