Tип на денот (Читај правила во прв пост)

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Квалификации за Светско првенство 2014 Бразил

Регион : Европа
група Ф

Русија - Северна Ирска

Оваа група мислам дека ќе биде прилично еднонасочна и прилично лесна за фаворитите. Азербејџан, Луксембург, Северна Исрка не би требало да преставуват проблем за двата фаворити , Русија и Португалија. Можеби проблеми ќе имат на гостувањето во Израел, освен тоа мислам дека со меѓусебните дуели Русија-
Португалија и vice versa ,ќе се одлучи кој ќе биде прв ( директен пласман ), а кој втор ( плејоф натпревар) во групата.
Според тоа, Русија денес би требало да ја побди С.Ирска со неколку гола разлика. Нов селектор е Фабио Капело( знаеме сите кој е и што успеси имаше во текот на годините), ова ќе биде прв негов официјален нтпревар и пред домашна публика. Мислам дека мотивот нема да недостасува.Русија има само 1 пораз на поселдните 17 натпревари, додека С.Исрка на светскиот ранкинг е 101-ва и е зад држави како Оман , Грузија, Барбуда итн.
Кај Русите ќе фалат Аршавин,Павличенко и Жирков, клучни играчи, но мислам дека Капело против екипа како С.Исрка н би требало да има проблем со наоѓањето на соодветни замени.
Згора на се, С.Исрка има и проблеми со повредени футбалери.
Фергусон,Питерсон и МекКорт нема да бидат достапни. Првите двајца беа стрелци на пријателкиот натпревар со Финска кој заврши 3:3.
Коефициентите не се лоши, чиста побда на Русија е 1.25, хендикепот е 1.55-1.65, 1-1 е 1.70 , 3+ е 1.65-1.70. Има добар избор на типови овде, мислам дека ќе видеме силна офанзива на Русите уште од првите минути, додека С.Ирска може да изненади со некој гол,во случај на Русите да се отпуштат.
Јас видов еден добар коеф во Спортлајф, 2+I&1+II , му даваат 2.65. Одам со него.
Преснос ќе има на Sportklub од 17:00.

Тип : 2+ I & 1+ II @ 2.65

Група Д :
Холандија - Турција

Андора и Естонија тука нема што да барат и двете ќе служат само за собирање поени. Ама другите 4 репрезентации : Холандија, Романија , Унгарија и Турција тука доаѓат со една цел. Иако на прв поглед делува дека Холандија без проблем ќе ја освои групата, јас мислам дека ептен многу ќе се намачат за да го направат тоа. Прво Турција оваа година влегува со посебен мотив бидејќи веќе поодамна не биле на Светско првенство, Унгарија има силна генерација која игра офанзивен футбал, додека Романците ги сметам за најслаба репрезентација од овие четири. Исто ќе кажам дека очекувам да видеме доста голови во оваа група.
Холандија е моментално ранет џин, претрпеа тотален дебалк пред неолку месеци на Европското Првенство и сега се со нов селектор, Луис Ван Гал , кој и предходно беше селектор на Холандија и според мене е подобар збор од предходниот.
Денес ќе бидат без Ван Дер Варт, но во составот ги има Робен, Шнајдер, Ван Перси, Хунтлар и на хартиај изгледат ко огромни фаворити , дали е така ќе видеме вечер.
Турција е без првиот голман Волкан, замената ќе му биде ториот голнам на Фенербахче,кој оваа сезона тргна лошо и направи неколку клучни грешки. Така да голманската позиција ќе биде доста ослабена.Коркмаз ( најдобриот турски дефанзивец ) најверојатно нема да настапи поради повреда,сеуште не се знае дали ќе игра.
Стадионот ќе биде полн и практички ќе биде како неутрален терен , бидејчи се очекуваат околу 18.000 турски навивачи ( знаеме колку помош се они за играчите).
Можда клучен факт е тоа што Турција има само една победа на последните 10 гостувања во квалификациите ( против Казакстан).
Бидејќи и двете репрезентации имат офанзивен стил на игра, Турција е олабена во одбраната, Холандија е психички повредена поради дебаклот од Европското, па мислам дека овде ќе видеме голови. Еден интересен коеф ми влезе во око, Холандија дава гол во двете полувремиња @ 2.10 , коеф воопшто не е лош и ќе одам со него.
Пренос на има на Sportklub од 20:30.

