Инвестициски БУМ во Македонија

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.761
Поени од реакции
7.593
Абе ова спаѓа под инвестициски бум?
"Владата и општините ќе ангажираат 4 000 лица за работа..стартуваат со проект за сезонско вработување, кое ќе почне од 1 август а ќе треа во следните 6 месеци."
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/vladata-ke-angazira-4000-sezonski-rabotnici
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
во врска со успешноста на инвестицискиот бум во Македонија, најдобро ќе каже статистиката, јас имам еден факт и една шпекулација. Факт е дека невработеноста во Македонија во 2006 година била 36%, а исто така факт е дека сега е 31,6%. Во 2006 година вработени биле 570 404 луѓе, а сега се 643 668, тоа е 73264 нови вработени откако е владата на Груевски. Ова се фактите, а сега шпекулацијата, никој со точност не знае колкав е бројот на државна администрација, се оди со цифри до 180 000 вработени, јас мислам реално дека се околу 160 000 вработени, се шпекулира за бројка од 80 000 нови вработувања во државната администрација. Затоа што бројот на ново вработени административци е поголем од официјалната бројка на ново вработени лица, излегува дека околу 6000 лица останале без работа од реалниот сектор. Повторувам сите овие бројки се шпекулација, ако некој има официјален податок за ново вработени административци од 2006 до 2012 би сакал да го видам. Во секој случај ако овие шпекулации се испостави да бидат точни, тоа е катастрофално поразителна бројка за инвестицискиот бум во Македонија, испаѓа дека бум имаме само во државната администрација, односно непродуктивниот сектор. уште еден куриозитет, ако земеме дека просечен административец има 30 000 денари или околу 500 евра бруто примања, 160 000 * 500 = 80 000 000 милиони евра месечно или 960 000 000 милиони евра годишно одат за плати, тука не се врачунати трошоците за службени патувања, гориво, струја и ред други расходи што ги повлекува државната администрација, со вакви расходи бумот треба да биде многу голем за да не извади.
Немој да ги забораваш и невработените кои ги испобришаа за овие 6 години од биро за вработување, мислам дека беа околу 40000 граѓани од кои повеќето се студенти. Така е најлесно да се соочуваат со невработеноста и рејтинзите/статистиките, бриши бате.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Немој да ги забораваш и невработените кои ги испобришаа за овие 6 години од биро за вработување, мислам дека беа околу 40000 граѓани од кои повеќето се студенти. Така е најлесно да се соочуваат со невработеноста и рејтинзите/статистиките, бриши бате.
Така пред избори бришеше и претходниот па гледаме каква „блескава кариера“ доживеа. Сите апарати досега се служат со истата финта и сите до еден завршија како мртви политичари. Се надевам „закопот“ на овој ќе биде во блиска иднина зошто не ни останува многу време, се и свашта се изнагледавме за 20 години самостојност.
 
Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
Послем бизнис можностите претставени во САД .....да се надеваме на ова влада да успее да привлече инвестиции ,да отворат компании и фабрики во Македонија и да вработат луѓе.
 
Член од
29 мај 2012
Мислења
242
Поени од реакции
115
Ги бараме странците а на домашните не им се дава шанса барем во енергетиката. Во Германија имаме 1.000.000 физички лица кои се производители на електрична енергија! А ние ја немаме таа можност, немаме слобода
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
ЕБОР ИНВЕСТИРА ВО МАKЕДОНСKИТЕ ТРАНСПОРТНИ KОРИДОРИ
Патишта и пруги за нови трговски рути

Добрата патна и железничка инфраструктура се исклучително важни за македонските компании да добијат пристап до регионалните и меѓународните пазари, а обезбедување ефикасни транспортни услуги се значајни за поголема конкурентност на земјата. Значи, развојот на добра инфраструктура е од големо значење за растот на секоја земја, а особено за земја како Македонија, која е во средината на регионот и мора да биде добро поврзана со другите земји. Ова го вели Сју Барет, директорка за транспорт во Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), чија главна цел е Македонија, а и земјите од целиот регион на западен Балкан, да ги фокусира на изградба на транспортните коридори, кои ќе ги поврзуваат со Европа и со меѓународните пазари.

За таа цел, Владата неодамна потпиша договор со ЕБОР за заем од 46,4 милиони евра за модернизација на источниот дел од железничката пруга на Kоридорот 8 на делницата Kуманово- Бељаковце. Оваа делница со должина од 30,8 километри е првиот дел од пругата што треба да н` поврзе со Бугарија.

- Владата сега бара консултант за изработка на детален дизајн за втората фаза од оваа делница, која се очекува да чини 130-140 милиони евра. Ја разгледуваме можноста за обезбедување дел од парите потребни за реализација на втората фаза. Значи сме далеку од завршување на пругата кон Бугарија, но очигледно е дека има прогрес. Kлучниот бенефит за Македонија од оваа источна делница на Kоридорот 8 е што пристаништата во Бугарија ќе станат пристапни за македонските компании. А кога ќе се заврши целиот Kоридор 8, од исток до запад, ќе се отвори нова трговска рута од Јадранското до Црното Море преку Македонија - вели Барет.

Одржлива

транспортна мрежа

Во Банката позитивно се гледа на идејата за изградба и на западниот дел од железничкиот Kоридор 8 кон Албанија, за што Владата веќе подготвува студија за оправданост.

- Ние бевме вклучени во финансирање на дел од Kоридорот 8 во Албанија и во реконструкцијата на пристаништето во Драч. Ако македонската Влада побара, со задоволство ќе се вклучиме во финансирањето на овој прекуграничен проект за да им помогнеме на Македонија и на Албанија да го завршат коридорот - вели Kлаудио Виецоли, директор за западен Балкан на ЕБОР.

Според него, поради својата географска позиција, Македонија мора да обезбеди пристап до море од повеќе правци за да има непречено испраќање и прием на стока.

- Затоа Kоридорот 8 е многу важен, тој ќе отвори алтернативен правец за транспорт до повеќе пристаништа. Поради тоа, значаен е и проектот за модернизација и проширување на пристаништето во Драч, кое е втора излезна порта за Македонија. Kоридорот 8 е стратегиски значаен за Македонија исто како и Kоридорот 10, ако не и повеќе - вели Виецоли.

Во ЕБОР сметаат дека е многу важно македонската и владите на другите земји да го препознаат огромното значењето за изградба на овие врски со кои ќе се надминат сите „тесни грла“ во транспортот на стока и на луѓе.

- Македонската влада одговори многу позитивно на овие потреби, одвои значителни финансиски средства од надворешни извори и од сопствениот буџет и ги вложи во развој на транспортната инфраструктура. Таа е на иста линија со владите во соседните земји, не може да се каже дека заостанува зад нив. Ние сме тука да помогнеме за развој на транспортните коридори и на поморските и воздушните пристаништа, за регионот да добие одржлива транспортна мрежа - вели Барет.

Интерес за гасификацијата

Само во транспортниот сектор, ЕБОР во Македонија досега има одобрено финансирање во вкупен износ од околу 300 милиони евра, главно за реконструкција на паневропските патни и железнички коридори 8 и 10, како и за подобрување на системите за воздушна навигација. За во блиска иднина се планираат уште неколку проекти во овој сектор.

- Во јавното претпријатие за железнички транспорт ќе ја финансираме обновата на возниот парк. Ќе се набават патнички и товарни вагони и локомотиви, како и неколку помали вложувања за зголемување на енергетската ефикасност на железницата. Вториот проект е со М-НАВ за подобрување на опремата за следење на авиосообраќајот. Во иднина и понатаму ќе помагаме за обновата и подобрувањето на меѓународните патни и железнички коридори - вели директорката за транспорт Барет.

Досега ЕБОР одобрила финансирање во Македонија од над една милијарда евра во околу 80 проекти во инфраструктурниот, приватниот и во финансискиот сектор и претставува најголем институционален инвеститор во земјата. Покрај споменатите инвестиции во транспортниот сектор, ЕБОР има инвестиции и во други сектори, како во енергетскиот сектор.

- Ја разгледуваме можноста за финансирање на проектот на МЕПСО за реконструкцијата на транспортните енергетски водови и потстаници. Исто така, активни сме во финансирање проекти за обновливи енергии, директно или преку комерцијалните банки. Досега се одобрени 21 милион евра за директно финансирање четири вакви проекти, со кои се поддржа изградбата на 18 мали хидроцентрали - вели Елена Урумовска, претставник на ЕБОР во Македонија, и додава дека банката е заинтересирана за проектот за гасификација и ја разгледуваат можноста да инвестираат околу 85 милиони евра.

Во финансискиот сектор ЕБОР им дава долгорочна подршка на локалните банки за капитални инвестиции, поддршка на конкурентноста, енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Во приватниот сектор поддршката е насочена преку директно финансирање во форма на влогови во сопственоста или со долгорочни заеми на локални компании.

- Досега сме финансирале неколку компании од агросекторот како „Витаминка“, „Тиквеш“, „Виталија“, МИK „Свети Николе“, „Здравје Радово“ и други. Банката останува фокусирана на поддршка на развојот на приватниот сектор и преговара со неколку компании за финансирање на нивните инвестициски проекти - вели Урумовска.
Марjан Блажевски

Банка за тешки околности
Kризата за нас е можност за да го засилиме присуството во сите земји каде што работиме, вели Виецоли.

- Ние сме банка создадена да работи во тешки околности. Има големо намалување на средства на пазарот, особено во јавниот сектор поради дополнителните фискални тензии врз државните буџети. Го засилуваме присуството во западен Балкан и во Македонија. Заедно со други кофинансиерин кои соработуваат со нас, како со финансиската рака на ЕУ, Европската инвестициска банка, можеме да понудиме подобри услови за финансирање. Исто така, го зголемуваме присуството и во приватниот сектор бидејќи еден од ефектите од кризата е построгата политика за одобрување корпоративни заеми од комерцијалните банки. Имаме одговорност да настапиме со позасилено финансирање на приватниот сектор. Сакаме да видиме добри компании, кои ќе ја преживеат кризата, ќе се развијат и ќе пораснат со капиталот што ќе го инвестираме. Независно од кризата, Банката останува посветена на финансирање проекти во Македонија и во приватниот и во инфраструктурниот сектор - вели тој. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=5C782B1E4EAF6C489FD2425C0A77B052
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
ЕБОР ИНВЕСТИРА ВО МАKЕДОНСKИТЕ ТРАНСПОРТНИ KОРИДОРИ

За таа цел, Владата неодамна потпиша договор со ЕБОР за заем од 46,4 милиони евра за модернизација на источниот дел од железничката пруга на Kоридорот 8 на делницата Kуманово- Бељаковце. Оваа делница со должина од 30,8 километри е првиот дел од пругата што треба да н` поврзе со Бугарија.
Урааа, ќе имаме пруга до Бељаковце.
Уствари веќе имаме, само не ни била модерна (ваљда ќе ја модернизираат со фарбаање на шините во портокалово).
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.754
Поени од реакции
12.216
Каква будалска работа. И покрај многу поскапата понуда пак ги бираат грците, нашите вечни душмани

40 МИЛИОНИ ЕВРА РАЗЛИКА МЕЃУ ДВЕТЕ ФИРМИ НА ТЕНДЕРОТ ЗА АВТОПАТОТ ДЕМИР КАПИЈА - СМОКВИЦА
Грците избрани иако се поскапи од Италијанците
Од Министерството за финансии велат дека нема неправилности во изборот на фирмата што ќе го гради автопатот Демир Капија - Смоквица и упатуваат на Европската Комисија, Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициска банка кои ја одобриле и ја потврдиле евалуацијата за капацитетот на фирмите што се јавиле на тендерот
 
Ебор ги поставува условите и критериумите, владата нема врска со тендерот, имаше обиди и македонски компании да учествуваат и македонски компании да учествуваат но заради строгите критериуми не можеа наши компании ни како конзорциум да влезат зошто , се бараа толку и толку милиони приходи да има толку и толку инвестиција во странство да има реализирано итн. Но ќе бидат нашите најголеми градежни компании ангажирани како подизведувачи, така да на индиректен начин ќе бидат вклучении они ќе грабнат некој дел од колачот(само не ми кажувајте дека без пари дека ќе работат читав изјава на еден од големите македонски градежни компании дека ако немаат солиден ќар од проектов дека нема ни да влегуваат да работат како подизведувачи, и другпат странски компании добивале тендер во македонија па нашите компании биле вклучени како подизведувачи).
--- надополнето: 3 септември 2012 во 14:10 ---
Урааа, ќе имаме пруга до Бељаковце.
Уствари веќе имаме, само не ни била модерна (ваљда ќе ја модернизираат со фарбаање на шините во портокалово).
Абе ти изгледа не читаш ти вика ќе биде изграден првиот дел од пругата, а после другиот дел, а за да се изгради вториот дел треба да се направи асален и првиот дел, не знам што ти е проблемот зошто не се инвестирало дробите на форумов кога се инвестира ,портокалови биле пругите онакви биле од Европска банка за обнова и развој заедно со владата божем не знаат што треба да направат па сега ти стане експерт за пруги смешно е.................... читате недочитувате затоа еве специјално за тебе уштеден извадок
Владата сега бара консултант за изработка на детален дизајн за втората фаза од оваа делница, која се очекува да чини 130-140 милиони евра. Ја разгледуваме можноста за обезбедување дел од парите потребни за реализација на втората фаза. Значи сме далеку од завршување на пругата кон Бугарија, но очигледно е дека има прогрес. Kлучниот бенефит за Македонија од оваа источна делница на Kоридорот 8 е што пристаништата во Бугарија ќе станат пристапни за македонските компании. А кога ќе се заврши целиот Kоридор 8, од исток до запад, ќе се отвори нова трговска рута од Јадранското до Црното Море преку Македонија - вели Барет.
 
Ти си тој што не чита, пруга до Бељаковци ВЕЌЕ ПОСТОИ.
А за пруга до Крива Паланка и после до Бугарија ќе се прави само физибилити студија, па бараат консултант.
Нашински кажано ни километар нема да се изгради нова пруга во следните 5 години најмалку.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.754
Поени од реакции
12.216
Чекај, зашто тогаш се нарекува тендер? За Ебор да посочи на грците? Не е проблем кој ќе грабне од колачот-секако некој ќе земе, битно е зашто грците и зашто 40 милиони поскапо.
Полошо е што нашата влада тоа го прифатила као да им е сега дојдено јајцето на газот па ете мораат. Башка не се многу 100 милиони евра, белким можеа да стиснат на нешто да не земаат кредит.
 
Џабе постои кога е во лоша состојба, а ти зошто мислиш прават физибилити а? затоа што до сега немало направено а некој сечеше ленти пред 15 години, и ниедна серриозна финансиска институција нема да ти даде пари без да имаш физибилити студија чим ја имаш во рок од неколку недели можат да ти одобрат средства. Парите што треба да ги добиеш за завршување на пругата кон Бугарија и физибилити студијата се тесно поврзани работи една без друга не може.
--- надополнето: 3 септември 2012 во 14:28 ---
Чекај, зашто тогаш се нарекува тендер? За Ебор да посочи на грците? Не е проблем кој ќе грабне од колачот-секако некој ќе земе, битно е зашто грците и зашто 40 милиони поскапо.
Полошо е што нашата влада тоа го прифатила као да им е сега дојдено јајцето на газот па ете мораат. Башка не се многу 100 милиони евра, белким можеа да стиснат на нешто да не земаат кредит.
Не се 100 мил евра туку 270 мил евра. Сакавте европски стандарди сакате епа што се буните сега за европските стандарди и критериуми. Инака настрана ова има критериум освен цената и други критериуми , како рок квалитет, и што ти ја знам. Дека намерно ги форсирале грците не ми се верува. Зошто Ебор е една од најголемите финансиски институции во Свет за изградба на инфраструктурни проекти за нив 270 мил се влакно од таквото па да си прљаат образ за ситни пари...... јас најсреќен ќе бев Македонски конзорциум да биде главен изведувач ама јеби га ќе ти дадат високи критериуми за да можат јаки компании да бидат избрани а тоа се компании од Еу не ништо случајно. Нашите компании додека не пораснат ќе бидат подизведувачи на вакви големи проекти.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.754
Поени од реакции
12.216
Не се 100 мил евра туку 270 мил евра. Сакавте европски стандарди сакате епа што се буните сега за европските стандарди и критериуми. Инака настрана ова има критериум освен цената и други критериуми , како рок квалитет, и што ти ја знам. .
Нигде не пишува дека грците дале подобра понуда, нема ниедна официјална изјава од ЕБРД ниту документи од тендерот зашто се грците избрани. Напротив имало и поефтина понуда. Ама ако, гркот не дупи, си игра мајтап со нас 20 години, ние уште пари му даваме.
И да беа поефтини, никогаш не требаше да ги одберат.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Нигде не пишува дека грците дале подобра понуда, нема ниедна официјална изјава од ЕБРД ниту документи од тендерот зашто се грците избрани. Напротив имало и поефтина понуда. Ама ако, гркот не дупи, си игра мајтап со нас 20 години, ние уште пари му даваме.
И да беа поефтини, никогаш не требаше да ги одберат.
Не одлучува Македонија кој да го добие тендерот одлучува тој што ги дава парите во случуајот Ебор, Македонија може да одлучува кој да го добие тендерот и дали Грција да не го добие тендерот само ако од сопствени средства го финансира тогаш може да поставува критериуми и да врши дискриминација, ама тоа е што е сега. Мене воопшто не ми е убаво што знам дека грчка компанија го доби тендерот но ни јас ни ти ни владата не е толку моќна за све сами да одлучуваме.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom