Дежурна Ординација! #2

B

Black Guard

Гостин
Ќе го имам и ова предвид а и ќе го бендисам посеббно се млеко-фала за предлогот:)

Ццц се осеќам како бебе на кое му треба цуцла..кофеин адикшн..тешко е најсериозно, кој не осетил не знае..ајде полека завршив со кафето ставив црвена линија и ТОЧКА.
 
Член од
16 декември 2008
Мислења
391
Поени од реакции
125
Се работи за дијабетичар со пет години на инсулин новомикс со доза наутро 16, а навечер 10 единици. Пред три месеци падна во хипогликемична кома во ноќно спиење, и вечерната доза од 10 единици докторот ја отфрли.
По еден месец комата исто се повтори во спиење. Исто така и во наредниот месец во спиење со пролонгирана кома.
Пресекот на гликоз. хемоглобин е 5,7.
Нема проблем со циркулација. Има потешка ретинопатија. На нервно КТМ е уреден.
Со последната контрола инсулинот докторот го замени со пола таблета глибедал пред доручек.
Меѓутоа пак се случува да падне шеќерот.
Молам за совет како да се регулира шеќерот и воопшто дијагноза што се случува и кои мерки да се превземат.
Мајка ми шекерот го регулира со цимет, малку повеке од пола лажичка во кафе, чај, млеко (сеедно понекогаш и со обична вода) го пие два пати дневно, исто така и пагаше шеќерот, обично наутро и цела се тресеше, докторите и препорачаа навечер да јаде пола чаша кисело млеко претходно ставено во него 1 лажица палента (пчекарно брашно) и така отстојано неколку саати, мегутоа таа е премногу задоволна од циметот, повеке нема никаков проблем со дијабетисот. позз.
 
@0@

Член од
8 септември 2012
Мислења
37
Поени од реакции
12
Sto mislis za pectus excavatum.Bez operacija dali moze da se zivee dolg i normalen zivot.I od estetcka gledna tocka dali na devojka bi i smetalo koga ke vidi takvo nesto.;)
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.422
Поени од реакции
2.203
Sto mislis za pectus excavatum.Bez operacija dali moze da se zivee dolg i normalen zivot.I od estetcka gledna tocka dali na devojka bi i smetalo koga ke vidi takvo nesto.;)
Јас не гледам зошто не би можело, сега незнам колку абнормалноста е изразена, сепак постојат некои индикации на кардиолошки и респираторни потешкотии!
Може да се направи и операција, но незнам дали постои некој хирург кој веќе има корегирано ваков проблем овде кај нас!
А на последното, некој некого ако го сака,ќе мора да ги прифати неговите мани! Секој си има по некоја мана, било да е физичка или психичка! После се сите сме луѓе ,и реално гледано совршеноста е одлика за луѓето во приказните!:)
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Ќе може некоj да ми помогне?
Вечерва повторно имав халуцинациjа т.е се разбудив и видов паjак на креветот опколен со паjажина. Изрипав и ги разбудив сите па мораа да палат светло за да ме уверат дека нема ништо. Не ми е првпат да гледам паjаци и паjажини на ѕидот и околу мене и го изгуглав овоj феномен па сфатив дека не е баш редок но сеуште не се знае диjагноза. Дали вие нешто повеќе знаете за ова?
Не ми се случува секоj ден туку еднаш до двапати во месецот во последните 6 месеци и не верувам дека е поврзан со фобиjа од паjаци поради фактот што не се плашам од нив туку самиот момент да се разбудиш и да видиш огромно паjачиште е прилично шокирачка и страшна поjава.
 
Epics™

Академски граѓанин
Член од
29 септември 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
3.891
Еве веќе една недела имам проблеми со спиењето навечер.
Едноставно неможам да заспијам, а сум преморен и морам да легнам да се одморам, а никако неможам да заспијам.
На пример ќе си легнам околу 1 или 1:30 навечер и ќе се превртувам до 4 или 5 часот, но заспивање никако.

Ќе може ли да ми дадете некој совет како да се вратам во нормала ?

Ви благодарам однапред.
 
King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076

Чај или чаша јогурт пред спиење :)
 
Член од
16 декември 2008
Мислења
391
Поени од реакции
125
Чај или чаша јогурт пред спиење :)
Чај !? Are you sure ? Чајот содржи теин, што може да предизвика несоница. Јас мислам дека за несоница се препорачува чаша топло млеко, без шеќер.
 
King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076
Чај !? Are you sure ? Чајот содржи теин, што може да предизвика несоница. Јас мислам дека за несоница се препорачува чаша топло млеко, без шеќер.
Мене чај од камилица или од нане ме заспива ко бебче.. :)
 
Член од
16 декември 2008
Мислења
391
Поени од реакции
125
Мене чај од камилица или од нане ме заспива ко бебче.. :)
Вајда, дејството зависи и од дополнителни фактори и на секој различно делува ... нема веза секој со своите навики и верувања :)
 
n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Чај !? Are you sure ? Чајот содржи теин, што може да предизвика несоница. Јас мислам дека за несоница се препорачува чаша топло млеко, без шеќер.
Мислиш на црн/зелен/руски/индиски/турски/цејлонски чај.... тоа се напитоци приготвени од листовите на Thea sinensis, кои се разликуваат по начинот на ферментација... и да, тие содржат т.н. ксантински алкалоиди (кофеин, теофилин, теобромин...).

Топлите напитоци познати под името „чај“ на ова поднебје, кои обично се приготвуваат од автохтони видови билки не содржат ксантински алкалоиди, оттука, немаат потенцијал да предизвикаат несоница (барем оние што нашироко се употребуваат), туку баш напротив, најчесто се користат заради нивното противвоспалително дејство (жалфија, камилица...), за смирување (камилица, нане, маточина, мајчина душичка....) итн....
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.858
Поени од реакции
8.418
Ќе може некоj да ми помогне?
Вечерва повторно имав халуцинациjа т.е се разбудив и видов паjак на креветот опколен со паjажина. Изрипав и ги разбудив сите па мораа да палат светло за да ме уверат дека нема ништо. Не ми е првпат да гледам паjаци и паjажини на ѕидот и околу мене и го изгуглав овоj феномен па сфатив дека не е баш редок но сеуште не се знае диjагноза. Дали вие нешто повеќе знаете за ова?
Не ми се случува секоj ден туку еднаш до двапати во месецот во последните 6 месеци и не верувам дека е поврзан со фобиjа од паjаци поради фактот што не се плашам од нив туку самиот момент да се разбудиш и да видиш огромно паjачиште е прилично шокирачка и страшна поjава.
Се плашам дека не гледаш само пајаци :(
 
Kajgana Shop

На врв Bottom