Кога треба да се креира потомство?

Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
--- надополнето: 10 септември 2012 во 02:17 ---

Ке се најдеш во таква ситуација ако си МРЗА.

Ако си мрза???

Што е ова, заклучок според исцрпните теории на wanna be-famous психолозите од типот на Џозеф Марфи? Демек стапката на невработеност е во константен раст, а правата на работниците во константно опаѓање ради мрза?

Јасно е дека ќе се бориш за повеќе ако веќе имаш дете, јасно е дека многу малку работи ќе ти претставуваат тешкотија ако од нив зависи среќата и благосостојбата на детето. Она што очигледно не е јасно е дека ако веќе се наоѓаш во некоја мизерна животна ситуација, а немаш деца, можда, само можда - таа ситуација и не е баш најповолна за започнување семејство и тоа само затоа што годините ти дошле, или затоа што си во врска со партнерот одредено време.
Паролата „по секоја цена“ генерално ми е одбивна, а кога станува збор за деца, применета во било кој фаталистички концепт е неиздржана и сурова.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.868
Поени од реакции
23.261
@RocknRolaa само сакам да прашам на што години си, мислам дали си тинејџерка или ја премина двајсетката или триесетката. Чисто да знаеме со каква личност правиме муабет. Дали уште верува во бајки или ја има спознаено реалноста.
И какви се тие услови според тебе пошто тоа е индивидуално за секого за да ти се спремна да имаш потомство?
Ете во кратки црти наброи што треба да имаш ти постигнато во животот за да ги исплонуваш тие услови.
И што е најважно јас иако сум за абортусот како лично право на секоја жена, дали ти лично ете и да ги немаш достигнато своите зацртани услови останеш бремена по некоја случајност од ке напоменам саканата личност или ете твојот маж сеедно.
Дали ти би го абортирала тоа дете само ради што ете ги немаш достигнато тие твој идеали или услови??
А и да ги имаш и ете имаш и деца, што ако недајбоже се случи нешто и преку ноќ да изгубиш се( претежно мислам финасиски ). Дали ке ги напуштиш твоите деца или ?
Се надевам досега свати дека овој пост не е за да добијам некои одговори туку едноставно да се замислиш дека животот е непредвидлив.Неможеш едноставно на тоа така да гледаш, тркало е тоа, еден ден си горе другиот ден си долу. Блазесиму на тие кои успеале да постигнат тоа и што го имаа наумено во животот. Ретки се тие, мноогу ретки скоро како митски суштества.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.330
Поени од реакции
4.127

Апсолутно се сложувам дека има мизерни моменти и периоди кои може би не се најдобри за основање на семејство и добро е да се пребродат па после да се формира семејство, тука нема дискусија. Јас не се сложувам со мислењата дека треба да се обезбедат услови од типот ,,имам се на лагер и многу пари,, па сега ке правам дете за кое еве однапред знам дека ке можам да му овозможам се што ке посака...
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Се води ли некаде некоја статистика , колку луѓе немаат брак или деца ? Или оставено е така на милост и немилост....
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
На чија милост и немилост?
Наталитетот е се помал , а проблемот произлегува кај многумина се од финансиската состојаба и неодлучност за формирање на семејство , реков оставени на милост и немилост на државата која треба да се грижи секако за тоа ..............
 
М

Мартин`

Гостин
Многу се убави овие бајковити размислувања - прекрасни се, не за џабе браката Грим достигнале толкава популарност :)
Ако твоите немаат пари да ти овозможат студирање?
Ако изучиш некој занает и немаш капитал за да започнеш нешто свое?

Секако, знам - ќе најдеш работа како чистач, ќе работиш за плата помала од минималец, ќе се откажеш од цигари, целокупната исхрана ќе ти се сведе на мачкање паштети, ќе заборавиш излегување и било какви ситни задоволства, ќе откажеш претплата за интернет, ќе исклучиш парно и ќе купиш ќебиња (веројатно половни)... И ќе се најдеш во состојба на демотивираност, криза, проблеми со дигестивен систем, депресија и фрустрација, асоцијализација и затупеност и секако - премрзнатост и веројатно упала на плуќа. Па, има ли подобро време од опишаново за почнување семејство? Не! Сега е моментот - go for it!
Парите за студирање и не се толку големи па да неможат да ти ги обезбедат родителите, на крај краева веќе ќе чим си дојден до таа фаза на студирање можеш да работиш преку лето 5-6 месеци (во две различни год пример) и да ги извадиш парите барем за две години студирање ако стварно имаш желба. Неможе никој да ми кажа демек немало услови барем за 1 дете да чуваат, а истите тие што го викаат тоа трошат дома по 6000 минимум за цигари и уште 5000 за кафичи, кафани и слични работи.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
@RocknRolaa само сакам да прашам на што години си, мислам дали си тинејџерка или ја премина двајсетката или триесетката. Чисто да знаеме со каква личност правиме муабет. Дали уште верува во бајки или ја има спознаено реалноста.
И какви се тие услови според тебе пошто тоа е индивидуално за секого за да ти се спремна да имаш потомство?
Ете во кратки црти наброи што треба да имаш ти постигнато во животот за да ги исплонуваш тие услови.
И што е најважно јас иако сум за абортусот како лично право на секоја жена, дали ти лично ете и да ги немаш достигнато своите зацртани услови останеш бремена по некоја случајност од ке напоменам саканата личност или ете твојот маж сеедно.
Дали ти би го абортирала тоа дете само ради што ете ги немаш достигнато тие твој идеали или услови??
А и да ги имаш и ете имаш и деца, што ако недајбоже се случи нешто и преку ноќ да изгубиш се( претежно мислам финасиски ). Дали ке ги напуштиш твоите деца или ?
Се надевам досега свати дека овој пост не е за да добијам некои одговори туку едноставно да се замислиш дека животот е непредвидлив.Неможеш едноставно на тоа така да гледаш, тркало е тоа, еден ден си горе другиот ден си долу. Блазесиму на тие кои успеале да постигнат тоа и што го имаа наумено во животот. Ретки се тие, мноогу ретки скоро како митски суштества.
Значи или сум тинејџер, сум прешла дваесет или триесет. Ти го правеше муабетот за Ванѓа така, ете видиш како се вртел кругот:ROFLMAO:

Друже со секоја должна почит, немој да ми тупиш за моето спознавање реалност. Фино си е поставена темата, ги имаш двете страни на приказната бујрум произнеси се на кој став стоиш ти, пошто гледам цел пост напиша мене, а ништо не кажа.

Што ќе правиме сега, ќе ставате триста хипотетски ситуации и примери од тетки и стрини? Многу е јасно прашано: Имаш сопруга, едвај сврзуваш крај со крај со неа, дали СВЕСНО ќе се решиш да создадеш дете во тие услови? Што е тука тешко да се разбере?
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.868
Поени од реакции
23.261
Значи или сум тинејџер, сум прешла дваесет или триесет. Ти го правеше муабетот за Ванѓа така, ете видиш како се вртел кругот:ROFLMAO:

Друже со секоја должна почит, немој да ми тупиш за моето спознавање реалност. Фино си е поставена темата, ги имаш двете страни на приказната бујрум произнеси се на кој став стоиш ти, пошто гледам цел пост напиша мене, а ништо не кажа.

Што ќе правиме сега, ќе ставате триста хипотетски ситуации и примери од тетки и стрини? Многу е јасно прашано: Имаш сопруга, едвај сврзуваш крај со крај со неа, дали СВЕСНО ќе се решиш да создадеш дете во тие услови? Што е тука тешко да се разбере?
Другарке ти да го прочиташе постот како што треба ке сватеше дека нема потреба да реплицираш, што значи или само го прегледа со едно око онака згора преку и побрза да реплицираш или го прочита ама не го свати.

Мене нити ме интересира на шо години си, нити ме интересира дали си мажена или имаш деца или кога и дали планираш да имаш.
Постот беше за сама да си се запрашаш и сама да си дадеш одговори за некои битни работи од животот.
Не напишав за мене пошто нема што да се напише посебно.
На вакво прашање нема црно и бело, сите се во право и никој, во зависност кој како гледа на животот и што сака да постигне во истиот.
Но дали секогаш така испаѓа во реалноста е сосем друг муабет. Не ретко плановите и идеалите од младоста остануваат само тоа. Планови во младоста и неостварени желби. До кога човек ке си го брка сонот од младоста зависи од човек до човек. Некој ке се разбуди на 20 некој на 30 некој цел живот ке го брка тој сон, на некој дури и ке му се оствари. А времето си течи посебно кај жените. Тој биолошкиот часовник чука ли чука.
Тоа ми беше намерата во постот, а не да се расправам и реплицирам со тебе за работа во која нема прави и криви и нема точен и погрешен одговор.
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Парите за студирање и не се толку големи па да неможат да ти ги обезбедат родителите, на крај краева веќе ќе чим си дојден до таа фаза на студирање можеш да работиш преку лето 5-6 месеци (во две различни год пример) и да ги извадиш парите барем за две години студирање ако стварно имаш желба. Неможе никој да ми кажа демек немало услови барем за 1 дете да чуваат, а истите тие што го викаат тоа трошат дома по 6000 минимум за цигари и уште 5000 за кафичи, кафани и слични работи.
Муабетот „тоа не се толку големи пари“ е многу релативен во својата интерпретација. Партиципацијата за на факс за некој значи нешто ситно, како џепарац, за друг е недостижна сума. Постојат луѓе кои работат на своја 18 годишна возраст и тоа не за да се школуваат со заработката, туку за да помогнат дома. Можеби твојата околина се расфрла со пари потрошени на хедонистички начин на живот, но тоа не значи дека од таму треба да го вадиш просекот.
Ужасно ме нервира такво генерализирање и нарочито таква надменост - у смисла на „абе ајде, не можеш. Сите можат да се снајдат - ти не можеш. Не е дека не можеш, него не сакаш.“ Има луге кои реално! не можат и е крајно непристојно да носиш заклучоци и цврсти ставови само затоа што ти не си ја видел другата страна на паричката.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Значи или сум тинејџер, сум прешла дваесет или триесет. Ти го правеше муабетот за Ванѓа така, ете видиш како се вртел кругот:ROFLMAO:

Друже со секоја должна почит, немој да ми тупиш за моето спознавање реалност. Фино си е поставена темата, ги имаш двете страни на приказната бујрум произнеси се на кој став стоиш ти, пошто гледам цел пост напиша мене, а ништо не кажа.

Што ќе правиме сега, ќе ставате триста хипотетски ситуации и примери од тетки и стрини? Многу е јасно прашано: Имаш сопруга, едвај сврзуваш крај со крај со неа, дали СВЕСНО ќе се решиш да создадеш дете во тие услови? Што е тука тешко да се разбере?
Целиот пост напишан екслузивно за тебе е првиот чекор да ти се доближи:D

А тоа што ништо не кажал, срамежлив си е:pos:
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
На час по географија
„професоре, кај има највисок, а каде најнизок наталитет/природен прираст?“
- едноставно deco, vrlo едноставно. Повторете ја пртходната лекција за „разместување на сточарството“ - т.е. козарството, па употребете ја логиката!

:icon_mrgr:

Инаку, исто така, несфатливи ми се и патриотски - исфорсираните муабети од типот „море, деца требит да имаш, види наталитетот ни опаѓа во државава“ и комбинација на сличните.

Ај си викам, и во 21 век, општото добро (државното) да ти биде главен критериум за создавање на семејство.
Шо се случува со Македонијава бе?!
 
М

Мартин`

Гостин
Муабетот „тоа не се толку големи пари“ е многу релативен во својата интерпретација. Партиципацијата за на факс за некој значи нешто ситно, како џепарац, за друг е недостижна сума. Постојат луѓе кои работат на своја 18 годишна возраст и тоа не за да се школуваат со заработката, туку за да помогнат дома. Можеби твојата околина се расфрла со пари потрошени на хедонистички начин на живот, но тоа не значи дека од таму треба да го вадиш просекот.
Ужасно ме нервира такво генерализирање и нарочито таква надменост - у смисла на „абе ајде, не можеш. Сите можат да се снајдат - ти не можеш. Не е дека не можеш, него не сакаш.“ Има луге кои реално! не можат и е крајно непристојно да носиш заклучоци и цврсти ставови само затоа што ти не си ја видел другата страна на паричката.
Јас ти кажувам она што го гледам околу мене а тоа кажува дека 90% од генерацијата се запишува на факултет и значи има барем 200 евра за да плати година, притоа воопшто истите деца не работат ни за да спечалат за факс значи од дома им даваат и притоа не ги тераат да работат (значи има колку-толку). Друго кафаните и кафичите се везден полни и преку ден и навечер макар а сето тоа е пари, околу мене не сум видел никој да умре ниту да гладува за јадење + секоја втора куќа има бар едно превозно средство во домот.. значи не живеам како елита ниту сум, а ниту тие околу мене се ама дека голем трошок било за едно дете да се израсне никако не можам да се согласам - за повеќе од едно веќе не коментирам зошто веќе е посложена ситуацијата :)
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Другарке ти да го прочиташе постот како што треба ке сватеше дека нема потреба да реплицираш, што значи или само го прегледа со едно око онака згора преку и побрза да реплицираш или го прочита ама не го свати.

Мене нити ме интересира на шо години си, нити ме интересира дали си мажена или имаш деца или кога и дали планираш да имаш.
Постот беше за сама да си се запрашаш и сама да си дадеш одговори за некои битни работи од животот.
Не напишав за мене пошто нема што да се напише посебно.
На вакво прашање нема црно и бело, сите се во право и никој, во зависност кој како гледа на животот и што сака да постигне во истиот.
Но дали секогаш така испаѓа во реалноста е сосем друг муабет. Не ретко плановите и идеалите од младоста остануваат само тоа. Планови во младоста и неостварени желби. До кога човек ке си го брка сонот од младоста зависи од човек до човек. Некој ке се разбуди на 20 некој на 30 некој цел живот ке го брка тој сон, на некој дури и ке му се оствари. А времето си течи посебно кај жените. Тој биолошкиот часовник чука ли чука.
Тоа ми беше намерата во постот, а не да се расправам и реплицирам со тебе за работа во која нема прави и криви и нема точен и погрешен одговор.
Владе не може да очекуваш да ми се обратиш во пост, а да очекуваш да не ти одговорам. ;) Инаку нејсе, горе долу се слагам со ова што го пиша во последниот пост, во сите постови потенцирам дека услови се менуваат. Јас конкретно ја потенцирам работата кога можеш да влијаеш врз условите. За останатото пеки, никој не е семоќен.
 
Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.652
Поени од реакции
11.779
Која е смислата на животот ако немаш потомство, фамилија? Ќе уживаш демек без деца, но до кога...
--- надополнето: 9 септември 2012 во 16:21 ---

Биип, Погрешен одговор. Пра-дедо ми фамилијата живееле со една коза, не ни знаеле кој е на власт биле 8 деца, потомство се создава од љубов а не од материјалната можност.За жал и државава пропаѓа ради вакви размислувања...
Глупости......порано било така.....сега јок. И дедо ми кузнај како живееле па сега ќе ми кажува ееее да видиш ние вака ние така ни вода имавме ни ништо. И денес можи така не викам не......ама децата така би биле од ниска класа споредено со еден куп збеснати дечишта. Едноставно не можи. Пара треба и крај. Љубов била доволна?? :pos:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom