- Член од
- 19 март 2012
- Мислења
- 1.439
- Поени од реакции
- 3.810
--- надополнето: 10 септември 2012 во 02:17 ---
Ке се најдеш во таква ситуација ако си МРЗА.
Ако си мрза???
Што е ова, заклучок според исцрпните теории на wanna be-famous психолозите од типот на Џозеф Марфи? Демек стапката на невработеност е во константен раст, а правата на работниците во константно опаѓање ради мрза?
Јасно е дека ќе се бориш за повеќе ако веќе имаш дете, јасно е дека многу малку работи ќе ти претставуваат тешкотија ако од нив зависи среќата и благосостојбата на детето. Она што очигледно не е јасно е дека ако веќе се наоѓаш во некоја мизерна животна ситуација, а немаш деца, можда, само можда - таа ситуација и не е баш најповолна за започнување семејство и тоа само затоа што годините ти дошле, или затоа што си во врска со партнерот одредено време.
Паролата „по секоја цена“ генерално ми е одбивна, а кога станува збор за деца, применета во било кој фаталистички концепт е неиздржана и сурова.