1. Велбек мора на клупа ! Почнувам да добивам впечаток дека малиот многу-многу не се замара околу своите издања и се има уфилмано дека статусот му е загарантиран. Ја злоупотребува довербата и ќеЈфот што го ужива кај стариот. Дај Боже да грешам и да е ова само мој впечаток, ама се' се плашам да е точно спротивново. До лани барем кога ќе згрешеше се нервираше, се лутеше сам на себе, покажуваше некоја емоција. Сега - Кој те шиша, прошла лопта - прошла. Повеќето тука уште го жалат Берба, кој си замина најмногу поради Велбек. Да не се изненадите ако се врти истиот муабет и наредното лето ако Ернандез побара трансфер и си замине, поради истоимената особа. Ќе се постираат страници со головите негови од 2011та, ама на тоа ќе остане.
2. Посебен режим за одбраната ! Не ми е јасно како Вида и Рио ги оставаа високите играчи денес на Рафа и Евра, кои се за една глава пониски од нив. Координацијата и превземањето мора да се поправат, инаку ќе не боли глава уште многу кола.
3. Бог да го чува Сколс, оти работава думан изгледа. И Нани нека не го дираат многу. Украдената топка, градењето во 16 и пасот кон РВП кои му предходеа на пеналот, кога ќе ги направи сите 3 во една акција и Велбек, тогаш нека повлекуваат паралели. Конечно асистираше типот и од корнер, што многу ме радува
. Очигледно е имал часови по изведување корнер од Типот со хет трикот денска.
4. Вакви нервози, пцуеања, фрустрации, кои за минута преминуваат во радост и славење против реално послаба екипа, немам доживеано од Блекпул 2010/11.