Тип : Холандија дава гол во двете полувремиња @ 2.10

Група Б

Бугарија - Италија

Ова е еден од public beto-овите, доста пари се стават на Италија денес.
Ова е малку тешка група, Малта и Ерменија нема да бидат закана за Италија , Данска и Чешка и мислам дека овие 3 репрезентации ќе е борат за првите 3 места. Бугарија сметам дека нема што да бара овде и ќе видете зошто.
Бугарите денес ќе бидат ептен ослабени, Стилијан Петров има леукемија е веќе подолго време е надвор од терените, Мартин Петров не е повикан во составот, Бербатов се откажа од репрезентативните обврски, Божинов веќе подолго време нема клуб и е вон форма ( скоро потпиша за Верона). На пријателскиот натпревар со Кипар имаше само 300 гледачи на стадионот, а ко што прочитав дури и навивачите не веруват во репрезентаијата. Ја разгледав селекцијата и повечето футбалери се млади и играт во домашното првентво.
Италија ќе биде без Касано и Балотели, но селекцијата моментално им е 2 класи над Бугарија. Мислам дека лесно ќе ги заменат тие 2 отуства, во нападот најверојатно ќе биде Џиовинко и Освалдо.
Не ја исклучувам можноста Бугарија да ја изненади Италија, за тоа да се случи ќе треба Италија да одигра слабо , а Бугарија ептен добро, мислам дека победа од 1 гол разлика е најреалистичен исход тука.

Тип : Европски хендикеп X @ 3.20 ( Победа на Италија со 1 гол разлика).
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.878
Поени од реакции
6.936
Едно храбро ливче од мене:

Хрватска-Македонија Х
Естонија-Романија 2
Латвија-Грција 2
Исланд-Норвешка 2
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
едно ризично ливче за вечерва, што биде нека биде.
Велс-Белгија 2-2 & 3+
Грузија-Белорусија 1-1 & 3+
Словенија-Швајцарија 1-1 & 3+
 
Член од
8 декември 2010
Мислења
511
Поени од реакции
131
едно ризично ливче за вечерва, што биде нека биде.
Велс-Белгија 2-2 & 3+
Грузија-Белорусија 1-1 & 3+
Словенија-Швајцарија 1-1 & 3+
првите две имаат можност да излезат така ама третата мислам дека ке е 0-2 или за похрабрите X
 

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
едно ризично ливче за вечерва, што биде нека биде.
Велс-Белгија 2-2 & 3+
Грузија-Белорусија 1-1 & 3+
Словенија-Швајцарија 1-1 & 3+
Нема шанси Словенија да ја тепа Швајцарија,у тоа сум убеден, првите 2 се ОК, Белгија се слагам, може да се одигра тоа. Ама, Швајцарија да губе со оваа генерација од Словенија , јок. :)
 

1x2

Член од
15 август 2012
Мислења
50
Поени од реакции
10
Netherlands - Turkey г/г (1.75)
Bulgaria - Italy 2 (1.70)
Wales - Belgium 2 (1.90)
Slovenia- Switzerland 2a(0)х (1.80)
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.251
Поени од реакции
19.536
Англија 2
Холандија 1
За утре ракометите...од ЛШ квалификации за групи...
Хамбург 1
Цимос Копер 2
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.026
Поени од реакции
36.807
Poland - gg1;gg2
Netherland - gg1;gg2
Slovenia - gg1;gg2
Belgium - gg1;gg2.

Za 40 den uplata od 550-16.000 pa ako vleze super xD
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Ништо ништо, од утре пак ќе си продолжам со 50 денари уплата, нема смисла да губам толку пари на глупи утакмици.
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Данска-1 ALL-IN

На чесите не му игра пола тим..и на Данска не му игра Бетнер но домаќини се плус даанците секогаш добри се во квалификациите ..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom