Football Manager 2012 - Општа дискусија

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Како налагаш да ти игра тимот? Дали во стилот на Стоук со многу стартови и цврста игра, дали во стилот на Барса со течна игра и многу додавања, дали како Виган знаеш да фатиш на контри...? Чисто ме интересира дали наметнуваш стил на игра, пошто ако не го правиш тоа онда немаш појма од играње на играва. Испитувај ги сите опции, за да бидеш успешен треба да поставуваш детални инструкции на секој играч од стартната 11ка да му наложиш како да игра. На пример секој посебно, колку да подава, колку често да шутира, кај и како да трча, колку да прави стартови, колку да дрибла, дали да има дефанзивен или офанзивен менталитет. Па после тоа тренинзите, секој играч посебно на кој дел од играта да биде најфокусиран за да ти се вклопи со играта која сакаш да ти ја игра тимот.

Ги правиш овие ствари или слабо, само нареди ги играчите и нека трчаат сами шо сакаат нека праат?
 
spaso

Search Pretty Girls from your city for night
Член од
5 септември 2008
Мислења
2.746
Поени од реакции
779
Еве ако има некој кој игра со Челзи, најискрено го замолувам да даде една комплет формација кој, каде, како и што па да видиме дали проблемот е во лоша тактика или пак во менаџеров е се по шаблон и ако е така направено така и ќе си тера
--- надополнето: 4 септември 2012 во 03:10 ---

Еве ти пример:
Falcao - Complete forward+target man mixed
Mata - Inside forward, attack
Hazard - Advanced playmaker, support
Hulk - Right winger, attack
Lampard - Deep Lying Playmaker, support
Ramires - Box to box ili Ball wining middlefielder
Ashley Cole - Full back, automatic
Terry - Central defender, defend
Luiz - Central defender, defend
Srna - Full back, automatic
Објасни ми што е погрешно во оваа тактика и зошто.

Mora da ides i manuelno da mestis sekoj igrac sto da pravi imas i takva opcija ako ne si znael , mozes da napravis eve na stoperite samo na tvoja polovina da napagjaat da zimaat topki , mene licno najbiten mi e poluspicot da bide mentalno silen eve na primer Thomas Miller od Bayern kupi go detevo pravi lom na pozicija poluspic so ubacuvanje vnatre vo 16 m e sega vo ovaa igra mora da mestis sve ama bukvalno se za treningot ne mora da se zamaras voopsto samo treba dobar personal da si vrabotis vo staffot i treningot trgni go od glava i obavezno igracite koi ti se vo napad da ne im dozvoluvas da sutiraat na gol od golema dalecina ako Long Shoot imaat pod 17 a tebe sigurno Mata, Hulk i Hazard ti sutiraat ko retardirani i topkite idat vo publika :) zatoa odi manuelno sredi si gi igracite spored nivnite specifikacii i so Chelsea ti preporacuvam Rigidna igra .
 
Член од
17 август 2012
Мислења
63
Поени од реакции
8
Ако гледаме така тогаш не е проблемот само да наместиш се до детал туку треба и да погодиш тоа што го местиш....а тогаш попрво би конкурирал за тренер во некој тим. Затоа што едно е да гледаш играчи на терен а друго точки на екран. Јас искрено не сум влегол до тие детали во играва секој играч мануелно да го средувам зошто не е финтата само закачи било што и терај пак треба да знаеш што местиш. Плус затоа има тренери и помошници во тимот, барем што се однесува до тренинг гледам дека тие ги местат кој за што да тренира. Јас сум пробувал се и сешто (освен мануелното средување) и пак ништо. Се повеќе ми се чини дека се оди шаблонски на пр. 10 утакмици безгрешни со високи рејтинзи, голови и слично и потоа 1 месец катастрофа.
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233

Епа тогаш играш цело време со ист тим и иста тактика и ќе те сфатат тренерите противнички а играчите ќе почнат да ти станат немотивирани, зашто си имаат загарантирано прв тим. Ротирај ги играчите, на секои 3,4 натпревари. Значи не цел тим, туку дел по дел, по 2ца најдобро. Така ќе знаат дека немаат загарантирано прв тим и ќе се мачат да се докажат. Барем вие со јаките клубови имате такви проблеми. Фати со Глочестер Јунајтед или со Про Патриа па види дали ќе можеш со ист тим. Ќе мораш да ги ротираш, зашто кондиција нула.
 
Член од
25 јули 2012
Мислења
7
Поени од реакции
0
Aj kazete nekoj soveti za igranje so reprezentacija.
Momentalno igram so makedonija i se boram da vlezam na svetsko prvenstvo.
Do sega imam izigrano dve utakmici od kvalifikacite so Srbija i Wales i dvete mi se pobedi.
--- надополнето: 4 септември 2012 во 16:26 ---
I ako mozi da mi kazite za so sluzi igracot koj ke go namestam za target man ?
 
Goxyto

#FinoAllaFine
Член од
31 јануари 2010
Мислења
2.589
Поени од реакции
2.534
Aj kazete nekoj soveti za igranje so reprezentacija.
Momentalno igram so makedonija i se boram da vlezam na svetsko prvenstvo.
Do sega imam izigrano dve utakmici od kvalifikacite so Srbija i Wales i dvete mi se pobedi.
--- надополнето: 4 септември 2012 во 16:26 ---
I ako mozi da mi kazite za so sluzi igracot koj ke go namestam za target man ?
Доколку наместеш Target man на некој играч, твоите играчи ќе посветат многу време на чување на тој играч. Еве пример Барселона кога игра со некоја послаба екипа, до Меси секогаш има 2-3ца играчи и „го чуват“, тој им е target man. Пожелно е да ги читаш репортите пред натпреварите од твоите тренери/скаути за противничкиот тим, да видеш која им е слаба страна, па ќе треба да направиш тактика која ќе ја победи слабата страна на противничиот тим, а воедно и да ти служи за заштита од нивните најјаки играчи, било тоа напаѓач, шпиц или крило. Се' е до кликањето :)
Колку повеќе ги разоткриваш можностите за најдобра тактика, толку подобар ќе бидеш. А не само наместеш ги најдобрите 11, им кажеш да дадат се' од себе на team talk и да ги гледаш како трчат ко муви без глави. :)
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
Ако гледаме така тогаш не е проблемот само да наместиш се до детал туку треба и да погодиш тоа што го местиш....а тогаш попрво би конкурирал за тренер во некој тим. Затоа што едно е да гледаш играчи на терен а друго точки на екран. Јас искрено не сум влегол до тие детали во играва секој играч мануелно да го средувам зошто не е финтата само закачи било што и терај пак треба да знаеш што местиш. Плус затоа има тренери и помошници во тимот, барем што се однесува до тренинг гледам дека тие ги местат кој за што да тренира. Јас сум пробувал се и сешто (освен мануелното средување) и пак ништо. Се повеќе ми се чини дека се оди шаблонски на пр. 10 утакмици безгрешни со високи рејтинзи, голови и слично и потоа 1 месец катастрофа.
Ротација бе пријател ротација !! не може цела сезона да играш со исти играчи .. менувај ги играчите немаш резерви за џабе !
 
Член од
4 мај 2012
Мислења
671
Поени од реакции
522
Доколку наместеш Target man на некој играч, твоите играчи ќе посветат многу време на чување на тој играч.
Ги немам поновиве менаџери играно, ама порано за Target man се бираше играч од својата екипа и со тоа на истиот останатите играчи преферираат да му ја додаваат топката кога се во можност.
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Ако гледаме така тогаш не е проблемот само да наместиш се до детал туку треба и да погодиш тоа што го местиш....а тогаш попрво би конкурирал за тренер во некој тим. Затоа што едно е да гледаш играчи на терен а друго точки на екран. Јас искрено не сум влегол до тие детали во играва секој играч мануелно да го средувам зошто не е финтата само закачи било што и терај пак треба да знаеш што местиш. Плус затоа има тренери и помошници во тимот, барем што се однесува до тренинг гледам дека тие ги местат кој за што да тренира. Јас сум пробувал се и сешто (освен мануелното средување) и пак ништо. Се повеќе ми се чини дека се оди шаблонски на пр. 10 утакмици безгрешни со високи рејтинзи, голови и слично и потоа 1 месец катастрофа.
Кога ќе пробаш мануално све да местиш и кога ќе научиш да погодиш тоа што треба да го местиш, е тогаш друже, тогаш ќе сфатиш дека тоа е финтата и тогаш ќе знаеш да ја играш играва.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom