Фан Клуб: Ливерпул

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?


  • Вкупно гласачи
    100

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.702
Поени од реакции
11.938
Сеуште сум оптимист!

Роџерс е новиот Шенкли!!!

Единствена грешка до сега му е дадената слобода на Капетанот.
Џерард во овие 3 утакмици се однесува ноншалантно, игра ко да не игра.

Денес виновник за голот и тоа во момент кога тимот притисна...

После тој гол се падна во вода...... а тој цела утакмица се шеташе на теренот и бегаше од топка!

............................

Стручниве дискусии околу сопствениците на клубот а заедно со нив и Менаџерот ми се смешни и затоа не ни навлегувам во тоа!

....................................................
Biafran Jet Set на аватарче по желба дека Ливерпул до Нова година ке биде над 6-то место!

ПС.. Може и со Scouser88 зашо глеам учи школо од Biafran Jet Set !;)
А оти бе еднаш со мене не прифати кладба тркало едно???
Ај друг пат ќе се најди некоја шанса
Е сега за Роџерс новиот Шенкли :coffee: Можи и ќе биди не викам не. Ама со вакви дебилни потези засега тешко. Го засакав човекот (немојте да мислите дека ако му пцујам не го сакам - напротив) па сакам да успее. Ама со неседнување на Реина и Џерард на клупа, со неставање на Суарез на позиција крилен напаѓач ( тип Меси или Анри) и Борини како шпиц тоа е веќе носење лоши одлуки.
Средината ќе биди подобра од лани. Чим можеше со Свонси онаква игра да спроведи ќе можи и со Ливерпул. Ален, Шахин па и Џерард/Шелви/Хендо/Сусо мислам дека можат да бидат супер средина. Пак ќе прашам кај е Асаиди?? Не можи Стерлинг да биди спремен а да го дувниш ќе падни, а да биди неспремен терористов
 
S

Stivie G

Гостин
Немало потреба дечко, тоа пробувам да ти го кажам цело време. Ливерпул секогаш имал и повеќе од солидна одбрана, одбрана што не примала голови, што се грижела тимот да не изгледа смешен. Нападот од секогаш ни се красел со катастрофална реализација, одбраната е таа што го држела тимот на посакуваното 4то место. Сега одбраната ни е смешна а конкуренти за тоа место има се повеќе и повеќе.......затоа, ти мислиш дека Реина е дрво.
Не може да нема ситуација во фудбалски натпревар противникот да не создаде шанса. Шанси се создаваат а дали голманот ќе одбрани е друга приказна. И Јунајтед во овие воведни кола има смешна одбрана но Де Геа им спаси 5-6 чисти голови. Реина никогаш не го направил тоа.
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Не ја прифаќам кладбата.
Од која причина?

Мене не ми е желба Ливерпул да тоне. Јас сакам да биде што погоре на табелата, па и до Нова ГОдина. Камо да е шесто и погорно место. Ако прифаќам кладби, ќе треба да навивам против мојот тим?!
Не, нека биде што поуспешен Ливерпул, па јас ако треба и никот во King Rodgers ќе го сменам.

Така да, јас сметам дека Ливерпул имаш шанси да биде високопласиран колку што има шанси метеор да ја удри планетава во овој момент. Меѓутоа, на некој начин да одам против Ливерпул, не би.

П.С. superstarpizza, да не ти биде ко лани со кладбиве :)))

Никој не спомнал никаква желба сеа......

Ако сметаш ти дека поголеми се шансиве метеор да не удри тогаш добри ти се за победа....

Во врска со лански кладби/..... не се сеќавам, или не сум те сватил сериозно.

Ама нема врска ... нож на шија немаш, ете Скаузеров прифати, оној шо фаќа школо од тебе!:pos:
 

Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.841
Венгер со подршка за Роџерс (знам од лично искуство дека сите сме нетрпеливи да se вклопат работите што побрзо но за се треба време;))

on Brendan Rodgers' task...
I faced that [pressure] last year in the same period. He has just arrived at the club, the expectation level is very high but you just want to tell people to stay confident and stand behind the man. When it comes to a big club it is important for him to feel that the people around him trust him and I am sure he will turn it around.
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
А оти бе еднаш со мене не прифати кладба тркало едно???
Ај друг пат ќе се најди некоја шанса
Е сега за Роџерс новиот Шенкли :coffee: Можи и ќе биди не викам не. Ама со вакви дебилни потези засега тешко. Го засакав човекот (немојте да мислите дека ако му пцујам не го сакам - напротив) па сакам да успее. Ама со неседнување на Реина и Џерард на клупа, со неставање на Суарез на позиција крилен напаѓач ( тип Меси или Анри) и Борини како шпиц тоа е веќе носење лоши одлуки.
Средината ќе биди подобра од лани. Чим можеше со Свонси онаква игра да спроведи ќе можи и со Ливерпул. Ален, Шахин па и Џерард/Шелви/Хендо/Сусо мислам дека можат да бидат супер средина. Пак ќе прашам кај е Асаиди?? Не можи Стерлинг да биди спремен а да го дувниш ќе падни, а да биди неспремен терористов
Со тебе кладба ..... :pos:
Розе со тебе за метеорот ке се кладам!:D


Него глеам дека од прееска питаш за Осама...... не е фит, затоа не е во првите “на клупа“.
Во понделник ке биде во резервниот состав од таа причина, за да набие кондиција,


Инаку колку да се знае .... во врска со Сусо.
Наводно е под санкции на Роџерс ради дисциплина...

Имаше еден твит каде имаше еден ироничен текст за Морган..... во стилот ...... кој играч дочекал да заигра во првиот состав пред него.

Така да шпекулациите кажуват дека ке биде под санкции на Шефот.

Инаку твитот ја лично го видов!;)
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
3.831
Поени од реакции
3.616
Епа еве и јас да пишам.....
Катастрофално игравме во текот на целиот натпревар, Суарез нема поддршка од другите во нападот, Стиви Џи мислам јас изигра најслабата утакмица во последниве 3-4 години, вториот гол на Реина оди на негова душа....а сево ова се должи на тоа што немаме резерви....беше и Стерлинг за менување ама немаше БР со кој да го смени.....како што кажа еден член погоре (ме мрзи да видам кој беше) оти Мурињо, Ферги заедно да дојдат неможат да го издигнат за брзо време Ливерпул, јас имам верба во Роџерс, на сите ни е јасно оти време немаме, сме нетрпеливи за да се вратиме на старите патеки ама верувајте не е ни малку лесно да се вратиме онаму каде што несомнено припаѓаме....мора да бидиме трпеливи, што се случи со Кени се случи, според мене требаше да остани барем уште една сезона ама сега ВО НИТИ ЕДЕН СЛУЧАЈ РОЏЕРС НЕ СМЕЕ ДА ДОБИЕ ОТКАЗ оти новиот менаџер пак ќе ја менува концепцијата, нови играчи итн итн....
Во врска со играчите Роџерс имаше ограничен буџет па не купи нови играчи туку купи ЗАМЕНИ за продадените (Кајт, Макси, Аква итн итн) така да не е тој виновен за таа работа што немаше "реален буџет" па да ја изгради екипата како што сака тој....затоа ќе речам уште еднаш оти е потребно време за да се вратиме на старите патеки.....
И како можите за Реина да речите оти е дрво? Да вистина последниве 7-8 месеци не е во никаква форма, ама луѓе да речите за човекот кој има најмногу clean sheets во историјата на клубот оти е дрво (севкупно зборувам за сите сезони од кога е тука ) е малку глупо.....

Се е убаво ова што збориш дека треба време и трпение ама види од овој агол. Секоја година надвор од ЛШ е лошо за нас бидејќи тимот ни оди надоле во играчка смисла.Само пред 3 години ги имавме Торес,Маскерано,Кајт,Бенајун,Бабел,Алонсо а денеска ги имаме Хендо,Алан,Борини,Стерлинг,Сахин,Даунинг..што е послабо од предходно.Значи со некој нареден трансфер период ќе губиме по некој играч додека Џерард и Реина ќе стареат и ќе имаат послаба форма, такада тимот само ќе ни паѓа и сите ќе чекаме еве сеа ,еве сеа,еве сеа ќе ни тргне..а нема. Ни треба финансиска инекција и тоа подебела и плус звучно тренерско име.Ќе биде работава иста ко со Ходсон кога играчите се влечкаа по терен,Џерард и Торес и тогаш не играа ништо ама кога дојде Кени одма се растрчаа а Торес на 3 натпревари даде 3 гола(што не беше случај предходно), што значи дека не биле мотивирани т.е немал кој да ги мотивира.
Башка брат политикава на трансфери не ни чини ама ич. Се фатиле со млади играчи и сакаат да влезат во ЛШ.. глупости. Ван дер Варт Тотенхем го дадоа за 10м па што викаш што е подобро и покорисно играч како ВДВ или играч ко Борини кој е исто 10м??
Подобро е Керол 35м него Ван Перси 24м ??
Подобро е Алан 19м него Казорла 19м??

Тука е целиот проблем,влезени се у некој филм нешо млади играчи нешо иднината а не гледаат дека полека полека пропаѓаат..
 
S

Stivie G

Гостин
Сусо ќе замине догодина во Барса или Реал или па некој трет...Зошто да го трпи глупиот третман во Ливерпул...И онака договорот му истекува летото..
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Ама нема врска ... нож на шија немаш, ете Скаузеров прифати, оној шо фаќа школо од тебе!:pos:
Не фаќа школо никој од мене. Ни тој, ни некој друг. Иронично, ама ни на тие што им предавам во реалност не фаќаат школо : )))

Еве, ќе ја проследам вашата кладба и ќе ја чекам Нова Година.
Или побрзо, ќе видиме. Што ќе каже „помошникот на Мурињо“.

П.С.

Да, Велемајсторот знае да се прави џек со играчи ко Сусо и Стерлинг. But when it comes to lazy Gerrard... well...
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
3.831
Поени од реакции
3.616
Значи кладба....
Аватарот по желба!

Biafran Jet Set се одкажува...
Ја прифаќам,ќе праиме моабет во Декември..а иначе дај боже да сме 6-ти или погоре од тоа..али моментално не гледам дека е возможно тоа..
 

Ливерпул

Red Scouser
Член од
18 февруари 2010
Мислења
967
Поени од реакции
833
И да, за крај.....ќе кажам по 12324523452346512353245 пат. НИКОЈ ОД НАС НЕ ЗНАЕ ШТО И КОЛКУ И ЗОШТО И ДАЛИ НА НЕКОГО, НЕШТО МУ Е ВЕТЕНО.........врежете си го тоа во главата веќе еднаш. Ти, јас...сите тука можеме само да предпоставуваме, зошто и самиот Бренди на последната пресконференција не кажа ништо концизно, се што беше е "ќе видиме". Дали ти од него слушна, да американците ми ветија пари, ќе зееме напаѓач, затоа го дадовме Керол? (знам дека ќе ме прашаш, затоа одма ќе ти одговорам) Не, не знам зошто го дадоа Керол кога немаме друга опција...тоа пробувам цело време да го докажам на ебаниов форум.....НИЕ НИШТО НЕ ЗНАЕМЕ, ние може само да предпоставуваме.
Rodgers: "There's no doubt we need to add goals to the team. Getting people who are recognised goalscorers to come in is the no 1 objective."
Ова е од после натпреварот со Arsenal:
Rodgers said: “I wouldn’t have let Andy Carroll go if I had known I had no replacement. How confident was I that we would get a replacement? Very.
http://www.mirror.co.uk/sport/football/news/liverpool-0-2-arsenal-brendan-rodgers-1298971
Мислам дека доволно конкретно кажува што сака да купи и што му е приоритет така да цел параграф ти паѓа у вода. Ваљда не го даде Carroll на позајмица знаејќи дека ќе остане само со 2 напаѓачи... :)
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Не фаќа школо никој од мене. Ни тој, ни некој друг. Иронично, ама ни на тие што им предавам во реалност не фаќаат школо : )))

Еве, ќе ја проследам вашата кладба и ќе ја чекам Нова Година.
Или побрзо, ќе видиме. Што ќе каже „помошникот на Мурињо“.

П.С.

Да, Велемајсторот знае да се прави џек со играчи ко Сусо и Стерлинг. But when it comes to lazy Gerrard... well...
Ја прифаќам,ќе праиме моабет во Декември..а иначе дај боже да сме 6-ти или погоре од тоа..али моментално не гледам дека е возможно тоа..

Its a done deal!!!(y)
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.702
Поени од реакции
11.938
Абе знајте дека Хоџсон со истиве противници (Арсенал, Сити и ВБА - тогаш во овој редослед игравме) после првите 3 кола имаше 4 бода?? Плус петто коло мислам дека со Јунајтед игравме и после 5 кола имавме 5 бода. Сега со Роџерс почнавме во обратен редослед ( ВБА, Сити, Арсенал) и имаме 1 бод од 3 утакмици. Можно е да не очекува сосема спрoтивна сезона од онаа на Рој?? Тука мислам на успех :sneaky:
 

kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.849
Поени од реакции
10.657
Абе знајте дека Хоџсон со истиве противници (Арсенал, Сити и ВБА - тогаш во овој редослед игравме) после првите 3 кола имаше 4 бода?? Плус петто коло мислам дека со Јунајтед игравме и после 5 кола имавме 5 бода. Сега со Роџерс почвнаме во обратен редослед ( ВБА, Сити, Арсенал) и имаме 1 бод од 3 утакмици. Можно е да не очекува сосема спрoтивна сезона од онаа на Рој?? Тука мислам на успех :sneaky:
Лани Арсенал во првите неколку кола беа катастрофа, сите ги тролаа па после стигнаа до 3то место. Јас мислам дека ќе има реприза од наша страна оваа сезона. :D
 
Член од
20 јули 2010
Мислења
909
Поени од реакции
2.228
Абе знајте дека Хоџсон со истиве противници (Арсенал, Сити и ВБА - тогаш во овој редослед игравме) после првите 3 кола имаше 4 бода?? Плус петто коло мислам дека со Јунајтед игравме и после 5 кола имавме 5 бода. Сега со Роџерс почвнаме во обратен редослед ( ВБА, Сити, Арсенал) и имаме 1 бод од 3 утакмици. Можно е да не очекува сосема спрoтивна сезона од онаа на Рој?? Тука мислам на успех :sneaky:
Сигурно (y)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom