Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Не ми се верува браво за Пандев чим се нашол при вакви имиња како што се сите неможам да издвојам никој иначе што е работава Роналдо (Милан) ?
И јас мислам да остане во Лацио. А ако иде во друг клуб ке биде како Солскјер или Томансон - секогаш резерва. Вака барем е цар во просечен клуб и е секогаш во форма за репрезентација.
Не сфаќам како може да бидете задовлни од тоа што ќе останел Пандев во Лацио !? Па јас не можам да се помирам со фактот дека најдобриот, убедливо најдобриот Македонски фудбалер ќе игра во просечна екипа. Па срам ми е да слушнам дека нашиот Пандев изгубил од некоја си Пескара или Реџина. Да, победи против Милан во купот ама тоа одма се заборава после 2-3 порази од слаби екипи. Во извештаите на итернет од европските сајтови, побарајте, никој не напиша „Лацио победи“, секаде стои „Милан е елиминиран“. Тоа е проклетството да си во слаб клуб. Немаат голема тежина твоите голови.
Ако стварно некој клуб сака да го донесе Пандев, ни Лотито ни Мотито тоа не може да го спречи. Јас мислам дека Пандев, за жал, е само на поширок список кај јаките клубови.
Кој Пандев бе,кој ве лажи...земете реалноста во обзир,не може да издржи 40мин темпо
Знаете има некој кој многу појќе познава фудбалската игра,а лацио е идеален клуб за него,друг не постои...не читајте пропаганди за пандев,лажни се сите
Не сфаќам како може да бидете задовлни од тоа што ќе останел Пандев во Лацио !? Па јас не можам да се помирам со фактот дека најдобриот, убедливо најдобриот Македонски фудбалер ќе игра во просечна екипа. Па срам ми е да слушнам дека нашиот Пандев изгубил од некоја си Пескара или Реџина. Да, победи против Милан во купот ама тоа одма се заборава после 2-3 порази од слаби екипи.
Јас од изјавите на Пандев сфатив дека ќе остане во Лацио подолго, дека ќе го продолжи договорот. Ако е само уште една година, тогаш супер. Само не сакам да му избега возот.
Замислете што ќе се случеше со Торез ако сакаше да си остане во Атлетико М. или Нилстерој ако сакаше да си остане во ПСВ, или Роналдињо ако сакаше да остане во ПСЖ. Никогаш немаше да станат светски ѕвезди. Јас не сакам Пандев да остане само локален херој, овде во Македонија. Штета би било.
И пак ќе повторам, сето ова се однесува само ако некој клуб навистина го сака Пандев, а тоа ќе го покаже времето.
Можат да изгубат и Реал и Челзи од послаб тим, тоа се вика изненадување. Ако Лацио изгуби од тапа тим, не е изненадување. Еден гол постигнат за Реал, Челзи, Интер или Милан ќе го раскажуваат пола свет, тоа нема да се случи ниту со хет трик за Лацио.Па што ако изгубил од екипа како Пескара или Реџина? Мислиш ако игра во Реал не може да се случи да изгуби од екипа како Гетафе, или ако игра во Челзи да изгуби од екипа како Барнли?
Пандев не е херој само во Македонија, туку и во Рим. Затоа не верувам дека Лотито лесно ќе се откаже од него.
Можат да изгубат и Реал и Челзи од послаб тим, тоа се вика изненадување. Ако Лацио изгуби од тапа тим, не е изненадување. Еден гол постигнат за Реал, Челзи, Интер или Милан ќе го раскажуваат пола свет, тоа нема да се случи ниту со хет трик за Лацио.
Цело време сакам да кажам дека Пандев не треба да се плаши од поголем предизвик, да прифати некоја понуда, а не да се задоволува со Лацио. Сакам Македонец во ЛШ, во голем клуб,
Прашање е дали големите клубови го сакаат.
Во Рим да, само во реонот каде што е Лацио. Зарем тоа е доволно за талент како Пандев?
Така ќе биде се додека Пандев не замине да тресе мрежи за Реал, Челзи, Баерн, Интер .... Дури тогаш ќе има општо мислење за него дека е квалитетен напаѓач.
Што се однесува до тоа дека Пандев треба да прифати некоја голема понуда, уште еднаш ќе повторам, до сега немало никакви понуди. Само шпекулации од сајтовите како Goal.com и особено од нашите весници.