Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Колега мој на работа го избркаа затоа што во 1997 мислам беше, кога нашиот директор член на една партија се кандидираше за градоначалник а тој на бирото имал ознаки и симболи на другата партија и слика од кандидатот за градоначалник од другата партија. Ние останатите вработени моравме “доброволно“ да работиме за кампањата, да носиме на себе беџеви, да помагаме во делење на пропагандни материјали и беше многу лесно да добиеш отказ или те префрлат од работа в канцеларија во некој магацин ако некој ти извади муабет дека си гласал за “другите“ или си пропагирал за “другите“. На двата круга избори бевме ангажирани цели деноноќија по изборни штабови, по гласачки места по агитации.
Денес исто како и во СФРЈ да си на чело на некоја државна установа или фирма - мора да си член на партија и него ќе го сменат од функција на состанок ако избега или застрани од политиката на неговата партија. Религија и членство во сојуз на комунисти не беше споиво,. Тоа беа сосема различни ставови. Така да ако некој бил религиозен -не можел да биди ни член на партијата. Нема голема разлика на тоа поле од тогаш до денес.
Да де смената во системот е минимална.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Иди сега кажи на плоштад Смрт за владата слобода за народот, па ќе видиш каква помрачина ќе те изеде. Во тој поглед и двата системи се ист шит.
Да затоа распеани Скопјани односно плоштад слобода и соросоидивие гледам сите се во затвор ги малтретираат по станици репресии тортури ............од што ги изел мракот. Одлична поента(y) Во Комунизмот и денес исто било(y) Сигурно по предметот логика петка си имал......
 
L

Luki Junior

Гостин
не сте ми јасни повеќето, треба расправање или дискусија и прифаќање на подоброто и стремење на подобрување? екс ју фирмите не пропаднаа поради убедувањето на некои овде дека однапред биле осудени туку поради поединци за лично богатење, заради нив беше направен голи оток и тврдам дека сега ни е уште повеќе потребен. ако продолжеа тие фирми да работат под раководство на домаќини директори, сеуште ќе работеа како треба.сеа, еден горе кажа дека со милиција ги терале да одат по ударнички акции, тврдам дека е лага тоа, ЈАС одев по акции од 85-та до 88-ма по цела ексју, тврдам дека бригадирите се јавуваа дома и прашуваа како се живее во тоа семејство, дали има дозвола да се земе момчето/девојчето на таа акција. а не пак со милиција.понатаму.
далеку од тоа дека беше идеално, никој тоа не го тврди, но прашањето - е Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?
споредба на овој систем и тогашен, не на некој идеален од Норвешка,Шведска, ДА , ПОДОБРО СЕ ЖИВЕЕШЕ ТОГАШ, но многу полошо од Норвешка или Шведска.Ристо овде ги меша малку лончињата ми дава примери дека е идеално во неговиот Тексас или Алабама, да не се пљачкашките походи на неговите маринци, ќе пропаднат за 5 години. не за 50 колку издржа ексју...понатаму..
јна беше 7-ма во свет, 4-та во европа, во 80-тите денешните нуклеарни сили не беа тоа тогаш, беа само сад, ссср и франција .кога 50-та година навлегоа грчките авиони во мариово и бомбардираа, Тито им сржи на СИТЕ и и СИТЕ сус застанаа, знаеа дека ако се повтори уште само еднаш, у пичку матер ќе одат сите!немаше никој муда да му пререче.
кажувате дека постоела национализација, да, настрадаа и невини, чесни и работливи луѓе, но најмногу настрадаа тие што требаше да настрадаат.размислете денес колку газди треба тоа да ги снајде, колку на грбот на работникот бесправно се обогатија.размислете колку воени профитери од 2001 има денес, размислете колку ајван-администрација има вработено а не знае ни каде им е работното место, ќе ми го споредувате ДЕНЕШНИОВ систем со тогашниот?? ма нема шанси деца мали, вие и не ни знаете како добро, безбедно и сигурно се живееше тогаш!идеално, сигурно не, тоа го нема никаде па ни во ексју!
Домакин директор у комунизам ти е нешто како Јети... митолошко суштество... Како после 91 сите фирми излезеа загубари оште не ми е јасно... за една година да снема се... стечаи, чуда, кредити.....

За дека говрам лажи за милиција и ударничките акции.. нека биде така.. ( само не забравај оти низ селата комунистите и нивните прикаски не биле најомилени меѓу народо, а особено не меѓу оштетените од “доброволната“ национализација).... А за ударничките акции како прикаски за добра ноќ, сам слушал и од други човеци... Ногу јаки вицове и финти паѓале (Неема одмора док траје обнова)... Дури оште денеска има секакви варијации на истите заебанции.. Суссаро ги подспомна у еден пост, ама у друга варијанта...

А кој бил нуклеарна сила у 80тите, има доста повеќе отколку 3те шо ги спомнуваш..... А Тито на кој и како сржал не знам.. Знам оти 53 потпишува некаков договор со грците и турците за јужно крило на нато....

А да ги декларираш американците како апашишта е леко несериозно за годините шо ги имаш... Не личе, не за друго.....
 
Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.491
Поени од реакции
1.872

Ај ако можеш малце подеталнно за ова објасни зошто и што имало во Мариово нешто да се бомбардира. Првпат слушам за ова.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.292
Поени од реакции
26.176
Овој графикон ти е од вики признај:)
Јас обично не се служам со Вики така ми е Вики за зезанција. Линков друг кој си го оставил, сигурен си дека збори за пер капита на Југославија од 1945 до 1990? Ај те молам провери си го уште еднаш :)
Денес сме 4 пати пер капита помалку од нивото во 60те.
Графиконот е од податоци извадени од линкот. На линкот има пер капита и на Југославија во тие години, 4-тиот worksheet, Југославија е во 37-ма редица и скролај на десно додека стигнеш до 1950, бидејќи почнува од 1820. Еве принтскрин
Untitled.jpg

Тогаш соодносот Југославија : развиен свет бил 1:2, денес ексЈу држави : развиен свет е 1:5. Тоа е проблемот, апсолутните бројки, кога е економска историја во прашање се небитни.
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.379
Поени од реакции
1.968
--- надополнето: 2 септември 2012 во 15:04 ---

Тебе нешто логиката слабо ти оди, па како ке биде конкурентен тоj социалисттички производ кога не може да се носи со западниот, кои е будала да го купи? Дали таа фабрика би просперирала? Нема да биде загубар? :facepalm:

Другарче шо глумиш ти бе?
Ни си разбрал што сум напишал, ни зошто сум го напишал тоа а два пати ме цитираш,па логики,могики,па шо не ми било јасно..
:facepalm::facepalm:
Ја па најдов со кого да правам муабет..Ај гитла
 
Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
електрична енергија - ДРЖАВЕН МОНОПОЛ
нафта и гас -ДРЖАВЕН МОНОПОЛ
топлинска енергија -ДРЖАВЕН МОНОПОЛ
транспорт ( освен воздушен ) - ДРЖАВЕН МОНОПОЛ
200 000 државна администрација - ОВА МИСЛАМ НЕ НИ МОРАМ ДА ОБЈАСНУВАМ ЗОШТО Е СОЦИЈАЛИЗАМ
Народна Банка на Република Македонија -ДРЖАВЕН МОНОПОЛ
Државата може по избор да си кажува што земјоделците смеат и НЕ СМЕАТ да извезуваат и за колку да го продаваат и НА КОГО - ДРЖАВЕН МОНОПОЛ
задолжителен пензиски фонд - ДРЖАВЕН МОНОПОЛ
задолжителен здравствен фонд - ДРЖАВЕН МОНОПОЛ
данок на имот - НЕУСТАВНО
данок на приход - НЕМОРАЛНО
Милион регулации и лиценци што смеат и не смеат бизнисите - ДРЖАВЕН МОНОПОЛ
образование - ДРЖАВЕН МОНОПОЛ

Мислам ова ако не е истиот систем не знам што е.

Фирмите што беа приватизирани беа купени најчесто од истите директори и членови на ПАРТИЈАТА во минатиот систем.

Не може ти да кажеш дека имаме пазарна економија ако државата дава лиценца и кажува кој може а кој не да учествува во истата.

Ете имаме нов систем што успеавме да си го измислиме сами направивме некаква социјалистичка -олигархија.Честито за нас.

.
--- надополнето: 2 септември 2012 во 23:30 ---

Не разбирам како можеш да го ставиш Бил Гејтс во иста група со другиве.

Се што има направено човекот е без ни еден денар од пари на луѓето што плаќаат даноци.

Неговата фирма константно нуди подобри и иновативни решенија на проблемите во информатичкиот сектор и дава продукт кој најголем дел од планетата го смета за добар и заради тоа го користи.

Никој не те тера да ги користиш продуктите на Микрософт ниту пак Бил Гејтс се збогатил од државни пари.

.
.
.

HAahaha me nasmea sega Bil Gejts e tezok prevarant so naocarcinja
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Ја чкртнав нешто на темава порано, ама глеам дека прашањево (кое реторички е лажна дилема) се одговара со дијаметрално различни постови, демек ваму било боље, не ваму било поарно. Ја би одговорил вака: се живееше релативно лошо во СФРЈ а се живее лошо и во РМ. За жал, Македонија и после осамостојувањето, сéуште е далеку од саглам суверенитет (државен, политички, културен), саглам економија и саглам демократија.

Ај малце факти: Македонија стекна де факто државност и признаеност во рамките на СФРЈ. Мрчење контра Тито е несериозно. Со сите маани како плишан диктатор, за Македноците Тито е историска фигура. Ја бајаги сум го пљукал на времето, али го ревидирав ставот. Од денешна перспектива, неспорна е заслугата на СФРЈ за афирмација на македонската државност, култура и јазик. Од друга страна, СФРЈ/Тито се праеше на Тошо за негирањето од Грција (нит јазик, нит република нит универзитети ни признаваа). РМ беше малото селанче во државата шо снабдува пипер и патлиџан и понекое парче текстил од Тетекс и Астибо, ама за возврат имаше дефинирани граници, каква-таква армија, „договорна“ економија, чувство на заштитеност, „наше море“, итн. Пишано е веќе за социјалата, здравствената заштита, работничките права, нискиот криминал – да не дуплирам, сé се тоа добри работи. Арно ама, немаше баш секој 13та плата и имаше правилна распределба на немање многу работи. Да, имаше социјална правда, ама немаше слобода на говор и израз. Да не се заебааме. Да, можеше да се патува секаде без виза ама по фармерки мораше да се путуе у Трст. Освен „Тоблероне“ немаше други странцуски чоколади. Словенциве се убија продавање бела техника и коли (Рено 4 од Копар и мали Ситроени од Нова Горица) пошто другиот избор беше стокецои од Крагуевац, или пак килави Москвичи и полски „пеглици“, Значи, СФРЈ беше микс на арно и лошо. Имаше луѓе кои наебаа политички, имаше сончогледи кои направија партиски кариери, имаше курнази кои пливаа у сите канализации, и сé измеѓу. Као и денес.

За сегашнава РМ нема да коментирам, јасно ви е шо е и како е. Ова ми е муабетот: ебате утехата ако во СФРЈ сме биле измеќари со малце поише леб и супа, а сега сме измеќари без оној баткото шо ќе не брани. Ми се темни коа ги читам (претежно албанските коментари) дека ќе им ги чистат чевлите на Америте а за возврат ќе имаат „леѓа“. Ваквиот сервилен, ропски менталитет го има насекда по Балканов, а богами вришти и кај нас Македонците. Уште не сме кадри да застанеме на свои нозе. За секоја одлука бараме амин од некого, дури и кога тоа не е потребно. На детето му треба помош додека не застане на свои нозе. Уште транзиција и кукумавчење. Македонија личи на рахитично дете, кое ни со протези не го бива да застане на нозе. Уште е во количка и сере во пелени. Јадни се споредбите со СФРЈ.
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
Второ додека во Америка после нешто повеќе од 200 години Американците со својот капиталистчки систем од празни полиња до крајот на 19 век и почетокот на 20 век градеа облакодери и планираа како да направат канал во Панама нашите предци спиеја со животните во иста соба.
А тоа беа периодите кога Америка не палеше по светот ,тоа беа и периодите кога САД не беше социјалистичката држава што е сега.Тоа беа и периодите кога Америка стана првата економија и НАЈРАЗВИЕНАТА држава во светот.
.
од празни полиња!? нормално дека тогаш не апашуваа по светот, тогаш учеа на индијанците како се апашува, кога научија, се префрлија на остатокот од светот!колку само богатства ограбија од нивната земја,колку луѓе испоубијаа ниту еден филм со Џон Вејн не може тоа да ти го прикаже:)
само нивната пропагандна моќна машинерија не го дозволува тоа вие сега да го видите и разберете!Ристо, морам да ти признаам дека си доста,доста интелегентно дете, но верувај, премногу си опседнат со назовидемократијата на грингото.гледај и учи и од другата страна малку.упс, извини, не остана друга страна, грингото ја поеба, ја уништи, ја уби, аш бубата:) нема од кого да го чуеш тоа реално.:)

Домакин директор у комунизам ти е нешто како Јети... митолошко суштество... Како после 91 сите фирми излезеа загубари оште не ми е јасно... за една година да снема се... стечаи, чуда, кредити.....

За дека говрам лажи за милиција и ударничките акции.. нека биде така.. ( само не забравај оти низ селата комунистите и нивните прикаски не биле најомилени меѓу народо, а особено не меѓу оштетените од “доброволната“ национализација).... А за ударничките акции како прикаски за добра ноќ, сам слушал и од други човеци... Ногу јаки вицове и финти паѓале (Неема одмора док траје обнова)... Дури оште денеска има секакви варијации на истите заебанции.. Суссаро ги подспомна у еден пост, ама у друга варијанта...

А кој бил нуклеарна сила у 80тите, има доста повеќе отколку 3те шо ги спомнуваш..... А Тито на кој и како сржал не знам.. Знам оти 53 потпишува некаков договор со грците и турците за јужно крило на нато....

А да ги декларираш американците како апашишта е леко несериозно за годините шо ги имаш... Не личе, не за друго.....
за горе споменатиот домаќин директор, само ти така си мислиш, постоеа такви и те како, не си свесен.така и работеа долги, долги години, само кога почна таканазови промената на системот, апаши со амин и поука од западот успеаа да го сторат тоа во рок од пар години, само малку размисли, ако не го дозволеше тоа западот, дали и ќе се случеше?:) е за такви голи оток, ама не смееме сега, пошто владее демократија ти ебам демократијата, го силуваат народот на секој чекор, наркомани и педери повеќе права од обичниот и чесен народ!
тито им сржа на гејците а индиректно и на британците што беа учкур и гаќи со првите, и тие го подвијаа опашот, барај и читај за таа случка.британците не толку што се исплашија од тито туку повеќе од вртењето на газот према ссср.а на гејците им беше порачано дека уште еднаш ако се случи, ќе се тргне воено на Солун!
за декларирањето на американците како апашишта, имаш веќе одговор погоре во истиов пост, да не се повторувам :) не тие, туку цацко ги ограбува сите природни богатства од земјите под закрило на демоНкратијата:)

Ај ако можеш малце подеталнно за ова објасни зошто и што имало во Мариово нешто да се бомбардира. Првпат слушам за ова.
тоа се случи во времето кога го прошируваа и работеа на коритото од Црна Река, татко ми, дедо ми и баба ми имаа бегано во полиња од пченка да се спасат, накурчени и закрвени гејски авиони доуништувајќи ги македонските села од таа страна на границата се одважиле да влезат во мариово и да бомбардираат.за многу кратко време војската и авијацијата на јна беше на границата со цел на одбрана, но и со закана дека се спремни да тргнат и на Солун ако се повтори тоа.
официјално, гејците се извинија за како го нарекоа, ненамерен екцес.сето тоа се преќути зашто ако се излезеше јавно со сето тоа, ќе излезеше на виделина прогонот, убиствата и бомбардирањето на македонците во грција!
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
од празни полиња!? нормално дека тогаш не апашуваа по светот, тогаш учеа на индијанците како се апашува, кога научија, се префрлија на остатокот од светот!колку само богатства ограбија од нивната земја,колку луѓе испоубијаа ниту еден филм со Џон Вејн не може тоа да ти го прикаже:)
само нивната пропагандна моќна машинерија не го дозволува тоа вие сега да го видите и разберете!Ристо, морам да ти признаам дека си доста,доста интелегентно дете, но верувај, премногу си опседнат со назовидемократијата на грингото.гледај и учи и од другата страна малку.упс, извини, не остана друга страна, грингото ја поеба, ја уништи, ја уби, аш бубата:) нема од кого да го чуеш тоа реално.:)
Од кој да учам ако не од најдобрите а тоа се они.Од индијанците да не сакаш да учам како треба.( сепак и они имаа добри работи како северната алијанса по која е моделирано најголем дел од државното уредување на САД )

Плус нивниот начин не е ништо ново тоа е начинот на раната Римска република и Римската Империја под императорите од тип на Октавиј.Или пак Руската империја под водство на Александар 3 , или пак Британската Империја во 18 и почетокот на 19 век.

А тоа е државата да не се меша во ништо друго освен ОДБРАНА,СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНИ и НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА.

Таква државна организираност комбинирана со ставот на Џеферсон "Трговија со сите,алијанса со никој" е најбрзиот начин да се стане успешна држава.

Америка денес пропаѓа поради истата причина која пропадна и Рим а тоа е дека си ги напуштија принципите на кои се создадени.

Да не мислите сериозно дека социјалните програми се нешто ново.

Па во последните векови на Рим самиот град ништо не произведувал.Римските императори сватиле една работа дека многу е поефтино да се одржува народот нахранет и забавувам ,а и покорисен дека е таков за војна одколку да работи ,што исто така го правело и опасен за власта дека можел самиот да се одржува а со тоа бил и независен.

Така секој Римски граѓанин имал по 1 леб и неколку литри чиста вода дневно бесплатна а под некои императори и бесплатен зеленчук/месо па и дневни порции алкохол и посетување на бањи.

+ загарантирани игри.

Таквата политика од Римјаните направи неспособни идиоти а кога Рим пропаѓаше истите идиоти ги дочекуваа племињата како ослободители дека Императорот веќе не можеше да се дозволи да ги храни иа они беа неспособни нешто да направат самите.

Мислам дека паралелата меѓу Рим и еден град во денешна Македонија не е потребна.

Нема ништо ново во нашата денешна организираност.Најобична популистичка тиранија со социјални програми која со време ќе пропадне и се ќе однесе во оган со нејзе.Истиот циклус се одвива со милениуми.

Најуспешни се општествата кој најдолго ќе успеат да се задржат во стадиумот на слобода .САД за сега се меѓу најуспешните со нешто повеќе од 250 години.

.

.
.
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.379
Поени од реакции
1.968
TITTANIK тава е се убаво.. ама ако у една фирма не гонеш профит ида тргаш некоја страна настрана за модернизација, инвестиции у нови идеи, кадар, подобри средства за работа... Зашо работеш.... Тава си е подвижен процес на развиток, не требе да застанува шом веќе има некаква благосостојба...

Реален раст на економијата е имало до 60тите... (по информации на “странски новински агенции“...читај извештаи од шпионажа)

Па почнуват кризите.. Шо мислеш зашо на секои 10 години са мениле устав... А однема однекаде пари, првото нешто шо праат народите у федерацијата е ударат на национализам..другио е крив оти нема пари.... Национализмо не дојде 88ма со Милошевич... Он го извади на маса само како реален фактор за преговори....
Лаки,се обидов да го објаснам начинот на функционирање на тогашниот систем преку примерот со телеком,за да може подобро да се свати причината и начинот на кој се идело до превработеност.

Причините за превработеноста тогаш ( соц. систем),се различни од оние кои важат денес (технолошка заостанатост,недоволна продуктивност на вработените,итн..).
Немав никаква намера да го величам или плукам тогашниот систем,незнам зошто некои луѓе толку емотивно и приоѓаат на темава.

Темава е доста интересна од многу аспекти (историски/општествен/економски..), имаме и луѓе( како тебе) кои биле сведоци на тоа време,кои живееле и работеле во тој систем,живеат и работа денешниов па може да направат паралела.
Јас тогаш бев ученик,не сум работел во тој систем па затоа не се сметам за доволно компетентен да правам споредба меѓу двата система од тој аспект.

За модернизации и техничко-технолошки развој претпоставувам дека издвојувале средства,нека каже некој што знае повеќе.
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
..Освен „Тоблероне“ немаше други странцуски чоколади. ...
Петар, како и обично, уживав читајќи го твојот пост, комбинација од одличен хумор, вистина,знаење и дури и доза на самокритичност ги красат твоите постови, само морам да се надоврзам малку.од тоблероне не ми беше ни потребно друго чоколадо, покрај тој квалитет кој го имавме тогаш, не ми требаа овие ѓубриња од назовичоколади, пластика и хемија во храната, кој разбра, ќе свати:) ЕИ Ниш телевизорите ги купувавме да траат по 30 години, не оваа палета на кинески ѓубриња што траат колку лански снег:) имавме јус стандард кој беше за пример на квалитет, имавме таква палета на производство што многу малку имавме излив на девизи за увоз на странски глупости, денес дури и млеко увозуваме од Шабац и е поефтино од нашево, абе ни Е од здрави економисти немаме во оваа банана држава.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
За сегашнава РМ нема да коментирам, јасно ви е шо е и како е. Ова ми е муабетот: ебате утехата ако во СФРЈ сме биле измеќари со малце поише леб и супа, а сега сме измеќари без оној баткото шо ќе не брани. Ми се темни коа ги читам (претежно албанските коментари) дека ќе им ги чистат чевлите на Америте а за возврат ќе имаат „леѓа“. Ваквиот сервилен, ропски менталитет го има насекда по Балканов, а богами вришти и кај нас Македонците. Уште не сме кадри да застанеме на свои нозе. За секоја одлука бараме амин од некого, дури и кога тоа не е потребно. На детето му треба помош додека не застане на свои нозе. Уште транзиција и кукумавчење. Македонија личи на рахитично дете, кое ни со протези не го бива да застане на нозе. Уште е во количка и сере во пелени. Јадни се споредбите со СФРЈ.
Прво морам да кажам дека државотворната генерација е истребена во 1945 од Тито и недостигот од водачи треба да се бара прво таму.Следната таква генерација треба да се види кога ќе дојде.

Второ морам да прашам дали навистина мислиш дека некој од политичарите избрани во последните 20 години има каква било интелигенција,државотворно чувство или гордост да седне и да збори со некој политичар од ранк на претседател на САД,Кина,Русија,Германија очи во очи како еднаков со еднаков како личности кога веќе нема никаква шанса по моќ.

Нашите политичари знаат дека се инфериорни и они со задоволство си ја играат играта на слуги надевајќи се на трошките од масата на господарите.

А тоа е зошто они не дошле на власт за да направат нешто добро туку за да добијат моќ.Најобични инсекти и слуги ( кои се би дале да се опиени од моќ па макар била и привидна )

Веќе кажав еднап ќе кажам пак.

Ниеден политичар кој би застанал на власт во Македонија да владее со целата моќ што му е дадена во моментов не е НИТУ ЧЕСЕН НИТУ ДРЖАВНИК,туку само олош желен за моќ.Политичарот кој првото што ќе го направи е да си ја скрати целата моќ е тој човек е вистински водач и треба да биде чуван зошто такви ретко се раѓаат а уште поретко доаѓаат на власт.

.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Петар, како и обично, уживав читајќи го твојот пост, комбинација од одличен хумор, вистина,знаење и дури и доза на самокритичност ги красат твоите постови, само морам да се надоврзам малку.од тоблероне не ми беше ни потребно друго чоколадо, покрај тој квалитет кој го имавме тогаш, не ми требаа овие ѓубриња од назовичоколади, пластика и хемија во храната, кој разбра, ќе свати:) ЕИ Ниш телевизорите ги купувавме да траат по 30 години, не оваа палета на кинески ѓубриња што траат колку лански снег:) имавме јус стандард кој беше за пример на квалитет, имавме таква палета на производство што многу малку имавме излив на девизи за увоз на странски глупости, денес дури и млеко увозуваме од Шабац и е поефтино од нашево, абе ни Е од здрави економисти немаме во оваа банана држава.
Да имавме. Ама имавме и младост која ја немаме сега. Оттаму и југоносталгијата. Кај мене таа постои, но не по системот, него по спомените од убави дружби и настани. А овде праиме муабет за економија, стандард, и таквија рабоќе.

Без да навлегувам во спорови со тебе, само ќе ти кажам дека денес не купуеш телевизор да ти трае цел живот, нити компјутер, нити кола. Денес технологијата експоненцијално напредува а тоа битно влијае и на потрошувачките навики. Пред еден век филозофијата на производителите била „Made to last“ а денес е „Throwaway buying“. Може да замислиш, ај не друго, ама мобилен или компјутер кои ќе три траат не 30, ај еве 10 години?

Времињата и потребите се изменети, ама менталитетот непара. Тука ќе да е проблемот галиба.
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
Од кој да учам ако не од најдобрите а тоа се они.Од индијанците да не сакаш да учам како треба
.
и да сакаш да учиш од индијанците, не можеш, америте ги истребија, ги нема повеќе, оние кои останаа, се предадоа на огнената вода од маки и јад.
а најдобри се, нема што, во апашлук и перење на мозок во нивната пропагандна машинерија им нема рамен.а нам со нивната дволична демоНкратија апашите ни го опашија.и тоа на суво без вазелин па квичи јачи. допрва ние мечка карлично ќе раѓаме од нив..за жал..

ама Петар извини, ама ние финансијски не сме моќни тоа да си го дозволиме, и да, служам мобилен 8 години стар.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom