во врска со успешноста на инвестицискиот бум во Македонија, најдобро ќе каже статистиката, јас имам еден факт и една шпекулација. Факт е дека невработеноста во Македонија во 2006 година била 36%, а исто така факт е дека сега е 31,6%. Во 2006 година вработени биле 570 404 луѓе, а сега се 643 668, тоа е 73264 нови вработени откако е владата на Груевски. Ова се фактите, а сега шпекулацијата, никој со точност не знае колкав е бројот на државна администрација, се оди со цифри до 180 000 вработени, јас мислам реално дека се околу 160 000 вработени, се шпекулира за бројка од 80 000 нови вработувања во државната администрација. Затоа што бројот на ново вработени административци е поголем од официјалната бројка на ново вработени лица, излегува дека околу 6000 лица останале без работа од реалниот сектор. Повторувам сите овие бројки се шпекулација, ако некој има официјален податок за ново вработени административци од 2006 до 2012 би сакал да го видам. Во секој случај ако овие шпекулации се испостави да бидат точни, тоа е катастрофално поразителна бројка за инвестицискиот бум во Македонија, испаѓа дека бум имаме само во државната администрација, односно непродуктивниот сектор. уште еден куриозитет, ако земеме дека просечен административец има 30 000 денари или околу 500 евра бруто примања, 160 000 * 500 = 80 000 000 милиони евра месечно или 960 000 000 милиони евра годишно одат за плати, тука не се врачунати трошоците за службени патувања, гориво, струја и ред други расходи што ги повлекува државната администрација, со вакви расходи бумот треба да биде многу голем за да не извади.