Почна изградбата на автопатската делница Демир Капија - Смоквица

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Битно е дека името не го даваме, па ти. Пари се печалат.
Сериозно покрај еден Гранит кој градеше патишта во цел Блиски Исток, Русија смешно е да се размислува некоја друга фирма и да го земе овој тендер.
И во случај Гранит да не се конкуретни со цената на тендерот, самата влада треба да ја субвенционира резликата само да го земат.
Па парите што ќе ги заработи Гранит 20% односно 40 мил. ќе појдат во даноци, за разлика од некоја странска фирма.
 
Член од
27 август 2012
Мислења
45
Поени од реакции
28

Поприлично лошо е што со свој камен по глава се маваме што им даваме толкав бизнис на грците, ама твојов предлог е полош и од тоа. Ако домашните фирми немаат конкурентни цени и ги субвенционира државата, губат граѓаните дирктно со субвенцијата а губи и стопанството зошто издржуваме фирми-трутови кои не се способни да излезат со конкурентни цени на пазарот. А за тие 20% данок што ќе ги инкасира државата ич не се радувај, зошто тие пари ќе одат кај партиски лепачи на плакати и учки во државна администрација.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
Не бе пријателе не е оправдување теренот , тунелите и све останато , 4 години се претерано многу. Мора да има некоја друга причина.

Еве зошто велам дека теренот не е причина.

Кој бил , знае каков терен е Елбасан - Тирана.

Се гради автопат исто така со 2х2 ленти , дожина 31,1 км (3км подолг) , со ширина од 3,75 метри по лента (25цм поширок за секоја лента , односно вкупно 1 метар поширок од нашиот)

Ние имаме 1,2 км тунели , а тој на Албанија 4,9 км.

И конечно и најважно , тој на Албанија е предвиден да заврши за 24 месеци , но пошто тунелот беше пробиен побрзо , министерот Олдаши вели ќе заврши во пролетта на 2013та , односно за 18 месеци (година и пол)

48 : 18
Абе остај ти Албанија, Албанија е светска енергетска суперсила, не можеме ние со нив.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Поприлично лошо е што со свој камен по глава се маваме што им даваме толкав бизнис на грците, ама твојов предлог е полош и од тоа. Ако домашните фирми немаат конкурентни цени и ги субвенционира државата, губат граѓаните дирктно со субвенцијата а губи и стопанството зошто издржуваме фирми-трутови кои не се способни да излезат со конкурентни цени на пазарот. А за тие 20% данок што ќе ги инкасира државата ич не се радувај, зошто тие пари ќе одат кај партиски лепачи на плакати и учки во државна администрација.
Енвер ако ме прашаш мене јас со моиве оскудни познавање од економијата би ги отпушил добри 50% од неефикаснава администрацијава во Македонија па макар и цркнале на улица и би ја имплементирал чикашката школа, ама да зборниме реално тоа ќе се случи на Куковден кај нас.
Затоа и пишувам подобро да го земи некоја фирма во државава тендорот со надеж дека акционерите и газдите ќе ги арчат парите во државата.
Инаку за Учки и партиски лепачи секогаш ќе има пари кај нас, без разлика дали ќе не репнат по џеб со некој данок или ќе соберат данок од Гранит или пак друга фирма.
--- надополнето: 9 септември 2012 во 12:05 ---
Абе остај ти Албанија, Албанија е светска енергетска суперсила, не можеме ние со нив.
За догледно време како што се развива со ваква астрономска брзина и можам да прочитам од Дарди сите Албанци од Македонија, Швајцарија, Швадска, Холандија ќе почнат масовно да се селат односно враќаат во матичните држави како Албанија и Косово за подобар живот и ќе го имаш сонот за еднонационална држава.
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Мешаш баби и жаби изиграваш експерт а трескаш глупости, сите земји што градат вакви проекти гледаат финансиските средства, да ги обезбедат од странски извори со помала каматна стапка во овој случај 130 милиони евра ќе бидат од Европската ивестициска банка а 170 милиони евра се од Ебор тоа се кредити по помала каматна стапка, а само 45 милиони евра се неповратни, инаку парите пак ке треба да ги враќа нашата држава како и секоја друга држава што влегува во ваков зафат, се фалеле викаш а зашто да не се фалат кога над 80% се кредит што нашата држава треба да ги враќа не ни го прават за џабе автопатот па ние само да го користиме. Не знам што е тука спорно и нејасно кога сите земји на овој принцип градат големи проекти. Што мислите да не била квалитетно изработена физибилити студијата и да не бил издржан проектот дека овие институции така ќе ни позајмеа пари , како не. Не е ова куќа па ајде направи го набрзина проектот и почни следниот месец со градба поминаа неколку години од фаза на физибилати студија додека се најдат финансиери, додека се најде изведувач на проектот на меѓународен тендер до овој момент сега кога почна изградбава , некоја друга влада да ги завршеше подготовките како физибилити студија , финансиери на проектот итн, многу побрзо ќе почнеше проектот, ама некој за да почне со изградба конретно за овој случај морал сам да го сработи, а тоа не се прави за неколку месеци, ама тоа е кај нас најголеми економски и финансиски експерти ќе најдеш на форумот тоа е.
Колко земи сакаш да ти наброjaм,кои не градат вака големи проекти?
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.258
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Срамот жива брука...4 години божем ке градат најсовремен автопат со 7 или 6 ленти...
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Не се секирајте , пак Гранит , Бетон и другите помали македонски градежни фирми ке го градат автопатот , за половина од средствата кои ке им ги платиме на гејците . На тој начин к..... вавилонска не натера да го финансираме со еден дел грчкиот долг .
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.596
Поени од реакции
1.927
mnogu mi e nekakao 4 godini, iako terenot e dosta los.
ke ima baja zaleduvanje na ovoj del zime, ke bide klizacka.
ke ni go zezne lovot na ovoj del, oti tamu se tepaat bajagi divi biski :D

ama super e so konecno pocna. aj neka ja premestat i prugata i neka ja napravat veke ednas taa brana
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.331
Поени од реакции
15.592
По логикава на Лион, секоја земја се задолжува за градење автопати, за пензии и плати на административци... Па кај одат нашите пари од даноците? Каде?
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
За вакви големи проекти мора да се задолжува владата, а кој ги дава парите тој кажува кој ќе гради. У овој случај ќе ги исфинансираме Грците.
 
F

fantomX

Гостин
Не читам манифести и слични партиски библии, ама дали има негде нешто, барем збор, за доработка на патот Прилеп - Велес преку Прилепското езеро, кој е дел од делницата М5 која од Прилеп продолжува за Битола и Охрид?
Ако не е, ги замолувам неколкуте возвишени економски експерти од форумов да пресметаат колку мито треба да се плати и каде за оваа работа да заживее. Пишете го ко услуга, ко за вадење возачка дозвола побрзо, мито е тежок збор. Консултантска услуга.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
Се е тоа фино ама додега го изградат овој дел, останавме без автопат Скопје Велес Скопје, а и магистралните и локални не се многу за пофалба.
Посебно од Катланово до пред Велес (и назад), автопатот не личи на автопат ниту ги има стандардите за безбедност.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.464
Поени од реакции
5.881
Не читам манифести и слични партиски библии, ама дали има негде нешто, барем збор, за доработка на патот Прилеп - Велес преку Прилепското езеро, кој е дел од делницата М5 која од Прилеп продолжува за Битола и Охрид?
Ако не е, ги замолувам неколкуте возвишени економски експерти од форумов да пресметаат колку мито треба да се плати и каде за оваа работа да заживее. Пишете го ко услуга, ко за вадење возачка дозвола побрзо, мито е тежок збор. Консултантска услуга.
Ако мислеше на ова :

Подобрување на патна врска од Градско до Прилеп и Битола преку изградба на експресен пат до Градско преку Росоман и Дреново

Проектот предвидува изградба на пат со коловоз кој опфаќа две ленти со ширина од 3,75 м и две бавни ленти со
ширина од 2,5 м.

Вредноста на проектот се проценува на 80 милиони евра. Средствата се планира да бидат обезбедени со заем од меѓународните финансиски институции и национално кофинансирање од Буџетот на Република Македонија.

Со изградбата на новиот експресен пат во должина од 25,8 км, ќе се добие пат со минимум три ленти од Градско до Прилеп. Делницата ќе минува во близина на населените места Раец, Дреново, Камен Дол, Сирково,
Крушевица и Градско.

Рок за изградба : 2012-2016 година
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.464
Поени од реакции
5.881
Кога ќе видиш дека сите патишта се предвидени да се изградат во оваа време , и тоа најголем дел од нив со заеми , тогаш шансите да се реализираат сите овие патишта се минимални.
Уште кога знаеш дека селските патишта за овија су поприоритетни (барем така рекоа).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom