Горан Пандев

  • Креатор на темата Креатор на темата pinky**
  • Време на започнување Време на започнување
Значи секоја чест за Пандев! Човекот е :zver: над :zver:овите!

И ете, доби повик за репрезентацијата на светот! Сосема заслужено!

НАПРЕД ПАНДЕВ! НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!!!!!
 
Не ми се верува браво за Пандев чим се нашол при вакви имиња како што се сите неможам да издвојам никој иначе што е работава Роналдо (Милан) ?

Грешка некоја. Требало да пишат без клуб...
 
ај да видиме дали ќе му понудат некоја астрономска сума,
и дали ќе блесне во лига на шампиони, лани Реал ги седна на гас со далеку послаб тим од Реал,
ме интересира дали би се уиграл во некој шампионски тим, јас верувам во него
 
Кој Пандев бе,кој ве лажи...земете реалноста во обзир,не може да издржи 40мин темпо
Знаете има некој кој многу појќе познава фудбалската игра,а лацио е идеален клуб за него,друг не постои...не читајте пропаганди за пандев,лажни се сите
 
И јас мислам да остане во Лацио. А ако иде во друг клуб ке биде како Солскјер или Томансон - секогаш резерва. Вака барем е цар во просечен клуб и е секогаш во форма за репрезентација.
 
И јас мислам да остане во Лацио. А ако иде во друг клуб ке биде како Солскјер или Томансон - секогаш резерва. Вака барем е цар во просечен клуб и е секогаш во форма за репрезентација.

Не знам што да кажам за она „просечен клуб“... Едно време Зенит од Санкт Петерсбург се интересираше за Пандев, зашто според сите најави Аршавин ќе им одеше во Тотенхем, па Пандев ќе им бил идеална замена... Не знам што стана со тој муабет, ама не би рекол дека Зенит е *просечен* клуб, зашто редовно е или во Лигата на шампиони или во Купот на УЕФА и секогаш при врвот во лигата на Русија. А не верувам дека играч од калибарот на Пандев би дозволиле да седи на клупата. Посебно не сега, откако ќе настапи за селекцијата на светот. :vozbud: :pehar: :aplauz: :zver: :je: :olee: :ojea:

Како и да е, сметам дека му беше добар потег што одлучи да остане во Лацио до 2010 и да си го одработи договорот до крај. Зашто со тоа уште повеќе ќе се доусоврши, цената ќе му скокне астрономски, а кога ќе го откупат од таму (гарант до тогаш ќе биде мета на големите клубови) ќе се раздели со чисто срце од Лацио и со исполнети обврски кон клубот. И веќе ќе биде прекален играч, кој ќе знае да се приспособи на секаква ситуација, па веднаш ќе може да го стават во првиот тим, каде и да отиде.
 
Не сфаќам како може да бидете задовлни од тоа што ќе останел Пандев во Лацио !? Па јас не можам да се помирам со фактот дека најдобриот, убедливо најдобриот Македонски фудбалер ќе игра во просечна екипа. Па срам ми е да слушнам дека нашиот Пандев изгубил од некоја си Пескара или Реџина. Да, победи против Милан во купот ама тоа одма се заборава после 2-3 порази од слаби екипи. Во извештаите на итернет од европските сајтови, побарајте, никој не напиша „Лацио победи“, секаде стои „Милан е елиминиран“. Тоа е проклетството да си во слаб клуб. Немаат голема тежина твоите голови.
Ако стварно некој клуб сака да го донесе Пандев, ни Лотито ни Мотито тоа не може да го спречи. Јас мислам дека Пандев, за жал, е само на поширок список кај јаките клубови.
 
Тоа само значи дека треба уште повеќе да се докажува, па многу логично е да остане во Лацио што е можно подолго, додека да се дооформи во класа играч (колку што се може во таква средина, нели). Пак ќе повторам: според мене, добар потег му беше што реши да остане во Лацио до крајот на својот договор, зашто потоа ќе биде слободен играч и ќе може многу полесно да ја промени средината.

Чисто како споредба: Павел Недвед исто така многу долго време беше во Лацио и потоа направи мега-трансфер во Јувентус. Зошто да не биде така и со Пандев? Мислам дека според квалитетот Пандев сега и Недвед на времето се тука некаде.
 
Кој Пандев бе,кој ве лажи...земете реалноста во обзир,не може да издржи 40мин темпо
Знаете има некој кој многу појќе познава фудбалската игра,а лацио е идеален клуб за него,друг не постои...не читајте пропаганди за пандев,лажни се сите

Abe kako ne vi e sram go plukate svoeto naseto makedonsko dete koe e edinstveno ne pretstavuva tamu vo tugina kako MAKEDONIJA
treba da se gordeete so nego:uvo:
 
Јас од изјавите на Пандев сфатив дека ќе остане во Лацио подолго, дека ќе го продолжи договорот. Ако е само уште една година, тогаш супер. Само не сакам да му избега возот.
Замислете што ќе се случеше со Торез ако сакаше да си остане во Атлетико М. или Нилстерој ако сакаше да си остане во ПСВ, или Роналдињо ако сакаше да остане во ПСЖ. Никогаш немаше да станат светски ѕвезди. Јас не сакам Пандев да остане само локален херој, овде во Македонија. Штета би било.
И пак ќе повторам, сето ова се однесува само ако некој клуб навистина го сака Пандев, а тоа ќе го покаже времето.
 
Не сфаќам како може да бидете задовлни од тоа што ќе останел Пандев во Лацио !? Па јас не можам да се помирам со фактот дека најдобриот, убедливо најдобриот Македонски фудбалер ќе игра во просечна екипа. Па срам ми е да слушнам дека нашиот Пандев изгубил од некоја си Пескара или Реџина. Да, победи против Милан во купот ама тоа одма се заборава после 2-3 порази од слаби екипи.

Па што ако изгубил од екипа како Пескара или Реџина? Мислиш ако игра во Реал не може да се случи да изгуби од екипа како Гетафе, или ако игра во Челзи да изгуби од екипа како Барнли?

Јас од изјавите на Пандев сфатив дека ќе остане во Лацио подолго, дека ќе го продолжи договорот. Ако е само уште една година, тогаш супер. Само не сакам да му избега возот.
Замислете што ќе се случеше со Торез ако сакаше да си остане во Атлетико М. или Нилстерој ако сакаше да си остане во ПСВ, или Роналдињо ако сакаше да остане во ПСЖ. Никогаш немаше да станат светски ѕвезди. Јас не сакам Пандев да остане само локален херој, овде во Македонија. Штета би било.
И пак ќе повторам, сето ова се однесува само ако некој клуб навистина го сака Пандев, а тоа ќе го покаже времето.

Пандев не е херој само во Македонија, туку и во Рим. Затоа не верувам дека Лотито лесно ќе се откаже од него. А ако стварно некој појак клуб го сакаше, до сега ќе платеше за него околу 25 милиони евра. Ова е сума за која мислам дека Лотито би го продал Пандев, зашто со тие пари може да го откупи Зарате и да купи уште еден напаѓал. Се ова до сега што слушаме за трансфер на Пандев во некоја појака екипа се шпекулации. До сега немало конкретна понуда.
 
Па што ако изгубил од екипа како Пескара или Реџина? Мислиш ако игра во Реал не може да се случи да изгуби од екипа како Гетафе, или ако игра во Челзи да изгуби од екипа како Барнли?
Можат да изгубат и Реал и Челзи од послаб тим, тоа се вика изненадување. Ако Лацио изгуби од тапа тим, не е изненадување. Еден гол постигнат за Реал, Челзи, Интер или Милан ќе го раскажуваат пола свет, тоа нема да се случи ниту со хет трик за Лацио.
Цело време сакам да кажам дека Пандев не треба да се плаши од поголем предизвик, да прифати некоја понуда, а не да се задоволува со Лацио. Сакам Македонец во ЛШ, во голем клуб,
Прашање е дали големите клубови го сакаат.
Пандев не е херој само во Македонија, туку и во Рим. Затоа не верувам дека Лотито лесно ќе се откаже од него.

Во Рим да, само во реонот каде што е Лацио. Зарем тоа е доволно за талент како Пандев?
Прашај навивач на Рома (навивач од Рим) да направи споредба меѓу Пандев и Вучиниќ, на пример. После и Црногорец нека ја направи итата споредба. Што очекувате да кажат??? Истото шти би го кажале ние, само со сменети улоги.
Така ќе биде се додека Пандев не замине да тресе мрежи за Реал, Челзи, Баерн, Интер .... Дури тогаш ќе има општо мислење за него дека е квалитетен напаѓач.
 
Можат да изгубат и Реал и Челзи од послаб тим, тоа се вика изненадување. Ако Лацио изгуби од тапа тим, не е изненадување. Еден гол постигнат за Реал, Челзи, Интер или Милан ќе го раскажуваат пола свет, тоа нема да се случи ниту со хет трик за Лацио.
Цело време сакам да кажам дека Пандев не треба да се плаши од поголем предизвик, да прифати некоја понуда, а не да се задоволува со Лацио. Сакам Македонец во ЛШ, во голем клуб,
Прашање е дали големите клубови го сакаат.

Пандев веќе играше во Лига на Шампиони. Им даде два гола на Реал. Зарем не се вртеа тие голови по европските телевизии и по интернет. Зарем не зборуваа за нив сите фудбалски фанови во Европа? Што се однесува до тоа дека Пандев треба да прифати некоја голема понуда, уште еднаш ќе повторам, до сега немало никакви понуди. Само шпекулации од сајтовите како Goal.com и особено од нашите весници.

Во Рим да, само во реонот каде што е Лацио. Зарем тоа е доволно за талент како Пандев?

Талент како Пандев кој промашува 100%-тни шанси. Прво за репрезентација кога играше, а после и за Лацио. На почетокот мислев дека е случајно, на секого може да му се случи, нели? Ама почна во навика да му преоѓа...

И да, херој е само во делот од Рим каде што е Лацио, кој е поголем од цела Македонија (по број на жители секако).

Така ќе биде се додека Пандев не замине да тресе мрежи за Реал, Челзи, Баерн, Интер .... Дури тогаш ќе има општо мислење за него дека е квалитетен напаѓач.

Веќе играше во Интер, т.е. во нивниот младински тим. Да беше доволно квалитетен напаѓач за во тим од рангот на Интер (и овие другите што ги наброја), немаше толку лесно да се ослободат од него.
 
Даде два гола со Реал, кога беше тоа !? Пред една година, ние памтиме не знам дали некој друг го памти тоа. Дури мислам дека Лацио последен беше во групата. Каква корист од тие два гола??
Не може Пандев со Лацио да постигне континуирано добри резултати. Слаба екипа е. Ќе даде гол, ќе се попалат нашиве приучени новинари, ќе го однесат во сите клубови, ќе напишат некоја фантомска изјава демек од Сколари или Венгер или Морати, а нашето херојче пак ќе си остане во Лацио и за него ќе навива половина од големиот Рим (колку и да е голем Рим, сепак помал е од цела Европа).

Претходно во еден пост имаше една споредба, како Недвед од Лацио направил мегатрансфер во Јувентус, демек си ги дочекал своите 5 минути. Да, така беше. Јас ќе дополнам малку, една мала разлика, тогаш Лацио беше шампион на Италија, конкурентна екипа, јак тим. Овој Лацио не знам што има заедничко со шампионската екипа од времето на Недвед, дури мислам дека и сопственикот не е ист.

Пандев мора да си оди, ако сака Европска слава.

Што се однесува до тоа дека Пандев треба да прифати некоја голема понуда, уште еднаш ќе повторам, до сега немало никакви понуди. Само шпекулации од сајтовите како Goal.com и особено од нашите весници.

Се слагам со ова. Дали намерно некој сака да му ја дигне цената или пак стварно толку „далеку“ гледаат нашите спортски новинари, не знам. Знам дека ми е преку глава да гледам едни исти наслови во нашиве весници и тоа само кога Пандев ќе даде гол. Скаутиве европски изгледа само тогаш работат :pos2:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom