Куба практички можеше да биде пустина заедно со Руските трупи , но русите паметни и по малце плашливи , и ја оставија работата со Куба.
А пред Русија да прати ракети во Куба , САД ги имаше наместено своите нуклеарни ракети кон Москва.
Од денешен аспект , се гледа чии политики биле ефективни.
Ако Куба станеше пустина, тогаш цел САД, заедно со Европа и СССР ќе станеше пустина.
Инаку, Кубанската криза е политички и стратешки пораз на САД. Имено, Турција и Италија, каде САД имаа распоредено нуклеарни ракети, беа дел од НАТО пактот. Куба од друга страна беше единствено комунистичка земја, каде САД не успеаа да го сменат режимот. Не само што не успеаа во тоа, туку Куба стана сојузник на најголемиот непријател на САД, со чија помош (кубанската криза) Русија доби огромна тактичка предност во Европа.
Тоа е и проблемот , ги злоупотребија и ги вратија 1 век назад.
Проблем за кого?
Ти изгледа не разбираш дека економската ситуација во Куба не беше предмет на интерес на Русија.
Впрочем, како факт, Русија го купуваше Кубанскиот шеќер по 10 пати повисока цена од таа на пазарот... само факт.
Ја ти кажувам дека 20% од БДПто им е од нафта и гас , а ти велиш не била зависна.
20% , 1/5 , не е малку.
ОК.
Русија е најголем извозител на нафта. Доколку го запре извозот, цената на нафтата отиде скај хај. Може да ја замислиш последицата во Западниот свет.
Работата беше колку тоа Русија и Србија се сакаат ... а кога се сакаат , тогаш треба и размена на поклони.
Зборот ни е , кој е ќарот на Србија од оваа врска со Русија.
Русија ја боли мадето десно за Србија. Каква е таа љубов меѓу две земји, објасни ми?
Ако може Русија да издејствува Руска база на Србија, тоа ќе значи огромен удар врз НАТО.
Сепак, тоа е нешто што е малку веројатно да се случи. Не живееме повеќе во Студената војна, а и повеќето пресврти се случуваат без некои поголем публицитет.
Русија само ако последните 2-3 години е модернизирана , иначе руски војник од самиот поглед ти е сиромашен војник. (и по парите што ги одвојуваат изгледаат такви во споредба со САД , 10 пати помалку)
Памтиш кога требаше да ги ослободат своите заложници ? Наместо да ги ослободат , они ги убија
Не бегај од темата. Зборувавме за Рускиот капацитет да изврши воена операција било каде во светот, што е возможно, со оглед на огромниот број офанзивни оружја што ги поседува Русија.
Сиромашен војник? Има и богати? Сигурно богативе војници имаат палати со базени...
Ако ти знаеш каде одат парите на армиите на САД и Русија и како се опремени нивните војници, јас ќе се фрлам во базентот на тие богатите војници...
Од 1000 заложници ослободија 900, плус сите мртви терористи. Акцијата е оценета како многу успешна од останатите специјални служби.
Можеби и тебе треба да те ослободат од мувите во твојата глава.
Ми ја споредуваш Русија со САД ... а Русија сеуште економски се бори со земји од 40 милиони народ , а Русија 140.
А по глава на жител гледаме пошто тоа кажува колку се ефикасни граѓаните на таа земја.
Ефикасноста не игра никаква улога со економската моќ на граѓанинот. Како ти текнуваат вакви глупости?
Економската состојба на Кинеските граѓани е на многу ниско ниво... сепак нивната ефикасност е огромна, заедно со нивната вкупна економија.
Проверив , и ми вели дека е на 88 место во светот во тоа поле.
Сигурно?
Провери пак.
Па еве биднува што биднува , тоа што вели Русија никој не ферма. Како цел свет да работи против Русија.
Не кажа пример.
Еве јас ќе ти кажам, актуелно, САД сакаат да интервенираат во Сирија, ама неможат. Ај погоди зошто?
Со самото тоа што во Украина почнаа дилеми дали да се зачленат во НАТО или не , тоа за Русија е пораз.
Ракетниот штит е нешто друго , важно Русија е опколена.
Ти спомнуваш земји што нити биле со САД некогаш , а јас ти зборувам за држави од каде порано се атакуваше НАТО , а денеска се членки на НАТО.
Ова ти е поразување.
Грешно си сфатил. Пораз е кога прозападната влада што ја поддржува САД ја губи власта. Пораз е кога ти ја исселуваат воената база. Пораз е кога бомби паѓаат врз твојот сојузник.
Русија е опколена??? Од што, од серковци? Хахаха...
Ај те молам, баш објасни ми во 5-6 реда како тоа Русија е обиколена. Гледам ова е омилена реченица на амерофиливе, но досега не сум слушнал ниту еден аргумент во корист на тоа тврдење.
--- надополнето: 8 септември 2012 во 03:09 ---
Практично Дардан има право.Ако Русија се чука во гради затоа што Венецуела е сојузник нека се фрлат во Волга сите по ред со све партали... Америка има 700 воени бази НАДВОР ОД СВОЈА ТЕРИТОРИЈА да 700 а не 70 и има буџет 7 пати поголем од Русија само оваа година направија ребаланс им беше 700 милијарди а сега им е околу 600.. и последно јавна тајна е дека секои 52 центи во Америка идат за воениот буџет.Русија е јака само затоа што наследни голем број на Нуклеарни рактети,централи и други постројки и го зеде останатото нуклеарно наоружување од другите земји на СССР.Во Литванија мислам дека беше,и ден денеска постојат тие подзмени нуклеарни складишта кои биле полни со ракети за време на студената војна.Единствена сила која на САД им боде очи е Кина единствен и достоен противник.Мада по мое мислење,кога го растурија Советскиот Сојуз кој беше пола свет,не ме чуди и Кина да ја доживее истата судбина
Воениот буџет не одредува кој ќе биде победник во војна.
Воената бројчаност исто така.
Нуклеарно оружје никогаш не имало надвор од Руска контрола.
Овие бројкиве од кај ги изваде?
Ако зборуваме онака бесцелно, тогаш Русија за 10 минути може да ја направи Америка пепел. И сега, каква е таа моќ на 7 пати поголемиот буџет и на 700000 воени бази во светот?