Paypal конечно и во Македонија!

  • Креатор на темата Креатор на темата cokance
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Додека нашиве банки и УЈП САКААТ ДА ИМАТ УВИД ВО СМЕТКИТЕ КОЛКУ ЗАРАБОТУВАМЕ,PayPal НЕМА НИКОГАШ ДА ИМА.
Политика на PayPal е во приватноста,а кај нас нема приватност И НИКОГАШ ЌЕ НЕМА PAYPAL
 
Додека нашиве банки и УЈП САКААТ ДА ИМАТ УВИД ВО СМЕТКИТЕ КОЛКУ ЗАРАБОТУВАМЕ,PayPal НЕМА НИКОГАШ ДА ИМА.
Политика на PayPal е во приватноста,а кај нас нема приватност И НИКОГАШ ЌЕ НЕМА PAYPAL
Увид во сметките и колку заработува пучанство имаат сите УЈП-овци или како пригодно се викаат локално и сите банки на овој свет....Проблемот е друг....овде се работи за повеќе од УВИД......мислам дека правиот збор е брцање у џеб...
Од друга страна и законски Македонија не допушта сметка на свој граѓанин надвор.., а PayPal е всушност тоа. Но занимливо е како на тоа имање сметка надвор нашава држава со својата УЈП гледа ептен селективно....т.е. како и ќефне....и како за кого...
 
Јуни 2012 и уште немаме Пејпал...

кога требаше да го имаме?
 
Се натегав неколку дена со банка при повлекување на пари на моја сметка. Инсистираа да има заведен основ но никако не ми даваа основ кој соодветстуваше на влечењето на парите. Имено ми стигнаа пари на Skrill повратени од претходни купувања и плус имав некои пари кои јас од моја сметка ги испратив таму и останаа неискористени. Во банка сите основи се сведуваа на интернет услуги, компјутерски услуги и сл. Никако не ми понудија опција враќање на средства ... МОИ средства. На крај се избуткав на рака да се повлечат средствата по основ: „друг основ“ ... поточно недефинирано.
Не прифатија ниту да ги стават законски предвидените основи од тип, поклон, умерен месечен надоместок и сл. Остана на тоа на крај со УЈП да се разјаснувам дека тие пари се мои. Верувам дека порано или подоцна ќе се јави прилика кога ќе сакаат да ми ги оданочат па ќе биде весело.

Значи разбирам таква контрола поради тренасфери за/од коцкање и други сиви активности, но да неможеш да повлечеш твои пари? Тука неможе никој да се повика на законска забрана ниту да ме обвини за отворање на сметка во странство. Сметката е отворена за да се изврши плаќање а не за на истата да се чуваат штедат средства. Тоа што парите се вратија не значи дека имам сметка во странство. Патем тие сервиси не се банки ... тие само посредуваат за побрзо и посигурно плаќање, така да нивно стопирање по таа основа е апсолутна глупост.

Нејсе, си ја кажав маката. Ме интересира дали и какви искуства имате со УЈП по прашање на вакви трансакции? Ги бараат средствата пријавени во годишна даночна пријава, рокаат казни или?
 
Не можам да разберам зошто си пишал на пејпал тема за манибукерс?
НЛБ ли те ѓњавеше? За кој износ се работи.

п.с. Префрли го мислењето на Skrill / Moneybookers.

Истиот проблем би го имал со било кој сервис од кој би сакал да префрлам пари, така да тоа е ирелевантно. Проблемот беше кај нас. Да со НЛБ беше масирањето.
 
Истиот проблем би го имал со било кој сервис од кој би сакал да префрлам пари, така да тоа е ирелевантно. Проблемот беше кај нас. Да со НЛБ беше масирањето.
Земи од халкбанк и нема да бараат. За колкав износ те зезаа?
 
Чек, чек проблем ти правеа да си ги повлечеш парите од mooneybookres да ги извадиш како готовина? Неможеш тоа да го направи преку картица на банкомат?
 
Земи од халкбанк и нема да бараат. За колкав износ те зезаа?

Мал е износот, но принципите се битни. Да, можев веднаш да потпишам дека основот е интернет услуга, но не сакав. Не сакам утре некој да ми ги оданочи како заработка кога се веќе оданочени. Затоа и ме интересира со каков основ ги повлекувате вие. Основ е задолжително да се наведе, тоа мора и во Халк да го прават без ваше знаење, што е уште полошо. Во самиот образец за распределба на девизни приливи (мислам дека е 743, но не е битно) основот на трансфер е задолжително поле. Така да е добро прашање што Хлакбанк пишуваат таму :)
 
Сум немал досега проблеми со УЈП по било кој основ, така да не се замарај до толку.
Трансакции на име на физичко лице кои се под 10000 денари се под радарот и не ги ни интересира, за правно е сосем друга работа.
Сум плаќал , ми рефундирале, ми префрлале сум префрлал од трансакциска на трансакциска се не име на физичко лице и никој ништо не го интересира се додека е под 10000 денари. Над таа сума имаш данок на добивка од 10%.
За пајпал кој е сепак посредник рефундираните средства се на име на физичко лице така да тој не фигурира како правно што значи пак немаш гајле.
За mooneybookres незнам како е и како ти пристигнуваат пари така да за нив неможам да кажам.
 
Мислам дека најдобро е да се пише донација за некаква извршен услуга. Не ја наплаќаш услугата, но сакале да ти дадат донација... Така мислам дека нема ујп што да бара.
 
TV Sitel " Preku Paypal Makedoncite ke moze da kupuvaat segade niz svetov"

Samo uste da go imaat katalogot za carini, i se ke bide jasno!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom