Ако некој може да ме информира која е процедурата за вадење на бугарски пасош,што документи треба да се достават и дали можам да аплицирам ако презимето ми завршува на ВИЌ....
Од документи ти требаат: МК пасош, извод од матична книга, *лекарско и потврда од суд дека не си осудуван.
Додатни формулари се подигаат од бугарската Државна агенција за Бугарите во странство (во Софија), плус пред бугарски нотар забележана усмена изјава дека имаш бугарско потекло (гадна работа, треба усно да кажеш дека мајка ти и татко ти се Бугари). Покрај нив на уплатница се уплаќаат 25-30 евра (не знам точно колку).
По два месеци (откако Агенцијата преку бугарската амбасада во Скопје и нашето МВР утврдиле дека си Македонец т.е. според нив „блгарин од Македонија“) истата агенција издава Потврда за потекло, која заедно со лекарската потврдата се подава во Министерството за правда. Таму ти даваат бројче за датум и час за интервју (обично по два-три месеци од апликацијата).
Интервјуто се спроведува на начин што стручен судски соработник ти поставува шаблонски прашања на кои одговараш. Одговорите се бележат во записник, на кој се потпишуваш.
После најмалку 12 месеци од интервјуто ти излегува бугарско државјанство. Со него после си правиш пасош и ако сакаш лична карта.
Постапката важи само лица кои бугарската влада официјално ги смета за Бугари по потекло (види:
Велика Бугарија), т.е. за Србите од источна Србија, Македонците и други лица од Молдавија, Романија, Украина и Русија (по потекло внуци на кан Кубер и Аспарух
) Лица со поинакво потекло не може да аплицираат по оваа процедура. Значи, битно ти е потеклото (барем на еден од родителите), а не презимето.
До излегувањето на пасошот мораш лично до Софија 4 пати. Ако се бафташ сам, ќе те чини околу 250 евра, со посредник е за просек *150 евра поскапо.
Me interesira dali mozam da zemam bugarski pasos. Prezimeto mi zavrsuva na vik.