Лани Арсенал во првите неколку кола беа катастрофа, сите ги тролаа па после стигнаа до 3то место. Јас мислам дека ќе има реприза од наша страна оваа сезона.
За разлика од Liverpool, Арсенал го „готвеше“ тимот. Башка, си ја имаше инсталирано својата филозофија, на чело со Венгер, ништо ново. Успехот фактички беше soon to come.
Ливерпул, iz druge strane не може да биде сигурен дали тој успех воопшто ќе дојде, затоа што, за разлика од Арсенал, Liverpool не склопува тим, ниту пак има некоја филозофија која „кај да е“ треба да вроди со плод.
Инаку, ја прегледав (на рат и трезвено) утакмицата од денес, и сега пак, на раат и трезвено, имам што да кажам (мислење). Но, за тоа утре - од на posao, да ми биде платен трудот
И за крај, пред да си глегнам ( за да си бидам одморен за кафе пиење утре сабајле
), само да споделам една статистика која вели дека Стјуард Даунинг креирал 55 шанси ланската сезона.
Замислете една третина да влегле во голот.
И уште нешто... читајќи го Кели, кој зборува за Шенкли, забележав доста сличности меѓу King Kenny и Shankly.
Едниот избркан, другиот величан меѓу Ливерпул (и фановите).
Сличностата (сега ќе бидам краток) се состои во
- затакнување на Ливерпул во лоша ситуација (без разлика што Вилијам го начекал Ливерпул во втора лига, за Далглиш беше сеедно тешко).
- ремонт и систематска градба на тим која претпочита трпение (за тој систем зборував овде = 5 до 7 години).
- круцијални трансфери кои подоцна се покажале како такви.
- многу од нив проценети како „грешки на милениумот“.
„Грешките на милениумот“ кои Шенкли ги направил (преплатил два - тројца на времето, во сооднос, многу поголеми грешки од “грешките“ на Кени), ги оправдал со „bad luck“.
Се читаме сабајле.