Се натегав неколку дена со банка при повлекување на пари на моја сметка. Инсистираа да има заведен основ но никако не ми даваа основ кој соодветстуваше на влечењето на парите. Имено ми стигнаа пари на Skrill повратени од претходни купувања и плус имав некои пари кои јас од моја сметка ги испратив таму и останаа неискористени. Во банка сите основи се сведуваа на интернет услуги, компјутерски услуги и сл. Никако не ми понудија опција враќање на средства ... МОИ средства. На крај се избуткав на рака да се повлечат средствата по основ: „друг основ“ ... поточно недефинирано.
Не прифатија ниту да ги стават законски предвидените основи од тип, поклон, умерен месечен надоместок и сл. Остана на тоа на крај со УЈП да се разјаснувам дека тие пари се мои. Верувам дека порано или подоцна ќе се јави прилика кога ќе сакаат да ми ги оданочат па ќе биде весело.
Значи разбирам таква контрола поради тренасфери за/од коцкање и други сиви активности, но да неможеш да повлечеш твои пари? Тука неможе никој да се повика на законска забрана ниту да ме обвини за отворање на сметка во странство. Сметката е отворена за да се изврши плаќање а не за на истата да се чуваат штедат средства. Тоа што парите се вратија не значи дека имам сметка во странство. Патем тие сервиси не се банки ... тие само посредуваат за побрзо и посигурно плаќање, така да нивно стопирање по таа основа е апсолутна глупост.
Нејсе, си ја кажав маката. Ме интересира дали и какви искуства имате со УЈП по прашање на вакви трансакции? Ги бараат средствата пријавени во годишна даночна пријава, рокаат казни или?