Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=11092
Ee место да си ги тепавме Фарски Острови ние ја заебавме таму (n) . Редно е да се пласираме и ние :) . Па бирајте опција

Опција 1: Утре си ја тепаме Ирска и Србија губи од Данска и во крушевац ја тепаме Србија за пласман на првенство.
Опција 2 : Утре ја тепаме Ирска, а Србија ја тепа Данска. Во Крушевац србите ни ја пуштаат и се пласираме.

:D
Ама опција 2 ќе отиде во вода, ако Данска ја добие Северна Ирска во последното коло :)
 
Шумуликоски нема да игра на првиот натпревар поради служење на суспензија (2 меча доби суспензија а само 1 отслужи). Но, ќе игра против Шкотска дефинитивно.
 
Ја као целоживотен навивач на Шкотска, кажуем дека со нив у гости дури и ние имаме шанси. У тешка криза се со репрезентација, имаат многу последователни лоши резултати, мислам дека ниеден Флечер не игра, а утакмицава на јавноста и на SFA им служи како капка која ќе ја прелие чашата селекторот да го клоцнат.
 
И мене ме фати еуфорија у пм :D оваа сезона ќе идам да ја гледам Македонија, се сменија доста работи :) Утакмицава уплатена 2-ка, уште да тепаат и дупло славје :D Предосеќам ќе им го бапне Хасани :icon_lol: или нашата златна вардарова 11-ка :icon_mrgr:
 
Ако играат Тричко - Пандев - Ибраими/Хасани и Тасовски позади нив, а Хрватска има доста слаба одбрана и раштимана со Штимац сега:D така да за тие што сакате да ја типувате Т21+, не знам би требало да има солиден коеф.
 
Целава работа за Хрвативе е пренапумпана. Пред се од јавноста. Тие сега притискаат и очекуваат лесно да се справат Хрватите имајќи предвид дека до вчера се носеа со Италија и со Шпанија кои подоцна си одиграа финале... За малку не поминаа нели. Е сега сето тоа си створи еден голем притисок бидејќи Билич си замина. Штимац според мене е далеку од квалитетен тренер човекот за толку краток период нема шанса да го врати сјајот кој го имаше Билич тоа и Хрватите сами си кажуваат. Друга битна работа е што Хрватите се делумно опуштени самите се свесни со кој се носеа и нормална работа е да има опуштање после Европското. Се виде тоа со Швајцарија кога загубија катастрофално и не е тоа само ради формата како што вика Штимац.
Не заборавајте најбитното. Утре прашањето не е дали ќе игра Хрватска туку дали ќе игра Модрич? Моментално тој е центарот на пажњата доаѓал Мурињо и што ти ја знам, што е голем притисок за него и нашиве треба да знаат дека цела јавност очекува тој и гол да постигне и да си го потврди квалитетот. Е колку ќе го избалансира тој притисок Модрич останува да видиме. Ама пак сме тука во предност во целата работа. Нема да ме чуди да земеме бодови утре, само се надевам дека нашиве прво ќе имат концентрација и свежина за сите 90 минути да се наттрчуваат и дека ќе имаат храброст да нападнат барем како што вели Јаневски да не се паркираме пред гол. Ако ништо друго сменија и прецедател и тренер сега ако не тргне тешко за иднината наша.
 
Утре ќе биде супер да земеме и еден бод, сепак и кај нас се случија многу турбуленции, смени на тренери... Но јас се надевам на победа:vozbud:
 
Јас, како најголем критичар на МК репрезентацијата во последниот период, имам изгубено секаква надеж дека ова нешто може да се подобри во наредните неколку години. Ама, сега сакам да го проследам овој квалификационен циклус. Не оти мислам дека ќе направат нешто повеќе, туку чисто да видам каков ќе биде пристапот на новото раководство и новиот селектор, во кој скоро сите веруваат.
 
Јас, како најголем критичар на МК репрезентацијата во последниот период, имам изгубено секаква надеж дека ова нешто може да се подобри во наредните неколку години. Ама, сега сакам да го проследам овој квалификационен циклус. Не оти мислам дека ќе направат нешто повеќе, туку чисто да видам каков ќе биде пристапот на новото раководство и новиот селектор, во кој скоро сите веруваат.
Од утре мислам се' зависи, така да утре ако победат, мислам дека Македонија се враќа на многу добри патеки. Јас моментално имам голема надеж.
 
Неколку пати ја отварам темава со цел да напишам нешто. Ќе почнам да пишувам и ќе исклучам. Некако измешани чувства имам. Недоверба од една страна знаејќи до какво дереџе ни се спушти фудбалот, за какви се цели служеше репрезентацијата до пред некое време од друга страна па оптимизам дека конечно нештата се сменија, дека конечно може да тргне на подобро, дека нема да ги изгубиме надежите за добар пласман во квалификациите уште по првите неколку кола ко што беше случај порано....
Оптимизам ми дава и тоа што имаме селектор со неоспорен квалитет, кој не е на таа функција само за пари да лапа, ги одбра веројатно моментално најдобрите наши играчи со 1-2 исклучоци.
Нема да типувам што ќе направиме утре, нити пак со каква формација и со кои играчи ќе настапи Чеде. Сакам само тие што ќе играат да дадат 100% од своите можности, да се борат за секоја топка, да покажат желба за надигрување за победа. Во таков случај и да изгубиме комотно ќе може да му се честита на објективно поквалитетниот противник.
 
Најдобро влезете без никакви очекувања како мене па на крај што биде нека биде.

Имаме интересен/лесен распоред на почетокот и со добри резултати може да се крене атмосферата во државава ама на крај нашиве пак ќе кикснат и пак 4ти/5ти ќе завршиме
 
Од утре мислам се' зависи, така да утре ако победат, мислам дека Македонија се враќа на многу добри патеки. Јас моментално имам голема надеж.

Што мислиш со тоа се враќа ? Па ние никогаш не сме биле на добра патека , цело време сме крш , никогаш позначаен успех немаме остварено....


Од оваа репрезентација не може да се очекува ништо , освен 4-5 место во група , реални да бидеме. Немаме играчи кои се кадарни да одиграат 90 минути , чим уште во репрезентација главни фаци ни се Шумуликовски, Шиков и Наумовски нема ништо од нас , рангот ни е под 100-то место и тоа е реалноста.
 
Пандев : "Не дојдовме рекреативно во Загреб" !
Колку да ги спушти на земја малце хрвативе...
--- надополнето: 7 септември 2012 во 00:35 ---
296787_4391080505357_958534802_n.jpg

На 24 часа пред почетокот на натпреварот! Фацава на овој од МТВ, мислам Тони
Стојановски е. :D
216843_4391095585734_1920310336_n.jpg

Еве го и другиот коментатор. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom