Неколку пати ја отварам темава со цел да напишам нешто. Ќе почнам да пишувам и ќе исклучам. Некако измешани чувства имам. Недоверба од една страна знаејќи до какво дереџе ни се спушти фудбалот, за какви се цели служеше репрезентацијата до пред некое време од друга страна па оптимизам дека конечно нештата се сменија, дека конечно може да тргне на подобро, дека нема да ги изгубиме надежите за добар пласман во квалификациите уште по првите неколку кола ко што беше случај порано....
Оптимизам ми дава и тоа што имаме селектор со неоспорен квалитет, кој не е на таа функција само за пари да лапа, ги одбра веројатно моментално најдобрите наши играчи со 1-2 исклучоци.
Нема да типувам што ќе направиме утре, нити пак со каква формација и со кои играчи ќе настапи Чеде. Сакам само тие што ќе играат да дадат 100% од своите можности, да се борат за секоја топка, да покажат желба за надигрување за победа. Во таков случај и да изгубиме комотно ќе може да му се честита на објективно поквалитетниот противник.