Попов со „помош“ на бугарски пасош ќе игра во Премиер лига
Откако не доби работна дозвола во Велика Британија поради катастрофалниот рејтинг на македонската репрезентација на ранг-листата на ФИФА, Горан Попов ќе се обиде со помош на бугарскиот пасош кој го поседува да обезбеди преселба во Стоук.
Стоук и Динамо Киев пред десетина дена постигнаа договор за преселба наГоран Попов на Британија Стадионот на едногодишна позајмица, но проблем е тоа што Македонија е рангирана на 102-то место на ФИФА ранг листата, а според правилата во Англија, за добивање на работна дозвола потребно е државата од која доаѓаат странците да биде рангирана до 70-то место.
Сепак, менаџерите на Попов и управата на Стоук продолжија да бараат решенија тој да стане нивни нов играч, а како можно олеснување во целиот процес би можел да послужи фактот дека Попов поседува бугарски пасош.
Со самото тоа нему не му е потребна виза за влез во Велика Британија, што донекаде ја олеснува и работата околу добивањето на работната дозвола, со оглед на тоа дека Бугарија е членка на ЕУ.
Новото сослушување за работна дозвола е утре, и од таборот на Стоук се надеваат дека Горан Попов ќе добие зелено светло за настап во Премиерлигата.
http://www.time.mk/read/4f526a879f/b3c5bf2535/index.html