Какви глупости се изначитав на темава. Катастрофа значи. Со анекдоти и со лични примери не се стигунува никаде.
Еве најпрво ќе се спуштам на најниско можно ниво на дебата со лични примери за да ме разберат усвитените стари, пензионерски, глупави и заостанати комуњарски глави кои мислат дека имало се за сите на времето и ќе набројам неколку сосема различни лични примери од сфрј мада не верувам дека ќе им продре до нивниот пилешки мозок.
Еве некои примери. Во сфрј требало книшка од партијата (една партија имало) па ако не сакале книшка од партија нормално останале луѓе без работа некое време. Во фирмите се крадело на велико од страна на директорите, а и од страна на кој ќе стигнел реално кажано. Пример за крадењето во комунизмот ако сакате одете лагадин (лага+дин) во охрид и видете ги вилите кои датираат од тој период и видете кој е газда на тие вили таму и кој со какви пари ги градел во тоа време. Потоа во фабриките имало едно чудо луѓе кои оделе на работа колку само да одат, а не да работаат(нешто налик на администрацијата денеска). Врски требало за се и сешто. Комуњарите си земале дел од имотот на луѓе сосема произволно за свои потребии и потреби на партијата и за потреби на војна на класите. Во школите оцените се делеле на сличен начин како денеска. Па постоеле проблеми и со оцена ако не си бил член во таа комунистичка младина (партија или како се тоа викало) и ако не си со испран мозок. ЕЕЕЕј нешто најнеморално е деца да уценуваш, тоа е најголема срамота (барем во овој денешен систем не се бара од децата да членуваат во младински организации од партиите за оцена и може и со учење да се добие оцена). И да не ги напоменуваме голи отоци, удби, ќотеци за вицови во кафана и слично.
И аман не ми кажувајте Тито ни дал држава требало да бидеме благодарни. Како да не. Кој им ја ускрати помошта на македонците од Егејска Македонија кога се бореа за поголеми права само заради лични замери кон Русите (во Егејска Македонија комунистите и биле понаклонети на Русија). Нашиот народ беше пален со напалм додека големиот лидер уживаше во вилите, кадилаците и пурите. Кој се бореше за македонија цело време ако не македонците. И тактиката во втора светска војна колку му била погрешна на големиот лидер да не кажуваме. (офф топик е ова знам ама мора да се каже и таа работа)
Следново што го пишувам усвитените глави не мора да го читаат затоа што е на ниво па нема да го разберат и џабе ќе им е.
Како прво се споредуваат 2 система на многу неадекватен начин. Прво како прво сфрј постоеше 45 години а денешнава држава со ова уредување постои 20 години. Значи не можеме да ја споредуваме количината на произведени работи во двата система затоа што не траеле исто врменски. Друга работа е тоа што технологијата и случувањата во светот во времето на сфрј и во денешно време не се исти. Истотака неприликите во тие 2 временски периоди не се исти. Ние имавме ембарга, војна, бегалци, околу нас светска економска криза полоша од било која во времето на сфрј, криминална приватизација, секоја година поекстремни временски неприлики, затворање на постоечките пазари за пласман на производите и немање достап до нови пазара (барем некое време по осамостојувањето), кражби од страна на други држави (оружјето кое го земаа србите), ценовни шокови итн итн... Со други зборови добро е што преивеавме овие 20 години. Во сфрј ги немаше овие проблеми туку имаше една постабилна околина во светот, а знаеме дека стабилноста е многу важна за економскиот раст.
Ако веќе споредуваме комунизам со социјализам тогаш треба да се споредуваат Северна кореја и Јужна Кореја или пак Источна со Западна Германија или па сите комунистички држави со сите капиталистички заедно.Таквата споредба ти доаѓа нешто како контролиран експеримент каде проверуваш што е подобро затоа што сите останати фактори освен системот се горе доле многу случни. Резултатот е дека на долг рок капитализмот нуди поголем економски раст отколку комунизмот и дека повеќе се исплаќа капитализам. Погледнете Сингапур, Јужна Кореј, Таиван и други држави колку напреднаа со капитализам.
Или да се водиме по проста логика. Кој кур би и била на некој држава фабрика за тоалетна хартија. Таква фабрика треба да е приватна нема што држава да управува со неа, да лобира или да раководи со фабрика за тоалетна хартија. Невидливата рака на пазарот многу убаво ќе си ја заврши работата и многу други работи. Комунизмот или социјализмот си уби дел од економскиот раст заради занимавање со глупости кои може фино лепо да и се препуштат на невидливата рака на пазарот. Има и други глупости ама ова е најочигледно.
Е сега стандардот на граѓаните зависи од продуктивноста, а продуктивноста најмногу зависи од физички капитал(машини), технологија, и човечки капитал (здравје и образование). Денеска во споредба со тогаш имаме сигурно многу повеќе човечки капитал, технологија претпоставувам дека повеќе(на технологија не се мисли само на компјутери и интернет туку и на други работи), а за физички капитал не знам ама може и тоа со работа, инвестиции и штедење да се зголеми. Целта е да се воспостави систем каде фирмите и луѓето ќе бидат наградени за зголемузање на продуктивноста и казнети за намалување. Така ќе расте продуктивноста, бдпто и стандардот на луѓето. Сфрј немаше таков систем за жал и тоа е една од причините заради кои пропадна. Денешниов систем има повеќе шанси да води кон напредок, но тоа никој не може да го предвиди. Интересен би бил истиов муабет за едно 20 или 30 години.
И за крај во две реченици да сумирам. Само замислете си каква држава ќе бевме да имавме капитализам од 45 па до денес. Сите ќе можеа да ни завидуваат.