RocknRolaa
Rafa Para Siempre
- Член од
- 21 февруари 2010
- Мислења
- 6.869
- Поени од реакции
- 9.740
Еден муабет што го направив денеска со блиска личност што прерасна во жестока дебата ме испровоцира да ја отворам темава. Значи муабетевме дали е себичност човек да не остави потомство зад себе и колкави услови треба да создадеш за да донесеш дете на овој свет?
Како главна тема се условите и раѓањето деца. Јас стојам на став дека децата се најголемата одговорност во животот, на која треба да им се посветите целосно и да се обидете барем да имате добра стартна позиција материјално при одгледувањето. Тоа не ви гарантира дека нема нешто да им фали или дека вас нема да ве спогоди некоја несреќа па да останете на дно, но сепак претпазливоста не е на одмет.
Личноста со која разговарав стои на ставот дека луѓето не можат да ја предвидат својата иднина, дека денес сме премногу свилени иако сме израснати од баби, дедовци, па и родители кои работеле на ниви, па излегле здрави и живи. Според тоа, нема потреба да се чека да се стане родител и минимално обезбедените услови се доволни за да се оформи семејство.
Па се поставуваат неколку прашања. До кога треба да се чека, ако животот не ви пружал можности од типот на соодветна плата за да обезбедите семејство? Што ако со години едвај сврзувате крај со крај? Би имале ли деца во такви услови? Потоа, себично ли е воопшто да не се остави потомство на светот? Има парови кои немаат потреба да бидат родители, колку и да звучи тоа чудно, дали тие треба под притисок на општеството да имаат иако не сакаат?
Има и други прашања. Од типот, дали навистина станавме преразмазени и свилени и не сакаме да се лишиме од досегашните удобности за да креираме семејство кое секако ќе ни ги одземе истите. Имате многу чест синдром денес, на луѓе со совршено добри услови за живот, со години се во врска но не сакаат да стапат во брак или да оформат семејство, затоа што не би можеле да го тераат досегашниот стил на живот. Дали сте приврзаник на ваквиот тип на размислување или сте против?
И најважното. Што мислите каква ни е иднината, со оглед на сегашната ментална констелација на овие генерации кои сега стапуваат во брак? Ќе имаме ли многудетни семејства или ќе се ограничиме сите на едно дете?